Мене најинтересно во пресот на Спасовски ми беше кога го прашаа дали е најдено оружјето, он прво се подзамисли дали да каже и после кажа, цитирам: "Да, најден е еден пиштол и потоа се сврте према луѓето позади него и кажа хммм или два пиштоли, и дадени се на вештачење". Чекајте малце другари, пиштолот не е конец од блуза па да е небитно дали е еден конец или два, башка или си нашол еден пиштол или два, не може да се чудиш како да си паднат од Марс. Можеби не требало да го каже тоа на прес па му излета, не знам, во секој случај беше чудно.
Почнаа да кружат и теории дека Вања видела нешто што не требала да го види и затоа ја убиле, значи класична колатерална штета. Јер, нема логика ако целта ти е да изнудиш пари, киднапираниот да го убиеш во првите два часа од киднапирањето. Како ќе изнудиш пари за леш?
Или пак, целта била изнуда на пари, ама нешто тргнало наопаку и ја убиле од несмасност, што е помалце веројатна теорија затоа што колку и да изгледаат на глупаци овие уапсениве сепак не го киднапирале Хулк туку 14 годишно девојче.
Во секој случај има доста нејаснотии кои се надевам ќе бидат разрешени откако ќе го екстрадираат Палчо и ќе го извадат пред лицето на правдата. Ако успеат и овој случај да го заташкаат тогаш најубаво да ставиме клуч на државава и да си ебеме мајката сите колективно.