Не може да играш контра затоа што често пати игра по 2-3 натпревари на тикет па така ако ги изигра Брадата и Антето плус, за контра се потребни три тикети Брадата плус Антето минус, Антето плус Брадата минус и двата минуси.
На сингл натпреварите ќе биде тука негде пример да се најдат последни 30-40 синглови ќе биде околу 20-20 и заради маргината и двете страни ќе бидат во минус
Две изиграј +, третата играј ја контра, не бараме иделна ситуација тука.
Како и да е, нема некој класичен рецепт против кладилница во денешно време на долг рок поголема сума на пари да си ќар.
Јас на пример играм рол тикети или дабл-трипл... само секогаш почнувам со мала банка и тука ми е проблемот, пошто кладилницата ми е еден вид на забава, не сум ја играл за заработка. Доколку се посвети човек, можеби во некои поубави времиња и со подобра банка би бил профит.
@Tutor
Не, особено на екипа која не игра X натпревари во континуитет.
Имам порано пишувано за ова на темава и иако тие што со години се кладат се против, јас сум ЗА но на екипа која:
- е од пониска лига (Championship);
- последните 2 сезони има ист прв тренер и ист кондицион тренер;
- последните 2 сезони играла некои 12-15 нерешени натпревари (како минимум),
- последните 2 сезони има ист одбранбен и напаѓачки ред + голман.
Сума сумарум, екипа која игра трвд фудбал.
Така имаш шанса да добиеш на долг рок т.е. во рамикте на една сезона. Добивката секогаш ќе ти биде третина од влогот.
Главен проблем, сумата која треба да ја уплатиш и која ќе расте несомнено многу треба да ја разводниш по повеќе кладилници бидејќи после првиот пат кога ќе добиеш можно е да те ограничат во уплата кога ќе видат што правиш. Тоа особено важи за денешниот начин на онлајн уплати, буквално СЕ' следат.
Кога го играв тоа (одамна), после 6 коло влезе X, но го играв од почеток на сезона. Потоа ги спопукав парите на одмор и немаше смисла да продолжам со мала банка.
Сега, како што кажав погоре, играм со мала банка и чисто од забава, не го сфаќам сериозно.
За таков вид игра ти треба банка, нерви, еден куп кладилници и секако од почеток на сезона да почниш да уплаќаш екипа која ги исполнува условите од погоре.
Најбитно, пари што можиш/сакаш да ги прежалиш ако работата тргне по ѓаволите, а со кладилници секогаш е тоа опција.