Една дигресија, без обид да правам паралели, чисто во однос на можниот мотив за вакво ѕверско дело:
Сум слушнал за случај, во кој инвеститор и сопственик на земјиште, прават некој класик договор (инвеститорот - јас ќе ти градам, ќе инвестирам материјал/работна рака/ќе бркам дозволи папирологија, сопственикот на земјата - јас ќе ја отстапам земјата а ти ќе ме вдомиш додека градиш па потоа ќе ми дадеш 25% од изградената квадратура по принцип клуч-на-рака). Инвеститорот завршува градба, сопственикот починал меѓувреме - наследникот потоа не го признава иницијалниот договор затоа што добил тестамент во кој се му припаѓа нему, инвеститорот со куси ракави завлегува во долг судски процес.
Додека се гради, и се додека не се земе имотен лист, разно разни дубари се прават, најчесто за заобиколување на давачки кон град/општина земјата и објектот до крај остануваат на име на сопственикот на земјиштето а инвеститорот се јавува како полномошник потоа при продажбата, односно изградените објекти никогаш не се префрлуваат на име на инвеститорот, дури нотарските акти се склучуваат помеѓу сопственикот на земјиштето и идниот купец (а инвеститорот фигурира како полномошник на сопственикот на земјиштето).
Овие граденки, доградби, реновирања и сл. квази категории (кај нас се гради правно гледано легално, барем на папир, ама градбите не рефлектираат реална состојба, тоа се нови од темел градби кои се погрешно/намерно категоризирани за помали комуналии, побрзо добивање дозволи и сл.) - значи, овие градби, самиот процес на градба е релативно краток, потоа, зависно кој каде и дали подмачкал, добивањето имотни листови е х3-х5-х10 пати од времето потрошено на градба, односно имотен лист некогаш се добива после Х години.
Се случува значи, инвеститор гради / сопственик на земја починал. Тогаш започнува т.н. оставинска постапка која е исто така ужасно спор процес и знае да трае со години, посебно ако наследниците не можат да се најдат, намерно избегнуваат да бидат пронајдени, комплицираат и сл, односно се усложнува работата до бесвест. Инвеститорот во оваа ситуација, ако не направил ептен добар договор навлегува во еден сложен и долг процес (А обично пошто се корумпирани говеда што убаво им е познат процесот на подмачкување, не се замараат мн и знаат/мислат дека лесно ќе решат отстапки од било кој калибар).
Доколку инвеститорот остане без изграденото што му следува, би останал многу брзо неликвиден односно би банкротирал (многу вака изгореа, затоа што влегуваа во неколку градби паралелно и мислеа дека ќе можат да шалтаат и жонглираат со рокови, едно градат, за друго земаат капар и прават пред-договори, па нешто кога ќе се доврши го продаваат, за сето тоа време камати на кредити течат).
Една пропадната инвестиција кај градежните играчи знае да го колабира цел бизнис, наплатата потоа на хипотекарните залоги преку банка го усложнува дополнително процесот, имотите кои се во градба се распродаваат пошто-зошто, се одзема и машинеријата итн. итн., н.з.с. една пропадната инвестиција е комплетен колапс од бизнис аспект.
Сопствениците на земјиште, додека трае процесот, дополнително имаат барања, па првични договори се дополнуваат (анексираат), работите не се прецизираат детално, се јавуваат конфликти помеѓу иницијалниот договор и дополнувањата, се пробиваат рокови, се отвараат судски процеси што усложнува и пролонгира итн итн.
Комплетната шема е една каша-попара, па затоа нормални луѓе преферираат клуч на рака и плаќаат 1000е-1500е+ за м2 (нешто кое инвеститорот го кошта 400м2 за да го изгради) - чисто за мир во душа. Но, тој лукративен елемент, огромните профити (500е+ од м2 е профит за т.н. инвестор) возат една цела алчна машинерија од т.н. инвеститори и земјосопственици, политички субјекти, административни елементи (општинари, инспектори, итн.). За сите можни "бонуси" од цела оваа какафонија (задржување во владение на земјиштето или околу-зградното земјиште на име на старите сопственици, задржка на просторите во поткровјето кое потоа се адаптира во станбен простор без имотен лист, задржување во владени на гаражни места посебно ако се под зграда и нивна адаптација во станбен простор исто без имотен лист) да не отвараме муабет. Сите можни лајна што можат да се направат за да се исцеди секое евро се прават.
Да сумирам, мотивот, вистински, може никогаш и да не се дознае затоа што би отворил пандорина кутија. Работите не се никогаш црно-бело. Ние живееме во толку сив свет на тежок опортунизам, безскрупулозност и недостаток на основна човечност. Сите вредности пропаднаа, или станаа демоде. Сега е џунгла во која "играчите" се раководат само од базичен анимален принцип на сила/моќ, а слабите се тешат со оптимизам дека нешто ќе се промени само од себе, релативизираат, рециклираат и со нивните розеви наочари гледаат само она што сакаат да го видат, без желба и енергија нешто да променат.
Кучињата лаат, карванот врви.