Готов е Тен Хаг, нема назад од ова. Очигледно и тој е тежок инат и можеше бар малку да попушти со цел да придонесе до брзо потсредување на ситуацијата. После пак избркај ги на лето.
Иако има целосна поддршка од мене за ситуацијата со Санчо, кажав и тогаш дека некогаш треба да бира зборови кога дава интервјуа.
Неможеш да кажеш дека си го сменил Касемиро со Ериксен бидејќи си сакал повеќе фудбал. Да, муабетот е дека Ериксен е креативен играч и придонесува повеќе во играта со топка, но реално звучи малку понижувачки кон играч што има освоено се што може да се освои и праткично ти е најдобар фудбалер во тимот.
Исто и со Варан, еве некни дури не го пушти по цена 2ца играчи да му играат вон позиција. Треба малку пошироко да ја анализира ситуацијата, не ли сфаќа дека играчите се тие што ќе му го потпишат отказот? Остај го уште сезонава, па на лето во С.Арабија, и онака беа загреани по него.
Нема врска ситуацијава со попуштање или не. Оле беше најлабав, најпријателски со нив, па истото му го направија. Секое попуштање ќе биде злоупотребено од играчите. Што му гарантира дека на лето ќе ги продаде клубот овие? И за сенонава, уште у јануар се знаеше дека Тен Хаг не ги сака Мегваер, Мек Томинеј, Марсијал у тим. Што се деси летово, не само што не ги продадоа, туку сега мора и да ги игра.
Дека треба да бира што и на кој начин кажува, може клубот да му одреди човек што би му помагал, малку да го научи како некоинработи дс ги изнесува завиткани, не толку директно.
За Варан не знам што е ситиацијата, каде толку ја спукале.
Што се однесува до ситуацијава, сум кажал и предходно, се дур не се избркаат сите од тој британскиот клан, плус уште некои мрзливци, на Јунајтед ќе му се дешава ова, едно исто, на сркои 1-2 сезони, кој и менаџер да го донесат. Потполно идентична приказна 4-5 менаџери по ред доживуваат. Се дур се Рашфорд, Мегваер, Санчо, (најверојатно се и Шо и Бисака у екипата), Мек Томинеј, Марсијал, Дало, па сомнителни ми се и Линделоф и Бруно по малце, ова ќе се повторува со секој нов менаџер.