Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Дефинитивно најдобра претстава оваа сезона. Мислев дека второто ќе паднат, ама ме демантираа. Штета што со оваа игра и овие шанси требаше до крај да се тресиме...
МекТоминеј можеше сам да ги погреба овие и да даде комотно уште 2 гола.
 
Гарначо заслужено го има избацено Рашфорд од таа позиција, прав напаст. Гледам дека Тен Хаг се повеќе и повеќе му дава минути, за да го ојача веројатно. Амрабат, најдобрата утакмица откако е тука. Фали контрола врз утакмицата, имам чувство дека ако дадеме 5, без проблем може и да примиме 5.
 
Подруго е кога сите играчи играат. Најдобар натпревар кој сум го гледал сезонава. Се надевам Рашфорд ке остане на клупата до крај на сезоната.
 
Следна Бормаут мора да земат 3 бода.
После тоа седуваат Баерн, Ливерпул, Вест хем и Вила. Оваа пресуден дел од сезоната за менацерот.
 
Ова денес што му го одигравме на Челзи беше налик она што ни го направи лани Ливерпул нас на Енфилд, дури и поубедливо. Разликата е што тие ни зачукаа 7 парчиња, а ние можевме лесно и без 3 бода да останеме на крајот.
 
Друг е аспектот на проблемот со трчањево. Ова што не трчаат за време на утакмица, а ла Рашфорд и Марсијал, е еден проблем. Ама, Јунајтед е една од ретките екипи која во средина на недела има тешки тренинзи со трчање, за разлика од еден Сити, кој прави лесен технички тренинг каде што се спрема само тактика, и со скоро исти 11 играчи, играат во 4 натпреварувања, а ние се искинавме од мускулни повреди, кои се последица на преоптеретување. Од тој аспех, разбирам зошто има поплаки околу трчањето, и мора да има некој друг начин како подобро да ги спремат физички.

Еве, можело.

 
На ваква одиграна утакмица грев ќе беше да не победиме. Премногу неискористени шанси, ама радува играта. Забележа Тен Хаг дека Линделоф е очаен и браво што го замени уште на полувреме. Него што е со Варан, толку ја имаат спукано или што е работата? За Мартинез се знае кога се враќа?

Ако продолжи Гарначо со вакви партии, нека се зацементира Рашфорд на клупа.
 
На ваква одиграна утакмица грев ќе беше да не победиме. Премногу неискористени шанси, ама радува играта. Забележа Тен Хаг дека Линделоф е очаен и браво што го замени уште на полувреме. Него што е со Варан, толку ја имаат спукано или што е работата? За Мартинез се знае кога се враќа?

Ако продолжи Гарначо со вакви партии, нека се зацементира Рашфорд на клупа.
Мартинез и Каземиро треба да се вратат после каточички Божиќ.
А за Варан се збори дека ќе го шиткаме у Арабија у јануари.
 
Најдобар меч сезонава, направија барем 10 100% шанси. Сепак пак лоша реализација. Во одбрана уште сме лоши. Од малку ни прават шанси. Она што ме радува денес е борбата, трчењето. Нешто налик на Њукасл против нас. Следната нека излезе со составот кој излезе на полувреме, Шо штопер Регилон лево. Немаме саглам штопер. Единствениот ни е повреден.

Околу дискусијата од минатите страни, за кавгите на менаџерот со играчите: ниту една критика кон било кој играч не беше не заслужена. Роналдо, Мегваер, Санчо, Варан па и сега со Рашфорд, особено со него. Варан ако мисли на стара слава ќе биде првотимец слободно нека фајќа патот. Од кога е дојден игра топло ладно а требаше да биде столбот во одбраната, најдобар. Башка повеќе е повреден од што е достапен за игра.
На Рашфорд му се случува веќе пречесто да влегува во ПМС, да не му се трча. Влезен е во некој филм дека е звезда а изгледа заборава дека нема ниту еден голем трофеј во кариера.
 
Фала богу една машки изиграна утакмица. Најзаслужена победа до сега сезонава, иако реализацијата пак ни беше на многу ниско ниво. А малку фалеше и да испуштиме два бода. За жал многу нестабилни сме позади и ради тоа мора да пазарат стопер уште зимава.

Гарначо последниве неколку меча учествува се повеќе во играта и е многу подиректен, што мора да кажам дека ми се допаѓа. Завршниот удар/пас уште не му се избрусени, ама делува како да маказите му ја враќаат самодовербата пополека и тоа е одлично, бидејќи очајно ни фали квалитет на крило.

Кога сме кај крилата и Ентони имаше добар перформанс, па нека фати и тој некоја форма, таман малку Рашфорд да ја одмори главата на клупа во меѓувреме.

Исто мора да го пофалам и Амрабат. Имаше еден оргомен кикс, меѓутоа пресече еден куп топки и од таму многу често креиравме гол ситуации. Мислам дека баш за ова беше донесен летово, ама да не се залетуваме.

Се на се, позитивен перформанс и одлична победа. Нека градат сега моментум од тука.
 
Лошото е шо вака играат само по понижувачки пораз и моментумот им трае 2/3 натпревари па после пак по старо очобол за гледање.
Иначе ок перформанс денес ама не бевме до толку добри колку што Челзи беа лоши,пак не држеа во неизвесност до крај иако можеа и требаше да го завршат натпреваров со барем 2 гола разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom