Логиката на целиот случај е тотално безвезна, се собираат група локал патриоти без криминално досие со исклучок на Палче (кооперација ликови) и прават луд план да ликвидираат пензионер, да му ја земат колата за истата да ја искористат за да киднапираат дете за да бараат откуп, притоа не бараат откуп и го ликвидираат детето па одат дома и прават подкасти и држат часови за карате?
Или ликовиве се добро уиграни па вакво нешто/а направиле претходно, или целата работа нема врска.
1. Има неколку профили на форумов кои специјално се активираа за темава
2. Освен ликот Палче, останатите (не знам за тој од Штип) мислам дека се најобични граѓани од ниска-средна класа без осудуваност. Класични велешки џаболебари, кои времето го минуваат во мрсење муда, дискутирање разни теории/сценарија уз дегустација на алкохол - кооперација фазон само во штабче (демек се прави нешто).
3. Десно-конзервативната идеологија става најтежок акцент на добробитот на државата, семејството и децата. За каратистот зборуваат најдобро сите што го познаваат. План во кој е инволвирано дете, не верувам никој разумен би поддржал и прифатил да се реализира за ПАРИ/користољубие.
4. Единствена причина вакво лудачко сценарио да прифатиле барем оние двајца, каратистот и оној дебелкиот Велибор, би била од идеолошки карактер или одредено сценарио во кое очекувале МНОГУ (идеолошки) со мала (во нивните глави) цена / т.е. киднапирање за кое некој друг би бил обвинет па потоа ослободување на детето
5. Палче, ги врбува останатите преку идеолошка методика а потоа го менува планот за да добие сегашниот исход, т.е. ги злоупотребува останатите
6. Палче е наемник, ликот нема ниту морален компас нит идеолошка определба.
7. Целото сценарио изгледа како нарачано од некого а реализирано од абдали кои не биле ни свесни во што влегуваат т.е. влегле заради некои сосема други причини кои не се ниту сегашниот епилог ниту пак пари.
Да не испадне амнестирам некого или релативизирам, само сакам да кажам дека целиот случај има премногу отворени краеви и нелогичности без разлика како ќе се сврти.
Сочувство за фамилиите на починатите, потребно е колективно освестување, глобално, отиме сите у курац изгледа.