Несфатливо ми е како е можно сопствениот татко да ти го изработи ова. Еве, дури и да прифатил киднапирање на девојчето со гаранција дека нема да му фали ниту влакно од косата, како тој татко би продолжил понатака да го живее животот со тоа сознание и како ќе продолжи да ја гледа ќерка си во очи ? Како би живеел со сознанието дека тој е предизвикувачот на тешка психолошка траума на сопственото чедо? Како сега ќе ја погледне другата ќерка во очи? Како успеал цела недела да седи и ќути покрај мајката и другата ќерка знаејќи дека неговото чедо е мртво? Не знам дечки, ама мислам дека ниедно злодело не е поголемо од неговото.
Коцкањето е болест за која многу малку се зборува, но зема се поголем замав во овој декадентен систем во кој се повеќе се промовира девијантното однесување.
Да почекаме да се расветли случајот.
Можно е глупакот несвесно да ја има однесено ќерката во неповрат.
Ние како народ сме многу расприкажани, не знаеме пред кого изнесуваме некои информации кои подоцна можат да ни наштетат, тргни од социјалните мрежи, све и свашта се постира на интернет, кога јадеме, кога одиме во тоалет буквално све.
Таткото можи издал ненамерно информации дека мајката наследила голема сума на пари па со тоа ги направил мета на киднаперите.
За да дознаат кога оди на улиште тоа не е тајна, можат да ја следат некое време па до детал се да дознаат, или тој да има кажано онака уз муабет.
Нели киднаперите биле претходно во контакт со него.