ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
23 август 2010
Мислења
39.476
Поени од реакции
114.375
Киншифт=Сивус, први се.

Го слушав видеото каде ги анализираат бројките, Кипер прави поголем промет од првите 15 во ИТ. Добар подкаст да ти било ова.
Дај линк, да видам за кој подкаст мислиш.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.476
Поени од реакции
114.375
Мрза си, го имаш видеото 2 поста над моето. :icon_lol:
Еве го јутуб каналот Иван Неделковски: https://www.youtube.com/@ivan.nedelkovski/videos
О боже, го видов линкот од бизнис мрежа, не видов дека и под него има линк. :facepalm: Ќе го ѕирнам вечер, ме занимаат вакви работи пошо ова е дел од мојата работа па да видам со какви податоци се расфрлаат и дали се точни. :icon_lol:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Најверојатно од https://biznismreza.mk/ . Го имаше тој газдата на бизнис мрежа кај Иван Неделковски , ми искочи на инстаграм кратко стори и објаснуваше: https://www.youtube.com/watch?v=47eVf3WIKsI .
Гледам никој не ја има искоментирано Бизнис мрежа, од каде им се податоците за фирмите? :D

Централен регистар иначе би ги бркал од работа по ред, ми текнува и со двете фирми ко ги регистрирав за неполн ден добив преку 15 мејлови со понуди за сметководителски услуги, изработка на веб страна и сл, значи некој одма ги шитнал податоците. За ликнување на инфо директ од институција, во нормална држава ќе им го скинеа газот.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201

Јавно достапни информации од централен регистер преку Интернет Дистрибутивен Систем на централен регистар. Или како и да беше името.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Јавно достапни информации од централен регистер преку Интернет Дистрибутивен Систем на централен регистар. Или како и да беше името.
Хм, не сум баш сигурен дека сите податоци се јавни, сподели ако имаш линк, би сакал да споредам.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Хм, не сум баш сигурен дека сите податоци се јавни, сподели ако имаш линк, би сакал да споредам.
Еве го линкот: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/dobijam-potvrda-ili-informatsija/ostanati-uslugi-potvrdi-i-informatsii/pristap-do-informatsii-preku-distributiven-sistem

Треба да си платиш како што знам за да го корстиш, точно што како незнам. Неколку од програмерите што работеа на одредени делови од софтверот ми се другари и од тоа знам дека постои. Добар дел од изработката на софтверот е финансирано од амбасади и еу.
Целосна дигитализација на општествово е потребно зашто онака сме нефукнционални заради административциве кој само се обични партиски ботови и гласачи. Ете така и ќе се ослободат 20-30 000 работници од администрација , а нели бизнисите велат нема работници па добро ќе дојде.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Хм, не сум баш сигурен дека сите податоци се јавни, сподели ако имаш линк, би сакал да споредам.
Податоците за финансиската состојба и сопственичката структура на било која фирма регистрирана во Македонија се јавни. Опција 1 да ги добиеш е да поднесеш барање на шалтер, опција 2 е електронскиот Централен Регистар, ама таму се плаќа некоја годишна сума за регистрација.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.216
Поени од реакции
1.263
Муабетов ме потсети на прошлата фирма. Кога ја проверив на централен регистар пред 4-5 години, имаше пријавен профит од 5к евра (за цела година) иако тогаш имаше 50+ вработени :D
Дури и фирмите што не работат outsource често пати си отвараат преставништва/фирми во други држави каде што го продаваат својот продукт. Па парите си им стигаат таму.
Мислам дека клиентите се чувствуваат "побезбедно" кога соработуваат со фирма во нивната држава (и со луѓе од иста националност). Особено кога фирмата е од "Eastern Europe" а сака да продава софтвер на запад.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Муабетов ме потсети на прошлата фирма. Кога ја проверив на централен регистар пред 4-5 години, имаше пријавен профит од 5к евра (за цела година) иако тогаш имаше 50+ вработени :D
Дури и фирмите што не работат outsource често пати си отвараат преставништва/фирми во други држави каде што го продаваат својот продукт. Па парите си им стигаат таму.
Мислам дека клиентите се чувствуваат "побезбедно" кога соработуваат со фирма во нивната држава (и со луѓе од иста националност). Особено кога фирмата е од "Eastern Europe" а сака да продава софтвер на запад.
Скоро сите имаат и други фирми сестри кои имаат само 1 вработен и добивката оди таму, фактура за некаква услуга и таа фирма ја пумпаш до 6м приход за да ти падне добивката на 1%. Ако е една малку, отвораш уште неколку и профитот ќе е мал :)
Надвор барем јас немам најдено држава со помал данок од мкд каде може да отвориш виртуелно, без државјанство. Отвораат Естонија, ама има повисок данок од мкд.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom