Исчезнати лица

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.932
GPS Тракер со камера на детето е најдобро решение.
Нереалистично... Неупадлив гпс тракер со долг живот на батеријата? Апсолутно потребно. И детето да не знае што е.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Како ќе му помогне на киднаперот да избега подалеку тоа што ќе објават слика како била облечена од сабајлето??
Ти излгеда не живееш во Македонија, види во Америка, Англија сите други држави како ги раководат ваквите случаи, скоро сите информации се сподолени со јавноста. Ти сакаш да ми кажеш дека нашава мизерна полиција што објавува видеа и слики од еден џоинт што ги фатиле, дека за случајов немаше да објави ниедна новост "За да ја заштити истрагата" ?? Не ме дупи.
Во случајов полицијата делува експресно. Незнам зошто замерка се фаќа на полицијата во случајов.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не знам зашто 10 страни се убедуваат со Јамајка за нешто што е легитимно прашање. Секако разглабаме теории тука. Не е работата кој колку се грижи, и како си го воспитувате детето, take it easy. Имате 5ка сите за тоа. Имало и порано родители што кур ги боли, има и сега, имало и тогаш паничари, има и сега.
Мајка ми го има пријавено брат ми во полиција, откако го немаше цела ноќ. Полицијата им рекла тогаш почекајте уште некој саат, најверојатно е кај девојка (у право испаднале). Толку ви е тешко да сватите дека муабетот му е дека чудно е полицијата да реагира одма без никакви дополнителни индции. Девојчето и не е толку мало, на таа возраст имаа дечковци/девојки, се бега од часови, се бега од дома.
Не дека мајката згрешила или не знам што. Мајка ко мајка, и по 15 мин ќе ја фати паника и нормално да пријави. Зашто ја земале за сериозно е маубетот.
Се ми е јасно мене, дури имам и фаќано врски за побрзо да реагираат за случај. Одговорот беше ако реагираме на секој загрижен родител, ќе треба да ви зголемиме даноци пати три само за дневници на полиција. Ако при пријавата има кредибилна потреба за итност (депресија, закана, друг град, чудно однесување) само тогаш реагираат итно.

Ама јебига, нема понеразумно суштество од уплашен родител.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.932
Од каде информацијата дека користела Дискрод и гејмала? И што е толку шокантно во врска со тоа? Па сите млади користат нови медиуми од типот на Дискорд, Тикток и тн. Фејсбук речиси и не постои за децава…
Шокантното е колку лесно дозволивме да дојде до тоа да немаме никаква контрола ни со кој ни што комуницираат. Уште позачудувачки е тоа што и покрај ваквите случки сеуште продолжуваме да го дозволуваме тоа.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Нереалистично... Неупадлив гпс тракер со долг живот на батеријата? Апсолутно потребно. И детето да не знае што е.
Ќе дојде време и за тоа.... Уствари добра бизнис идеја :) ќе ја исклучиме камерата во прво време.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Како ќе му помогне на киднаперот да избега подалеку тоа што ќе објават слика како била облечена од сабајлето??
Ти излгеда не живееш во Македонија, види во Америка, Англија сите други држави како ги раководат ваквите случаи, скоро сите информации се сподолени со јавноста. Ти сакаш да ми кажеш дека нашава мизерна полиција што објавува видеа и слики од еден џоинт што ги фатиле, дека за случајов немаше да објави ниедна новост "За да ја заштити истрагата" ?? Не ме дупи.


Не е ништо шокантно, како што посочив, и јас користам.
Све си имам убаво пишано, поентата е дека на платформата е многу лесно да се запознаеш и со постари луѓе и да мислиш дека се ОК — Многу е лесно да те изманипулираат, посебно на 14 години и на ваквите гејминг платформи, тоа ми беше зборот.
Па ете имате фотографии од девојчето како изгледа. Убаво и детално е опишано како е облечена.

Да, баш тоа сакам да ти кажам...дека киднаперот може си седи дома си гледа телевизија и си чита до кај е полицијата со истрагата за девојчето. Секогаш треба да си чекор пред осомничениот и нормално и логично е дека не треба да ги изнесуваш сите детали во јавноста. И јавноста треба да биде свесна за тоа и да не очекува таква привилегија.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.568
Поени од реакции
939
Најверојатно според теорииве мене ми е дека е киднапирана од страна на некој нарцисоиден лик кој претходно ја има добро изманипулирано се со цел она да стекне доверба во него. Значи киднаперот веројатно и е добро познато лице. Секој ден одела заедно со сестричката на училиште, за да баш денот кога сестричката нема прв час, реши да ја промени секојдневната рута до школо и да оди по подолгиот пат (тоа јасно покажува дека имала некаква цел, некако договор). И не мислам дека е дечко во прашање, напротив мислам дека станува збор за некој постар лик и дека не е изманипулирана од љубовни мотиви.
Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.



Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.

Одлично напишано, добри теории, се сложувам со напишаното.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.932
Ќе дојде време и за тоа.... Уствари добра бизнис идеја :) ќе ја исклучиме камерата во прво време.
Камера значи многу посложен и поголем уред, сим картичка и константна комуникација, огромна батерија која секој ден треба да се полни, итн итн... Значи нереално е. Плус таков уред веќе носат со себе: смартфони. Само треба соодветни апликации да се инсталираат. И проблемот е што може да се исклучат.

Додека обични гпс тракер има, достапни се, мали, долго им траат батериите, и може да изгледаат сосема неупадливо како на пример гумена нараквица каква ионака обичаат копиљациве денес... Целта не е надзор, туку 24/7 информација за локација. И не може да се исклучи, ги има без никакви копчиња за интеракција (сите подесувања се прават од апликација на РС).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Па ете имате фотографии од девојчето како изгледа. Убаво и детално е опишано како е облечена.

Да, баш тоа сакам да ти кажам...дека киднаперот може си седи дома си гледа телевизија и си чита до кај е полицијата со истрагата за девојчето. Секогаш треба да си чекор пред осомничениот и нормално и логично е дека не треба да ги изнесуваш сите детали во јавноста. И јавноста треба д абиде свесна за тоа и да не очекува таква привилегија.
Јавноста е како што гледаме во хистерија... свесност и разумност нема.
Автоматски споено мислење:

Камера значи многу посложен и поголем уред, сим картичка и константна комуникација, огромна батерија која секој ден треба да се полни, итн итн... Значи нереално е.

Додека обични гпс тракер има, достапни се, мали, долго им траат батериите, и може да изгледаат сосема неупадливо како на пример гумена нараквица каква ионака обичаат копиљациве денес.
Не е нереално, очекувај набргу такво едно уредче, што ќе му трае батеријата 3-4 години. Само без камера. Или има кај нас такви веќе ?
 

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
Во случајов полицијата делува експресно. Незнам зошто замерка се фаќа на полицијата во случајов.
Делува експресно поради тоа што целата јавност е на случајов. Има на МВР уште 70 исчезнати деца па не ми текнува МВР да делувале вака за ниеден од тие случаи. Сепак, немам никаква замерка за полицијата, кажав само дека сум убеден дека ако имаа повеќе информации кои би биле за споделување како например ако ја имаа на снимка од сабајлето кога исчезнала тоа све веќе ќе беше објавено.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Јавноста е како што гледаме во хистерија... свесност и разумност нема.
Автоматски споено мислење:


Не е нереално, очекувај набргу такво едно уредче, што ќе му трае батеријата 3-4 години. Само без камера. Има кај нас такви веќе ?
сакате да кажете чипирање како со кучињава?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
сакате да кажете чипирање како со кучињава?
Па сега ако има бизнис, зошто да не. Ако не јас, тогаш некој друг. Мењам одма правец на муабет :)

Многу поевтино ќе кошта него ли апликации глупости чуда, а башка имаш и контрола вон училиште.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.730
Поени од реакции
36.605
Ја имав класен у средно што не ми прифаќаше оправдување од лекар и мораше родител да иде постојано да ме правда. :D

Не е проблем тоа, не мора нова апликација да се прави. Сосема возможно е секој родител да прими меил или смс известување доколку ученикот не се појави во рок од 15 минути откако почнал часот да речеме, нели ако државата е спремна да плати за тоа. Ако идеме со повисоки нивоа на паничење може и gps следење да воведеме за секој ученик. :D

Еве ја ијам работено на проект за шведска приватна градинка кај што правевме следење на децата in real time преку алки кои ги носеа децата на рацете и содржеа бикони кои емитуваа радиобранови до одредени ресивери во градинката. Пошто у Шведска децата доста време поминуваат надвор во дворот на градинката и често се дешава да залутаат вон дозволениот периметар.
Јас имав класен што прифаќаше лекарски белешки, ама бараше да имаат штембил со деловоден број, и ненормалниот еднаш месечно одеше на доктор за да провери дали докторот стварно ги издал и архивирал во деловодник белешките, или се фалсификат. :D

Во врска со е-дневникот муабетот ми беше просто само дека е далеку од апликацијата на @Io Sono Interista , само зашто го споредија со неа во смисла дека сме имале нешто слично и кај нас.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.717
Поени од реакции
9.548
сакате да кажете чипирање како со кучињава?
Тоа секако ќе биде, порано или подоцна :) Нели напредуваме технолошки и општо како цивилизација.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јавноста е како што гледаме во хистерија... свесност и разумност нема.
Автоматски споено мислење:


Не е нереално, очекувај набргу такво едно уредче, што ќе му трае батеријата 3-4 години. Само без камера. Или има кај нас такви веќе ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom