Исчезнати лица

Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Има тука некои луѓе кои дома ги лигават децата и си мислат дека е нормално и својствено наставничката да се јави ако неговото дете закаснило на час, за да може да се јави во полиција првите 5 минути за да добие на време на пронаоѓање на детето, пошто ако го нема 5 минути, тогаш е киднапирано

ХИСТЕРИЈА!!!!
Добро бе па и ти, како некој инаетлив бик си кога водиш дискусија.Таман е, генерално во право си.
 

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
Не знам колку е вистина, последно шо прочитав дека телефонот и е лоциран кај Броз кафичот, после тоа му се губи трагата.
А и еден коментар ми фати око од некоја комшивка дека девојчето скршнало од патот за на кај училиштето.
Според ова најверојатно своеволно е избегано, макар да не осудуваме пред да излезат со официјално соопштение.
Се надевам ќе ја најдат здрава и жива што поскоро, да не им си во душата на родителите и блиските, во агонија се.
Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.



Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
Не знам зашто 10 страни се убедуваат со Јамајка за нешто што е легитимно прашање. Секако разглабаме теории тука. Не е работата кој колку се грижи, и како си го воспитувате детето, take it easy. Имате 5ка сите за тоа. Имало и порано родители што кур ги боли, има и сега, имало и тогаш паничари, има и сега.
Мајка ми го има пријавено брат ми во полиција, откако го немаше цела ноќ. Полицијата им рекла тогаш почекајте уште некој саат, најверојатно е кај девојка (у право испаднале). Толку ви е тешко да сватите дека муабетот му е дека чудно е полицијата да реагира одма без никакви дополнителни индции. Девојчето и не е толку мало, на таа возраст имаа дечковци/девојки, се бега од часови, се бега од дома.
Не дека мајката згрешила или не знам што. Мајка ко мајка, и по 15 мин ќе ја фати паника и нормално да пријави. Зашто ја земале за сериозно е маубетот.
За болдов само. Значи упорно се збори дека тоа што одма при пријавување реагира полицијата е нешто чудно, невообичаено. Значи, кога се работи за мало дете, полиција постапува во истиот момент на пријава. Без разлика дали пријавил родителот после саат време, 10 саати, 2 дена. Значи веќе имавме два случаи на кои ми текнува годинава во Скопје, девојчето од Чаир, двојчињата на екскурзија, дури и некоја слична возраст се со ова девојче, каде при пријава, автоматски полицијата одма реагира, го нема оној момент, чекајте 48 саати па пријавете како што е некоја пракса за возрасни лица. Што значи реакцијата на полицијата во овој случај за да реагира одма, е вообичаена пракса при пријава за исчезнато мало дете. Плус во овој случај, од тоа малку јавно што е познато, имаш неколку идикатори дека нешто лошо се случило. Да е еден, не дошла у школи, или изгасила телефон, па да не посумњаш дека е не е нешто сериозно. Тука имаш неколку показатели дека нешто не е во ред. Тргни од непојавување во школо, изгаснат телефон, никаков контакт со татко, роднини, пријатели, било кој познат, последна локација на активен телефон, надвор од рута за школо.
Што се однесува до мајката. Значи не пријавува после 15 минути. Значи одкако добила порака од наставничката зошто не е детето на школо, прво ја бара на телефон, недостапна е, се јавува кај таткото, се јавува кај другарките, се јавува по блиски, претпоставувам исто во меѓувреме пробува пак да ја добие на телефон, проверува локација на телефон и гледа дека е надвор од рутата за во школо, па тек тогаш пријавуа. Тоа е некои 70-80 минути од првиот обид за контакт. Како што кажав, кога се работи за мало дете, полицијата при пријава одма реагира, сегде, не само кај нас, плус имаш во случајов многу показатели дека нешто сумњиво се дешава.
Колкав бил брат ти тогаш, ако не е тајна?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.760
Поени од реакции
36.663
Ако Е-Дневникот не функционира, зошто би функционирала таква апликација тогаш? И убаво си кажа на крај, колку само изостаноци и оценки се поправаат/правдаат со тоа што родителот ќе проба да разговара со професорот или професорката?
Таа апликација е нешто сосема друго, како што разбрав би служела за следење на учениците, и за информирање на родителите.

Е-дневникот е нешто сосема друго. Тоа е замена за хартиените дневници што порано се пополнуваа. Родителите имаат увид во наставните содржини што се работат, запишаните изостаноци на децата, евидентните листови и сведителствата. За тоа си функционира како-така. Муабетот беше дали функционира за запишување на отсутните ученици во моментот на почнување на часот, со што некој би бил известен дека некое дете отсуствува. Не, не функционира за тоа, затоа што наставниците го пополнуваат откако ќе завршат часовите, или на почетокот или на крајот на неделата за цела недела, а некои наставници (физичко, англиски...) знаат да чекаат и до крај на полугодие, ко што кажав. А за изостаноците - постои глупаво правило дека за 100 оправдани родителите одат на советодавен разговор. Едно дете да фати варичела, 2 недели ќе биде отсутно, значи ете минимум 60 оправдани. Затоа секој наставник има поинаков пристап, но најчесто не ги заведуваат сите изостаноци.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.



Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.
И ако е киднапирана зошто би кажувала полицијата што знае и би споделувала снимки од тоа кај се движи девојчето?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Не е вистина за полицијата. Објаснив, само ги проверуваат дојавите и извештаите(сообраќајки, тепачки, пријвени насилства) и ги информираат тие што одат во патрола и можеби рутински проверки на местото ако има некаков сомнеж. Официјална истрага се започнува после 24 часа или по индикација. Ова е за деца над 14 години (не знам точно за годините)
 

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
И ако е киднапирана зошто би кажувала полицијата што знае и би споделувала снимки од тоа кај се движи девојчето?
Прво дека јавноста ќе има поголема шанса да го идентификува девојчето ако има првична слика од сабајлето, како била облечена. Второ дека тоа е современ принцип на работа а сите знаеме колку нашето министерство сака да ги следи "европските примери", трето дека министерот за внатрешни работи е 5 дена мета на критика на сите социјални мрежи за тоа колку незнае 2 со 2 да сврзе, верувај ми, да имаа нешто ќе објавеа во првите 48 часа.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Прво дека јавноста ќе има поголема шанса да го идентификува девојчето ако има првична слика од сабајлето, како била облечена. Второ дека тоа е современ принцип на работа а сите знаеме колку нашето министерство сака да ги следи "европските примери", трето дека министерот за внатрешни работи е 5 дена мета на критика на сите социјални мрежи за тоа колку незнае 2 со 2 да сврзе, верувај ми, да имаа нешто ќе објавеа во првите 48 часа.
Ахам, а нема тоа да ја сјебе истрагата и да му помогне на киднаперот да избега што подалеку од полицијата.
Јавноста е доволно информирана за тоа како изгледа и како е облечено девојчето за да може да го идентификува.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Таа апликација е нешто сосема друго, како што разбрав би служела за следење на учениците, и за информирање на родителите.

Е-дневникот е нешто сосема друго. Тоа е замена за хартиените дневници што порано се пополнуваа. Родителите имаат увид во наставните содржини што се работат, запишаните изостаноци на децата, евидентните листови и сведителствата. За тоа си функционира како-така. Муабетот беше дали функционира за запишување на отсутните ученици во моментот на почнување на часот, со што некој би бил известен дека некое дете отсуствува. Не, не функционира за тоа, затоа што наставниците го пополнуваат откако ќе завршат часовите, или на почетокот или на крајот на неделата за цела недела, а некои наставници (физичко, англиски...) знаат да чекаат и до крај на полугодие, ко што кажав. А за изостаноците - постои глупаво правило дека за 100 оправдани родителите одат на советодавен разговор. Едно дете да фати варичела, 2 недели ќе биде отсутно, значи ете минимум 60 оправдани. Затоа секој наставник има поинаков пристап, но најчесто не ги заведуваат сите изостаноци.
Ја имав класен у средно што не ми прифаќаше оправдување од лекар и мораше родител да иде постојано да ме правда. :D

Не е проблем тоа, не мора нова апликација да се прави. Сосема возможно е секој родител да прими меил или смс известување доколку ученикот не се појави во рок од 15 минути откако почнал часот да речеме, нели ако државата е спремна да плати за тоа. Ако идеме со повисоки нивоа на паничење може и gps следење да воведеме за секој ученик. :D

Еве ја ијам работено на проект за шведска приватна градинка кај што правевме следење на децата in real time преку алки кои ги носеа децата на рацете и содржеа бикони кои емитуваа радиобранови до одредени ресивери во градинката. Пошто у Шведска децата доста време поминуваат надвор во дворот на градинката и често се дешава да залутаат вон дозволениот периметар.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.



Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.
Од каде информацијата дека користела Дискрод и гејмала? И што е толку шокантно во врска со тоа? Па сите млади користат нови медиуми од типот на Дискорд, Тикток и тн. Фејсбук речиси и не постои за децава…
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ако е вистинита сликава, тогаш девојчето апла излегло од колосек. Ако излегла дома во 7:20, а кај Броз кафе и е веќе исклучен во 7:37 со тоа што последен сигнал бил кај Броз Кафе. Значи пешки стигнала до таму најверојатно. Не се сеќавам само дека кажале во колку е исклучен телефонот. Прашањето е што барала натаму?

1701452908399.png
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Ако идеме со повисоки нивоа на паничење може и gps следење да воведеме за секој ученик. :D
Колку повеќе ги чувате децата во стаклено ѕвоно, толку повеќе ќе се буди револтот во нив и ќе има тоа контраефект. И секое дете има право на извесен степен на приватност.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.003
Поени од реакции
3.991
Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.



Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.
Многу би помогнала барем една снимка од камера од тој ден за да се види надворешниот изглед во моментот на исчезнувањето, друго е кога ќе опишеш а друго кога ќе видиш на слика. Може на некој случаен минувач од тој ден да му кликне дека ја видел откако ќе биде покажано како изгледала тој ден, и да била во кола просто е невозможно дека ни една камера ја нема фатено
 

Outersprint

rags to riches
Член од
5 март 2018
Мислења
38
Поени од реакции
99
Ахам, а нема тоа да ја сјебе истрагата и да му помогне на киднаперот да избега што подалеку од полицијата.
Јавноста е доволно информирана за тоа како изгледа и како е облечено девојчето за да може да го идентификува.
Како ќе му помогне на киднаперот да избега подалеку тоа што ќе објават слика како била облечена од сабајлето??
Ти излгеда не живееш во Македонија, види во Америка, Англија сите други држави како ги раководат ваквите случаи, скоро сите информации се сподолени со јавноста. Ти сакаш да ми кажеш дека нашава мизерна полиција што објавува видеа и слики од еден џоинт што ги фатиле, дека за случајов немаше да објави ниедна новост "За да ја заштити истрагата" ?? Не ме дупи, а не ни има што да се заштити, тотално е ОК да објават слика ако имаат од некое CCTV.

Од каде информацијата дека користела Дискрод и гејмала? И што е толку шокантно во врска со тоа? Па сите млади користат нови медиуми од типот на Дискорд, Тикток и тн. Фејсбук речиси и не постои за децава…
Не е ништо шокантно, како што посочив, и јас користам.
Све си имам убаво пишано, поентата е дека на платформата е многу лесно да се запознаеш и со постари луѓе и да мислиш дека се ОК — Многу е лесно да те изманипулираат, посебно на 14 години и на ваквите гејминг платформи, тоа ми беше зборот. Информацијата е од нејзините соученици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom