Исчезнати лица

Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.003
Поени од реакции
3.991
Смрди нешто, договорено е се со, таткото, класната и со полицијата. Сакаат мајмуни да не прават.

Таткото ја има киднапирано со претходна согласност од мајката. Мајката се има договорено со класната да и пише послем првото ѕвонче дека Вања фали. Додека со инспекторот е средено со една кафана.

Мислам кога веќе идете во крајност идете до крај, смислете ја приказната.
Нема крај на теориите. Еве еден Балкан Инфо шизо take: сѐ е испланирано за да се оттргне вниманието од тоа дека Боки 13 беше пуштен од затвор
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.568
Поени од реакции
939
Ова не е точно, и веќе неколку пати беше потврдено дека е ЛАГА. Човекот зад профилот не е тој на сликата. Ова е некој лажен профил, и тоа што го има напишано не е точно. Не е човек будала да се издаде преку фејсбук дека грабнал некое девојче лол. Веднаш ќе пријави на полиција...

Али овца народ, на се живо и диво ќе поверува од прва.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
На секое дете му треба сталожена мајка, а не параноична мајка која му врти после секој час да провери каде е, дали јадело, и постојано му проверува социјални мрежи, и го контролира каде е.. Треба да се има одредена контрола, ама не до толку јас да ја кренам цела држава на нозе за 10 минути колку што детето каснело кога учителката се јавила дека не е дојдено во школо.. Во ред е да си претпазлив, ама за 10 минути колку што детето каснело во школо, да пријавиш во полиција, треба да си екстремно параноична паночарка мајка.. Во случајов се покажа дека паниката е оправдана, ама во 99.9% од случаите вакво нешто е непотребно.
Не сум многу во тек со сите вести околу тековниот случај, али за ова со болд се согласувам.

И најбитно му треба воспитување да не верува на апсолутно никој, најмалку на луѓе запознаени преку интернет.

Денешниве мислам дека ги градат да се "инвалиди во главата", буквално родителите им се залепени за стапките и наместо да ги осамостојат, градат паразити кои утре во реален свет ќе бидат изгубени во простор и време.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.763
Поени од реакции
34.017
Смрди нешто, договорено е се со, таткото, класната и со полицијата. Сакаат мајмуни да не прават.

Таткото ја има киднапирано со претходна согласност од мајката. Мајката се има договорено со класната да и пише послем првото ѕвонче дека Вања фали. Додека со инспекторот е средено со една кафана.

Мислам кога веќе идете во крајност идете до крај, смислете ја приказната.
Смрдиш ти и другите што се правите паметни со глупостиве... Си дискутираат луѓето и во случајов и двете тези држат вода. Којзнае што е вистината и ако не се реши набрзо, поверојатно е дека нема ни да се дознае. Ние овде за наша среќа не сме навикнати да се соочуваме со многу вакви работи, ама на западот и посебно таму преку барата - ова се чести случувања. Има стотици илјади нерешени случаи на исчезнување кои никогаш не се решаваат.

Случкава само покажува дека малку здрава параноја е неспоредливо помало зло - отколку доживување на вакви судбини. Во најлошото сценарио овде сите се до максимум сјeбaни. Прво девојчето, но и родителите и блиските. Дури и да ја најдат сега, што е исход кој сите го посакуваме - ова сепак се трауми за цел живот и PTSD последици.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
7:20 излегла од дома
8:35 е пријавено во МВР
75 минути се тоа, не 10, Шерлоци.
Океј. Факт е дека имаат ете некои нови правила на работа наставниците денес и не е како што беше во наше време. Свесна сум дека тие вибер групи постојат и дека наставниците/професорите постојано ги известуваат родителите за нивните деца, ама не мислев јас дека толку тоа експресно и брзо функционира. Во 7 и 30 почнува часот, па одма во ете како што спомна некој 7 и 37 да известуваат кој дошол, а кој не на настава. Ќе пишам повеќе за групиве во некоја друга прилика, ама што се однесува за изостанување од часови оваа ситуација покажува дека таквиот пристап треба да биде оправдан.

Не знам колку сте имале искуство со пријавување во полиција, ама тие 60 минути што и останале на мајката, пак се премалку ( и покрај тоа што се треба да се одвива ескпресно брзо) за да го побара девојчето по другарчиња, кај татко и, евентуално роднини и пријатели, па тек тогаш да се јави во полиција, да каже што и како се случило, па да дојде полиција дома, да и земе изјава на мајката и да покренат постапка за барање на девојчето.

Без разлика на се, ако за 75 минути се одвивало сето ова, тогаш е за поздравување работата на полицајците.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Da, rece krijat, i da, u pravo si deka krijat, i da, treba da krijat, nepotrebno se revoltiras, konkretno za signal so mobilen, majkata e taa koja preku google videla kade posleden pat bil telefonot aktiven, toj detal e od majkata, ne od MVR.
Имала ајфон, не знам каков е тракингот преку ајфон, али исто така мајка и работи во А1.
Нели рекоа дека последната локација на телефонот не бил во релацијата дом-школо, тоа плус недостапен телефон, нема поголем аларм.
И многу се навлегува во тоа дали се "знаело" за ваква опасност или не и дали затоа веднаш се јавила учителката, што е воопшто тоа битно. Малолетно лице е исчезнато, веднаш треба да се алармира.
Ние Македонците ако имплементираме Амбер Алерт пола од луѓето ќе му поставуваат прашања и ќе се јавуваат во контакт центар.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.675
Поени од реакции
8.104
Не бе, ѝ ѕвони телефонот 3 дена, ама не крева никому.

:facepalm:
Добро безвезе прашав ние не знаеме дали е вклучен, исклучен ама родителиве, другарките, другарите кој и има нејзин број ако вртеле сигурно знаат дали ѕвони, дали е исклучен што и да сигнализира при вртење на бројот. Може не знам таа информација нешто ќе помогне во ситуацијава.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Ај вака.Да бидеме реални.Овоа со пријавувањево по толку многу краток период се должи на оноа "лигавото" кај денешните модерни наставнички и мајки.
Нема потреба да се паничи веднаш после толку краток период.
Е сега, тоа што се погодило баш во овој случај да имаат право и мајката и наставничката е сосема друг муабет.

Не сакам да држам демагогии, ама во наше време сме се колеле, беселе, тепале, крвотници сме иделе дома, не немало со саати, па пак нашите родители не кревале паника.А не беше така одамна, 89-та генерација сум.

Денешниве родители и деца ептен ми се лигави по карактер.Убаво пиша Лестер, кога ќе пораснат нема да бидат способни да се соочат со реалниот свет.Како некој изгубени гуштери ќе бидат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.945
Поени од реакции
73.634
Имала ајфон, не знам каков е тракингот преку ајфон, али исто така мајка и работи во А1.
Нели рекоа дека последната локација на телефонот не бил во релацијата дом-школо, тоа плус недостапен телефон, нема поголем аларм.
И многу се навлегува во тоа дали се "знаело" за ваква опасност или не и дали затоа веднаш се јавила учителката, што е воопшто тоа битно. Малолетно лице е исчезнато, веднаш треба да се алармира.
Ние Македонците ако имплементираме Амбер Алерт пола од луѓето ќе му поставуваат прашања и ќе се јавуваат во контакт центар.
По интернетов сретнав само една слика околу тоа каде живеело девојчето и каде е последниот сигнал забележан на телефонот. Не можам да тврдам дека е точен, дека го имаа постирано во коментари.

FB_IMG_1701359388343.jpg

По посторанава слика, девојчето живее некаде во околината на фонтана во парк.
Според местово на кое е изгубен сигналот, треба да има одено од боемска, па од кај Силбо требало да премине кај универзална и од таму само право и после две улички стигнуваш до Песталоци.
Поблизок пат би бил ако одиш директно од кај круг кафичот, преку Правда, па од Ла Делишес право и само десно излегуваш директно во Песталоци.
Не знам кој и бил стандарден пат, ако е првиот, тогаш не е дека скршнала од патот. Едноставно излегуваш од кај Апче, тука кај Силбо или малку потаму кај Броз и се губи трагата. Можеби влегла во кола, можеби ја внеле во кола. Како и да е Партизанска е скоро главна улица во Скопје, просто невозможно е да не е забележано никаде влегување во кола.

Сомнителни улици попатно скоро и да нема, појезиви места се само премините низ Коле Неделковски, патчето околу Песталоци кое ниту едно дете нема потреба да го оди за да дојде до школо (во периодот кога пријавуваа бомби по школиве, ставика обезбедување во дворот на школото и не даваа да се минува низ школото, па морав да кружам по патчето и затоа го знам теренот одлично), како и патчето што искача меѓу Правда и Круг кафичите.

Можеби ова со локацијата на мобилниов е главен причинител кој не води во сосема друга насока на размислување.

Скоро секое сабајле баш тоа време одам со точак по Партизанска и баш ми е криво што во понеделникот се решив да одам по Теодосиј Гологанов. После 7 веќе има доста коли и на секоја автобуска станица има еден куп деца што одат во школо и луѓе што одат на работа. Па невозможно е никој ништо да не видел...
Во тој дел тоа време се местат и продавачиве на цвеќиња пред Буњаковец, работат пекариве попатно.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
На секое дете му треба сталожена мајка, а не параноична мајка која му врти после секој час да провери каде е, дали јадело, и постојано му проверува социјални мрежи, и го контролира каде е.. Треба да се има одредена контрола, ама не до толку јас да ја кренам цела држава на нозе за 10 минути колку што детето каснело кога учителката се јавила дека не е дојдено во школо.. Во ред е да си претпазлив, ама за 10 минути колку што детето каснело во школо, да пријавиш во полиција, треба да си екстремно параноична паночарка мајка.. Во случајов се покажа дека паниката е оправдана, ама во 99.9% од случаите вакво нешто е непотребно.
Дете може да ти исчезне од видик за 1 минута, верувај дека некогаш чекање 10 мин за да се реагира се многу. Најверојатно мајката си го знае нејзиното дете најдобро, затоа и веднаш пријавила. Сигурно не било својствено за девојчето да касни/бега од часови, а и кај ќе оди во 7:30 наутро аманте.
75 минути е премалку за да се пријави исчезнување на 14 годишно дете. Едно е да е 3-4 годишно, друго е на 14 години. Сепак стравот, за жал, бил оправдан. Може ова да се реши многу едноставно. Секоја злоупотреба на полиција/брза помош и пожарна (за лажна узбуна) да биде казниво. Секој да може да побара помош од службите, но ако е лажна узбуна, да биде казниво, и тоа барем 2-3 илјади евра. Па бујрум, кој ќе се јави ради реда, удри го по џебот.

А за овој случај, немам коментар. Језиво у секој случај.
Затоа се викаат ИТНИ служби. Бидејќи во такви моменти немаш момент да седнеш и да разглабаш дали некоја ситуација е лажна узбуна или не. Некогаш и секунди значат.
Затоа и амбер алертот за кој толку се труби се праќа како бродкаст веднаш по дојавата во полиција. Прво се праќа алертот, па се започнува со работа на случајот. Конкретно за овие случаи со исчезнати малолетници ( под малолетник е и 2-3 годишно дете како и 14 годишно ) треба да се реагира експресно, од родители до полиција. Едноставно кога се работи за деца нема нешто како лажна узбуна.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Нема потреба да се паничи веднаш после толку краток период.
Случкава е само причина плус да им свирнат во глава алармите на сите родители. Не верувам дека после ова што се случи на сред бел ден некој родител нема да паничи ако не си го добие детето на телефон и ако не знае каде е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom