Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.319
- Поени од реакции
- 12.336
- Локација
- Македонија
- Веб-сајт
- heptagramxi.wordpress.com
Тоа е така бидејќи сеуште постои она старото верување „мојата вистина и разбирање е апсолутна на Земјата“ и не дава варијации и промена - надминување....од толку многу вистини никако да се мрднеме од војните,убивањата и разорувањето на сето она што не прави уникатни и поголеми од животот
Со вековното постоење на ова верување се додадени купишта философии и оправдувања/забрани и измислени казни ако некој се обиде да прифати друга вистина дури и истата да го мава како леска по грбот 100 пати!
Во минатото ако не си дел од вистината која налегнала врз селото - не си дел од селото, не си дел од општеството. Отпадник.
И тоа сеуште се проповеда... едно верување се обидува да се наметне како некоја форма на припаѓање.
Припаѓаме само на човештвото! Не припаѓаме на христијанството, исламот, будизмот, хиндуизмот, таоизам или што и да е овде на Земјата... тоа се само алатки!
Разберете еднаш за секогаш дека тоа се само алатки потребни за човекот. Сите имаат свои искушенија и свој пат за одење - но треба да намалат да проповедаат како што го читаат во книгите кои им паднале во раце и со тоа да ја продолжуваат раката на оние кои мислат дека имаат право да осудуваат нечиј пат бидејќи не е според „нивната вистина и разбирање“.
Не може да имаме шеријатски закон на Земјата нели?

Или сакате да имаме?
Сакате да ја вратиме Византија или подобро да не ја враќаме?
Големата победа ќе ја имате во однос на вистината кога секој што ви проповеда догма и непроменливост едноставно нема да го слушате - поточно ќе имате храброст да му кажете да молчи и да си бара други жртви на кои ќе им ја проповеда таа негова вистина во која верува и која е секогаш, ама баш секогаш насочена против дургите.
И за крај:
“Мора да живеете, да создавате по тој Закон кој што сте го прифатиле по своја волја.
И тогаш нема да се промените, само ќе се спознаете подобро и ќе ги растргнете мрачните превези на Вашата вистина која била извалкана од незнаење и недоволното искуство.
...
Единствена вистина е таа: дека Вие само ќе се разоткриете себе си и ќе знаете зошто сте, колку сте, каде сте и како со сето тоа за да се надминете!“
- Вистината: внатре или надвор?