Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
...од толку многу вистини никако да се мрднеме од војните,убивањата и разорувањето на сето она што не прави уникатни и поголеми од животот
Тоа е така бидејќи сеуште постои она старото верување „мојата вистина и разбирање е апсолутна на Земјата“ и не дава варијации и промена - надминување.
Со вековното постоење на ова верување се додадени купишта философии и оправдувања/забрани и измислени казни ако некој се обиде да прифати друга вистина дури и истата да го мава како леска по грбот 100 пати!
Во минатото ако не си дел од вистината која налегнала врз селото - не си дел од селото, не си дел од општеството. Отпадник.
И тоа сеуште се проповеда... едно верување се обидува да се наметне како некоја форма на припаѓање.

Припаѓаме само на човештвото! Не припаѓаме на христијанството, исламот, будизмот, хиндуизмот, таоизам или што и да е овде на Земјата... тоа се само алатки!
Разберете еднаш за секогаш дека тоа се само алатки потребни за човекот. Сите имаат свои искушенија и свој пат за одење - но треба да намалат да проповедаат како што го читаат во книгите кои им паднале во раце и со тоа да ја продолжуваат раката на оние кои мислат дека имаат право да осудуваат нечиј пат бидејќи не е според „нивната вистина и разбирање“.
Не може да имаме шеријатски закон на Земјата нели? :)
Или сакате да имаме?
Сакате да ја вратиме Византија или подобро да не ја враќаме?

Големата победа ќе ја имате во однос на вистината кога секој што ви проповеда догма и непроменливост едноставно нема да го слушате - поточно ќе имате храброст да му кажете да молчи и да си бара други жртви на кои ќе им ја проповеда таа негова вистина во која верува и која е секогаш, ама баш секогаш насочена против дургите.

И за крај:

“Мора да живеете, да создавате по тој Закон кој што сте го прифатиле по своја волја.
И тогаш нема да се промените, само ќе се спознаете подобро и ќе ги растргнете мрачните превези на Вашата вистина која била извалкана од незнаење и недоволното искуство.
...
Единствена вистина е таа: дека Вие само ќе се разоткриете себе си и ќе знаете зошто сте, колку сте, каде сте и како со сето тоа за да се надминете!“
-
Вистината: внатре или надвор?
 
За да знаеме што е вистина, треба да знаеме и што е не вистина.
Вистина не е едноставно она во кое веруваме, оти лагата во која веруваме, останува пак лага.
Дали на верувањето му треба вистина!?

Вистина е дека тука на форумов, Хепта ја користи секоја прилика да го спомне неговиот А.Кроули....( а зине, телема изаџе) :P
 
...која е смислата на верувањето ако нема некоја "вистина" во него?
...проблемот е што ние тендираме вистината да ја прифаќаме како апсолутна и неменлива :)
...знам,ќе потврдиш дека вистината е апсолутна и неменлива затоа што тоа се вклопува во твојата зона на комфор
 
Има проблем со тоа што јас зборувам за Телема? Ти смета што знам за Кроули и Телема?
Да умрам или да молчам барате само?
Приберете се и прифатете го светот дека е различен од вашето мислење за истиот или како сакате да биде... со векови не е она што велат дека е, ниту ќе биде...
Доста со негативно зборување за другите ако не сакате за вашата религија некој да зборува негативно (ако воопшто имате своја религија или верување)... бидејќи тогаш само се ежите... и кревате врева!

Јас сум тука на форумов од старт заради Телема и ништо друго... посветеност се нарекува тоа :)

А тоа што некому му смета Телема и нов еон - е негов проблем, се додека не се обиде да застане на мојот пат.... преку староеонски философии и ограничувања и да ми кажува што е правилно што не... :)
А проблем ќе се има во иднина, бидејќи еднаш кога ќе се намириса слобода - сето друго е зло!

Затоа и од петни жили се бараат начини да се „објаснуваат“ верувањата и да се бара да бидат присутни истите насекаде за да привлекуваат сеуште луѓе на картата на „прадедово огниште“, вистинска црква, вистинска вера, ќе горите, зло, сатанисти и слични муабети...
Ќе паднат нормално на вакви муабети многу од мноштвото, ама пак реков јас - секој со својот пат и секој со својата лекција денес...
Утре... други :)
Автоматски споено мислење:

...која е смислата на верувањето ако нема некоја "вистина" во него?
...проблемот е што ние тендираме вистината да ја прифаќаме како апсолутна и неменлива :)
...знам,ќе потврдиш дека вистината е апсолутна и неменлива затоа што тоа се вклопува во твојата зона на комфор
Сега ќе ти каже за смислата - ова е тип на човек што верата им е само слава дома, „кревање панагија“ или за некој светец, за да се поднапијат и доста е...
„Вечно да е името...“ муабет...

Ме иритираат вакви луѓе кога ќе дојдат и дрдорат сешто и за дургите а и за своето верување, „како чувстуваат“ им е најголемата вистина!
Две ракии и ништо не чувстуваш или имаш погрешни чувства - може беља да се направи!
 
Последно уредено:
Има проблем со тоа што јас зборувам за Телема? Ти смета што знам за Кроули и Телема?
Да, има проблем што си пристрасен, дрвиш само за Телема и си мизерија од модератор.

Приберете се и прифатете го светот дека е различен од вашето мислење за истиот или како сакате да биде... со векови не е она што велат дека е, ниту ќе биде...
Се утепа од делење лекции. А што ако светот е различен и од твоите желби и бладања? Од кај знаеш ти како е и како ќе биде?

Јас сум тука на форумов од старт заради Телема и ништо друго... посветеност се нарекува тоа :)
Па не баш. Тука си да труеш, да држиш непобарани лекции, и да имаш публика. Тоа се нарекува having no life. Смајли.
 
Она за шо нема дилема е дека Исус се родил како евреин,живеел како евреин,проповедал јудаизам како рабин и умрел како евреин.
Кога е распнат на крстот пишувало "Исус од назарет,крал на евреите" сигурно имало причина зашто го заковале тоа парче текст на крстот.
Исус никаква црква не создал туку дел од неговите следбеници по неговата смрт го прогласуваат за светец,некои го прогласуваат за син божји,некои го сметаат за исто со бога и тие создаваат христијанства кои и ден денес се такмичат која е правата црква католичка протестантска православна или некоја петта црква.
Исус нема врска со тоа,тој да видел што направиле неговите следбеници ке им врзел по некоја заушка да се опаметат и да се вратат на правиот пат кој според него е јудаизмот.

Трај си...
Автоматски споено мислење:

...вистината,голем синоним на непобедливоста на фактите
...за жал,одкако постои човекот е најмоќната алатка за манипулација :)
...од толку многу вистини никако да се мрднеме од војните,убивањата и разорувањето на сето она што не прави уникатни и поголеми од животот

Војните се зачнати уште од моментот кога Каин го убива Авел и од тогаш не престанаа...а ниту ќе престанат.

Постоењето на мноштво вистини само по себе е проблематично, затоа што не можат да постојат повеќе вистини истовремено, туку само една. Од тоа мноштво (вистини), произлегува и манипулацијата со нив и преку нив.

Личен избор е кон која од нив ќе се приклониме што во таа вистина препознаваме...
 
Последно уредено:
А што ако светот е различен и од твоите желби и бладања? Од кај знаеш ти како е и како ќе биде?
Различен е... но не смета разликата. Смета нетолеранцијата која ровари со векови наназад и ти сега ми доаѓаш и ми бладаш како јас сум труел со Телема, па и модератор лош (бидејќи ти репам казнени на твоите саркастични постови и навреди тука)... јас само зборувам за Телема, колку можам и знам... :)
Критикувам стари религии, дури и ги боцкам обичните верници да видат како е кога тие секој и сешто обвинуваат со глупи муабети, а самите се апсолутно незапознаени со учењата во кои веруваат...
И тогаш сите кревате врева... и тоа е добро :)

И наназад ова го реков:
Ама што сега фалус Телема ти е виновна за денес ситемот каков е? Нели ти велам дека е исто од минатото само сменети улоги! Доста гледате дуално на нештата... ова сега не е од нас, од оние кои следат Телема. Од старите е, сеуште такви бирате да се на власт, сеуште не разбирате дека мора да се ослободи човештвото од тој хибрид од минатото кој што се обидува да мутира... правете разлика да се плукнам на работата веќе :)

Ништо не ни смета.
Освен нетолеранција. Единствено кон што сме нетолератни е нетолерантноста.
:sneaky:

Јас ништо не продавам. Ти вака запален ќе зборнеш некаде за Телема, глупости нормално - бидјеќи така ти доаѓа - некој ќе те слушне, ќе побара да види што тоа ти глаголаш така напален, ќе најде - ќе те одмине тебе и ти што имаш да кажеш со твоите талкања насекаде и не знајќи кај тераш бидејќи сакаш старото, но да е како ново, да не е баш статоро јер попови и цркви. Не го сакаш новото јер секој имал слобода, како тоа геј луѓе ќе ми има - сите на бесилка...

Како тоа пракса и ќе верува некој во што мисли дека треба да му е највисокиот идеал? Не може! Така? Зошто? бидејќи ти не знаеш со другиот да живееш што е различен од тебе! НЕ МОЖЕШ и тоа е лошо.

Што те гледам чуден и напален да се расправаш со мене за глупости и погрешни идеи што ги имаш за Телема. Сето друго што ти смета тебе во животот и тоа што ти пласираат наоколу сите не може да го препишеш на Телема - сеуште не сме дојдени на оние столчиња каде ќе одлучуваме ние за законите во еден правен систем - исто и за религиите... :)
Рано е... мислам, стварно е рано - може само да ве убедуваме да ја откриете вашата волја и да ја извршувате дури и да умрете за тоа!
ЗА љубов еднаш се умираше, не како вас денес - кукавици!

Ти велам 100 години е малку... кај беа христијаните 100 години? Ништо пишано немаме... дури потоа излегоа, но не се зачуваа добро - наследниците ги упропастија нештата.

И ќе ти повторам: тука сум за Телема, не за да другарувам со вас и да ви бидам „по мерка“. ПО ѓаволите секоја мерка :)
Така да намали доживљај - уживај...
 
...која е смислата на верувањето ако нема некоја "вистина" во него?
...проблемот е што ние тендираме вистината да ја прифаќаме како апсолутна и неменлива :)
...знам,ќе потврдиш дека вистината е апсолутна и неменлива затоа што тоа се вклопува во твојата зона на комфор
Зарем некој знае која е смислата на животот?
Тоа е токму тоа, смислата на верувањето е да " виси " во воздух...не стои таа цврсто на земја, не треба да се обелоденува, да се бара, да се докажува.
Колку повеќе дознаваме. толку повеќе не разбираме.
не се замарам да барам вистина, но се нервирам кога некој упорно и арогантно сака да се меша во моите верувања.
 
Зарем некој знае која е смислата на животот?

Да бе-враќањето на човекот во (изгубената) заедница со својот Творец.

Е ај сеа кажи дека не знам...:icon_lol:
 
А бе- знаеш дека има смисла....:bravobe:

Не да нема смисла.
Откако душата ќе го напушти материјалното тело, секако повторно ќе е во заедница со универзалниот центар / креатор. А и додека сме на планетава, пак сме дел од креаторот.
 
Нема врска тоа со Телема дали е добра или лоша.
Сама по себе Телема нема страна, таа е над сето тоа... зависи од човекот од што е направен и како намислил да ја применува... нормално за христијани и муслимани се е сатанизам ако не е баш таа христијанска црква на која припаѓа човекот или човекот дали е шиит или суни муслиман.
Човекот е научен постојано да слуша за туѓото дека е сатанизам и зло и погрешно и дека светот е во лоша состојба заради токму тоа и тоа учење - и за ништо друго!
Дури одат и до таму да зборуваат лошо за луѓето бидејќи ете не се од нивната религија или се атеисти... што имаме ние со поединецот?
Бил муслиман? Не барај демократија сине! Ти си за шеријатски закон!
Бил христијанин? Носи си шамијата, позади мажот и тоа е тоа - на сила никој не ти рекол да бидеш тоа што си сама избрала!
Затоа немате право за никој и никогаш да зборувате како погрешно верува, како е злобен, како е сатанист бидејќи не смета дека вашите идеали се и негови!
Разберете го тоа и ќе се намалат многу проблеми - ќе се намали национализмот поттикнат од религиите и делењето на народите, за старт... :)

Лошо применување на Законот на Телема, носи страдање и моментални последици, добри или лоши... затоа треба внимавање и познавање на себе си.
Нема во Телема, чекај че умреш па ќе ти пресуди не знам кој... природата не чека да се извршуваат нејзините закони - дејствува веднаш, исто и Телема :)

Затоа и толку зборување за тоа дека „Прави што ти е волја“ не значи „Прави што сакаш“ и исполнувај си ги желбите како доаѓаат во умот... бидејќи неупатените и злонамерниците така го претставуваат Законот на Телема. И тоа води до грешки... големи.
:coffee:
Автоматски споено мислење:

П.С. И пробајте го ова и напишете :)
Ајде Хепта, пробај и ти визуелизирај што прави правиот верник, кајо кон себе, така и кон останатите луѓе и воопшто за човештвото.
Не е верник тој што има лист хартија од црква дека е крстен, не е верник тој што има дома икони, крстови, бројаници кои му служат како декорација на домот.....
Исус убаво рекол- " Какво е стеблото, таков е плодот"
Здраво стебло има здрави убави плодови, верник кој ги почитува и применува божјите заповеди е благодет за човештвото..и не е кажано бадијала - Кога сите би ги почитувале божјите заповеди, животот на овој свет би бил најсреќен.
 
Е сега отвори Премин порталот и побарај есеи во полето Search за јога и источните учења што велат свештеници. Не обичи верници како тебе, туку свештеници...
И дојди кажи ми за плодовите, бидејќи обичниот верник е плод на овие, првите!
Или грешам?
Побарај и дојди кажи ми...
 
Немам намера да читам, но ти биди добар и пиши што велат тие свештеници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom