Вселенски брод за Марс

  • Креатор на темата Креатор на темата grunff
  • Време на започнување Време на започнување
добар тестов испаднал, али изгубиле контакт после 10 мин. Требало да слета ракетата но експлодирал делот со моторите.


Интересна симболика за бројот 33, а нормално ќе експлодира, кога удриле во небесната купола (firmament). :icon_mrgr:
После одвојувањето, каде отиде горниот дел од ракетата и зашто нема или не даваат видео од нејзе како пичи во вселената....

Ја изгубија технологијата за патување до месечината, ама затоа без проблем на Марс ќе идеме :confused:
 
Интересна симболика за бројот 33, а нормално ќе експлодира, кога удриле во небесната купола (firmament). :icon_mrgr:
После одвојувањето, каде отиде горниот дел од ракетата и зашто нема или не даваат видео од нејзе како пичи во вселената....

Ја изгубија технологијата за патување до месечината, ама затоа без проблем на Марс ќе идеме :confused:

изгубиле и со бродот контакт, не знам дали е уништен или лебди некаде во бесконечноста. Иначе многу од тие мозоци работат за Маск. Ќе направат нов и подобар брод, и ова е успех што барем отишла во вселената ракетава.
 
Ја изгубија технологијата за патување до месечината, ама затоа без проблем на Марс ќе идеме :confused:
Ако е изгубена не може нова да се развие?

Не е технологијата во таа смисла изгубена, него луѓето што работеле на Аполо програмата, како и процесите при развивањето и производството на компонентите се одамна заминати, секој во своја смисла.

Но и да не е така, не можеш со технологија стара повеќе од пола век да одиш напред.

Како главна причина или кочница за понатамошниот развој може да ја посочиме цената.
Едно лансирање на Сатурн 5 чинело преку 2 милијарди долари, пред 50тина години.
СпејсИкс, планира едно лансирање на Старшип да не чини повеќе од 2-3 милиони долари и помалку, т.е. само цената на горивото. Тоа е не 50%, не 3 пати, не 10, туку 1 000 пати подобрување во однос на цената.

Дури е да не ти е изгубена технологијата, не одиш далеку со таква пресметка.
 
изгубиле и со бродот контакт, не знам дали е уништен или лебди некаде во бесконечноста. Иначе многу од тие мозоци работат за Маск. Ќе направат нов и подобар брод, и ова е успех што барем отишла во вселената ракетава.

Тие "мозоци", следен пат нека користат некоја подобра комуникациска технологија, греота е туку така да изгубат контакт :anco:

Ако е изгубена не може нова да се развие?

Па еве чекаме неколку децении, сеуште мозоците не успеале.

Не е технологијата во таа смисла изгубена, него луѓето што работеле на Аполо програмата, како и процесите при развивањето и производството на компонентите се одамна заминати, секој во своја смисла.

Но и да не е така, не можеш со технологија стара повеќе од пола век да одиш напред.

Да де, оправдувања колку сакаш. Старата ја нема, со новата па ич, ама битно на Марс идеме. :anco:
 
Трето лансирање на Старшип, досега најуспешно. Согори при враќањето назад, на 65 км надморска висина. Не успеа меко да се спушти над Индискиот океан како што беше предвидено.


 
Последно уредено:
Започна одбројувањето за 5-тото лансирање на старшип, кое ако нема одложување ќе се случи за околу 24 саати.

Се очекува многу повеќе во однос на предходните лансирања, односто спасување на првиот степен. Треба да биде фатен со огромната роботска рака "Mechazilla". Вакво единствено слетување се применува за прв пат и би требало да потврди дека концептот е добар. Вториот степен ќе слета меко во Индискиот океан некаде близу Австралија. На следнава анимација е прикажано како тоа треба да изгледа.

Инаку пред 4 месеци се случи 4-тото лансирање , кое беше потполно успешно, меко слетаа во океанот и првиот и вториот степен што е голем успех за ваква огромна ракета. Снимка од 4-тото лансирање:

Ова е веќе лудо темпо на изградба и лансирање. Да не заборавиме во првиот степен има 33 раптор мотори, вториот 6 (3 мотори се рапрор вакум). Елон Маск најави лансирање за две години на 5 старшип брода на Марс, нормално без екипаж.

Во меѓувреме при крај е изградба на уште една лансирна рампа Starbase , Бока Чика - Тексас, што навестува дека темпото на лансирање ќе се зголеми. Се гради и уште една лансирна рампа на Флорида, Кејп Кенеди од каде СпејсЕкс ги лансира Фалкон 9 ракетите, но за тоа друг пат.
При крај е изградба на на огромна фабрика за ракети -Starfactory. Многу пари се во игра, никој не ни може да го следи ова темпо што го наметна Елон Маск. Ова да биде успешно ќе го поедностави и драстично поефтини лансирањето на сателити и воопшто достапноста на орбитата околу земјата, кратење на патувањето од една до друга точка на Земјата , а дури на крајот е евентуалното патување на Марс.
Нормално сето ова го намириса и Пентагон. За очекување е прво да најде воена примена и можеби е подобро сето ова да не успее.
 
Последно уредено:
Им успеа ова слетување, бустерот слета на роботската рака неоштетен, што им беше примарна цел. На прагот сме пред револуција за патување во вселената. Бустерот со моторите да може да се користи повторно и повторно со што драстично ќе се смалат трошоците.
За вториот степен, старшип бродот е помалку јасно што се случи. Изгледа меко слета во самиот океан како што беше предвидено, но експлодира кога се преврте. Има тука уште доста работа, треба и старшип бродот да слетува на роботска рака исто како бустерот, а не во океанот. Но за тоа во следните тест лансирања.
 
На прагот сме пред револуција за патување во вселената. Бустерот со моторите да може да се користи повторно и повторно со што драстично ќе се смалат трошоците.
Наскоро ќе почнат да ги летаат секојдневно.
Имам тука накратко пишано колку револуционерно е леталово.
Неверојатно е колку SpaceX беа напред со Falcon 9, ова е веќе недостижно за останатите.
А планираат да го надоградуваат многу повеќе. Конечно напредок на ова поле, после повеќе од пола век.

Туку само да се потсетиме легендава:
Све им е фалично, лансирнава рампа не им ја бива, џабе да лансираат нова кога едноставно е прејак потисокот. Треба да направат покласична рампа како оние на Баиконур.

Настрана што и дизајнов со многу мотори е сомнителен и неговата отпорност на многу циклуси како што планираат да го користат.

Стотици милиони им отидоа у пламен за очигледни работи кои секој инженер што има искуство со ракети би ги знаел и би ги избегнал.

:D
 
Мене ме интересира како Fake X напредуваат со лансирање Tesla автомобили во вселената? :pos:
 
Јас навивам, иако тешко во догледно време поради специфичните услови, едно од потенцијалните места на слетување да биде платото Тарсис или долнината/кањонот Маринера. POV слика oд ровер од Олимпус Монс или кањон Мелас би било нереално...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom