Вселенски брод за Марс

  • Креатор на темата Креатор на темата grunff
  • Време на започнување Време на започнување
Решението за лансирната рампа ми изгледа дебилно, секаде е тоа многу поинаку решено, не им е идејата веројатно да ја поправаат после секое лансирање. Цел кратер ископала ракетава, а летаат парчиња на сите страни од подлогата и може лесно да ги оштетат моторите.

1682052022854.jpeg

 
И јас ја приметив сликава сабајлево, дефинитивно нешто може да ги оштетило некои од моторите. Типичен launch pad не изгледа вака за ракета, поготово не олку тешка ракета со толку мотори.
 
de be luge probno e se ova. uste eksperimentiraat. jas ne ocekuvam vakov zver da poleta vo orbitata uste 2-3 god. fakt e deka imaat napredok i deka najverojatno veke progresirale do maksimumot do kade moze bez praksa.
 
Летаа парчиња бетон веројатно на повеќе од километар од ракетата:


de be luge probno e se ova. uste eksperimentiraat. jas ne ocekuvam vakov zver da poleta vo orbitata uste 2-3 god. fakt e deka imaat napredok i deka najverojatno veke progresirale do maksimumot do kade moze bez praksa.
Веќе имаат втора и трета ракета спремни за летање. За некој месец ќе има втор обид. Имајќи предвид дека и првиов беше многу блиску до орбита, мислам дека скоро сигурно ќе успеат на втора.
 
многу разбирање некако од луѓево за неуспехов. Као го викаат тоа cope mechanism на англиски. Олку на неуспех некој да се радува немам никогаш видено :D

Све им е фалично, лансирнава рампа не им ја бива, џабе да лансираат нова кога едноставно е прејак потисокот. Треба да направат покласична рампа како оние на Баиконур.

Настрана што и дизајнов со многу мотори е сомнителен и неговата отпорност на многу циклуси како што планираат да го користат.

Стотици милиони им отидоа у пламен за очигледни работи кои секој инженер што има искуство со ракети би ги знаел и би ги избегнал.
 
многу разбирање некако од луѓево за неуспехов. Као го викаат тоа cope mechanism на англиски. Олку на неуспех некој да се радува немам никогаш видено :D

Све им е фалично, лансирнава рампа не им ја бива, џабе да лансираат нова кога едноставно е прејак потисокот. Треба да направат покласична рампа како оние на Баиконур.

Настрана што и дизајнов со многу мотори е сомнителен и неговата отпорност на многу циклуси како што планираат да го користат.

Стотици милиони им отидоа у пламен за очигледни работи кои секој инженер што има искуство со ракети би ги знаел и би ги избегнал.
Не е неуспех. Така функционираат.
Градат нешто, го тестираат. Гледаат од тестот што чини, што не, и следната итерација тоа што не чини ќе биде средено.
Во следниот тест, повторно истото, само подобрени работите што не успеале во претходен тест.
Така работеа со Falcon, така работеа со Starship, така ќе продолжат и со целиот проект.

Многу е побрзо и поефтино.
 
Елон Маск:
Пред 3 месеци почнавме да градиме масивна челична плоча што се лади со вода која ќе оди под носачот за лансирање.

Не беше подготвена на време и погрешно мислевме врз основа на статички податоци дека Fondag(специјален бетон од кој што е направена подлогата) ќе помине 1 лансирање.

Изгледа дека ќе можеме да бидеме подготвени за повторно лансирање за 1 до 2 месеци.
-----------------------------------------------------------------------------------------
FuPvv2mXgAIJgui.jpg

 
Последно уредено:
Еве една добра анализа за падот и зошто треба да направат поголем ланч пад.

 
Едно мислење пред вториот лет.

Повеќето луѓе немаат претстава колку револуционерно ова летало ќе биди ако развојот помини во ред.
Не само реискористувањето, туку можноста тоа да биде направено без одржување, ќе ја симни цената доволно, што орбитата ќе биди достапна за обичните луѓе. Не веднаш, но после некое време, откога ќе се воспостави масовно производство и ред други работи.

Ова ќе отвори буквално нова економија, space economy.
Производство во вселената, рударење, туризам, истражување и еден куп други работи.
Десетици, стотици илјади луѓе ќе бидат редовни таму горе, и тоа за релативно брзо време.

Има голем потенцијал за примена и на Земјата. Патување од една до друга страна за помалку од сат, каде било.
Воена употреба, карго итн.

Сето тоа без да се спомни примарната цел на SpaceShip - колонија на Марс.
 
ние овде на земјата ја наредивме работата, па сега уште за таму.

А овај црвено-пилавиот би го лансирал ко ништо таму.
 
Одлично промотивно видео во очекување на лансирањето на Starship:


Потенцирани се главните промерни (подобрувања) во однос на првото неуспешно лансирање. Наводно направени се повеќе од 1000 подобрувања од самиот дизајни на бродот до лансирната рампа, сето ова само за пола година.

-Најважните се надградената лансирна рампа, вклучува челична плоча преку која со систем од пумпи треба да се исфрли огромни млазеви на вода и така да се превенира оштетувањето на подлогата.
-Нов систем за сузбивање на пожар. Откажувањето на некаолку мотори за време на предходното тест е поврзано со пожарот кој избил кај моторите на долниот степен поради собирање на метан, горење на кабли, прекин на конекцијата со главниот компјутер.
-Потоа, нов електронски систем за контрола на векторот на потисок.
-Помеѓу првиот и вториот степен додаден е дополнителен прстен. Има функција да овозможи палење на моторите на горниот степен додека е сеуште поврзан со долниот бустер. Може да обезбедеди дополнителен капацитет на ракетата за околу 10% , поточно да се зачуваат овие проценти. Проблем е кај сите ракети е оваа меѓуфаза, кога се одвојуваат степените на ракетата таа нема погон и успорува и со тоа се намалува носивоста.
 
и ова некако ми е многу сумливо, таа рампа е неприкладна за толкава ракета, пак ќе раскопа и ќе уништи све околу. Треба да направат саглам космодром.
 
и ова некако ми е многу сумливо, таа рампа е неприкладна за толкава ракета, пак ќе раскопа и ќе уништи све околу. Треба да направат саглам космодром.
Изгледа не може поинаку на тој простор. Тоа е буквално плажа, Boca Chica Beach, инаку ова со млазеви вода го имa и на kaj NASA лансирните рампи.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Во очекување на официјално соопштение од СпејсЕкс, добро е и ова на Скот Манли. Сепак ова е голем чекор напред, следните ракети се во различни фази на изградба, ќе треба да се модифицираат во согласнот со податоците од последното лансирање, лансирната рампа е ок и не би требало да чекаме пола година за следното лансирање.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom