Јас се откажав години наназад, за борба воопшто не ни планирам, кој сака нека се тепа за баграта, мафијашите и шерифите, сè додека не ги видам на смртна казна јавно да бидат погубени пред луѓето како некогаш шо се праело, промена нема да се случи, ниту пак верувам дека че се случи. Кој сака, нека се бори, кој не сака, нема да се бори.
Неколку години пишувам на форумов дека нема ништо да се смени и дека сè полошо че дојди. Ако толку сака некој промена, нека земи пушката и нека крева револуција против изродиве. А како шо седат сите со скрстени раце, посебно тие шо се најмногу за вештачково создание, ништо нема да се смени. Ако ние престаниме да постоиме како народ и држава, светот пак че си продолжи нормално да функционира, земјава нема да престани да се врти, планетите пак че си вртат, сè че си се одвива нормално.
Некогаш постоеле Асиријците, Месопотамците, Вавилонците, Баскијците, Готите, Азтеките и полно други народи, ама тие исчезнале, престанале да постојат со векови, сега се во историјата, ама светот пак нормално си функционира без нив.
Честопати се случува наместо орел, каква што би требало да биде државата, таа да се претвори во чавка што ги колвa своите граѓани. На збор е подготвена да умре за нив, додека во стварноста, не прави ништо. - Старец Пајсиј Светогорец