Уште една победа извојувана на мускули. Воопшто не ми се допаѓа како изгледа тимот. Не е ова една или две утакмици вака, веќе некое време екипата игра непрепознатливо.
Не сум сигурен дека клубот оди во добар правец, се надевам дека се уште има време за напредок и сеуште не е доцна да се сменат работите на подобро, за да се спаси сезонава и веќе да почне тимот да заличува на тоа што треба, клуб од највисоката европска елита.
Левандовски денес даде 2 гола, ама многу е паднат во формата, непрепознатлив е.
Точно дека беше повреден, ама ова му е веќе четврт натпревар откако се врати и сеуште не е на нивото на кое што треба да биде.
Репрезентативната пауза е добра прилика малку да се средат некои работи кои очигледно не функционираат како што треба. И под услов да се вратат сите здрави.
Ова исто така е показател на не баш најдобра атмосфера, не треба вакви работи да се случуваат.