Ја ништо не славам, само видов дека верата постои за да го дере народот и некој друг да се богати во име на накаков бог, имам пишано за тоа овде, ама ајде па, пред 10-тина години кога немав леб да јадам ме пратија да однесам панагија (можеби на други места и поинаку се вика) во црква за славата, ми дадоа 1000 и нешто и ми кажаа што да купам, купив лепче, крпа ова она, свеќи, нешто оставив на иконите ова она и ми остана 1000 и 50 денари и нормално имаше еден куп народ во црквата и одвај се изгурав да дојдам на ред и оставив 50-ка и овој попот ми вика 100 денара е, среќа се погодија постари што ме познаваа и одма му свикаа, па дете е шо знае, мош току има,
штом така сакаат така нека си тераат, на толку пари сте слушнале некогаш да помогнат на некој, собираат за цркви, собираат за се и сешто и на што ги трошат тие пари, најнормално за своја лична корист, уште на времето таму 90-тите кога имало еден поп во цел град, он прв купил компјутер во градот за неговите, одел во Куманово многу пати да мења марки и овие од менувачниците го гледаат со брада несреден и го прашувале што работеш па толку пари имаш, демек рекол бизнис имам, може и да не е точно дека тоа го рекол, ама се знае дека одел да мења пари.