Кина излага од фазата на аутсорсинг држава, затоа поназад споменав дека лидери се во новите хај тек индустрии, не можеш да развиеш такви индустрии ако немаш барем релативно добар образовен систем, каде што е потребен огромен човечки капитал. Не ја спомнав во равенката претходно AIIB преку која позајмуваат пари како ММФ и финансираат проекти низ светот и со тоа го шират нивното влијание.
Тука кога се зборува за растечка Русија, ја се надевам дека потенцирате на шта би било кад би било. Кога ви ги вадам на маса аргументите, ми се реплицира со "во Русија направиле патнички авион и смартфон"

. Едно е да направиш нешто, друго е да станиш лидер во некоја индустрија.
Затоа викам и Европа има човечки потенцијал, можеби најдобро образование во светот, и имаат јака индустрија, па пак викам дека се тргнати во decline, пошто демографски стојат лошо, во идните индустрии ги нема никаде а плус си имаат и политички проблеми. Е сега, ако бев еврофундаменталист (како тука што мнозина се тупинофили) ќе ти ставев тука некој линк од ЕУ договори каде што има планови како да го средат европејците овој проблем и ќе ти речев види готово е, европејците се спремни за 10години ја поминуваат Кина оти подобро образование имаат

.
Иначе еве ја може не сум во право, ама мнозина од политички експерти го делат истото мислење. И не ти викам што ќе биде за 40 години, не правам проекции, ти кажувам каква е ситуацијата денеска. За 20 години може ќе се случи економски бум во Русија како што се случи во Кина во 80тите, никој не очекувал во 70ти дека нешто вакво ќе се случи со Кина.
Поради истата причина и не зборувам многу за предвидената катастрофа што им ја препишуваат на Кина поради демографските проблеми што ги чекаат, ќе видиме кога ќе дојдат какви последици ќе има, за сега не се дојдени па далеку е Кина од распаѓање како што некој викаат.
Тука претежно се реферира на тоа што сакаа да се види, ти направив паралела горе со Европа, ако беа тука еврофундаменталисти ќе се викаше за Европа истото дека има човечки потенцијал, добро образование, паметна популација, веќе развиена индустрија, иако моменталната слика е поинаква.
И ако ме прашуваш мене лично, Русија е држава со неискористен потенцијал, историски многу научници и иновации ваѓале пер капита (уметностите како музика, литература и сл се плус), образованието им е прилично добро, богата е со ресурси, голема популација со релативно хомогено население. Не знам кој е проблемот зошто е каде што е, ама најмногу се сведува најверојатно на неправилни политичко / економски одлуки во текот на историјата. А пошто ги има сите одлики за потенцијална светска сила, хипотетички цела Европа би можела да е под нивна капа, ама тоа е што е.