Шарен бибер во зрно, ама рефус?
Не ми се плаќа за скапа амбалажа, имам мелница дома.
Кај пазарот во Тафталиџе (кај студентскиот дом Гоце Делчев), има супермаркет КитГо, внатре има продавница за зачини.
Има бел, зелен и црвен бибер, 3000ден/кг.
Ова е 100% информација, денес видов.
Друга опција е Бако, имаат продавница на Рекорд на автобуската накај Собрание.
Не сум влезен подолго време, но мислам дека би требало да има.
Трета опција е во Зелен пазар, има продавница за зачини, јаткасти плодови и суви овошја, од страна на делот со облека.
Порано беа две продавници, но другата не работи повеќе.
Таму немам барано зачини, само суви овошја имам купено, па не сум сигурен дали има.
И членот погоре што одговорил, тезгата на пазарот Буњаковец. Таа е во последниот ред, наспроти влезот на Стокомак.
Знам дека продаваат зачини, но не сум забележал точно што и по кои цени.
Ако поминам деновиве во Бако или Зелен пазар ќе пишам и цени.
Kade da najdam rice cooker, dali nekoj znae?
Моќност:500 W Индикаторско светло Капацитет:2L Чаша за Мерење За 14 порции ориз Готвење на пареа Автоматско загревање Материјал на капакот:стакло
www.neptun.mk
Иако лично не сум за ваков апарат.
Немам дома, но имам користено неколку пати.
Оризот како намирница е многу едноставен за правење, ваков апарат само зафаќа дополнително место.
Истиот начин на приготвување можеш да го направиш со обична тава со капак на рингла.