Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.686
- Поени од реакции
- 35.574
Нивната агенда е на овој или на оној начин, оваа држава како и целиот регион да останат под нивна контрола. Тие не само што не се ни обидуваат да „решаваат проблеми“, туку и ги создаваат проблемите по потреба.Што ми е поентата на толкаво досадно четиво. Наш најголем проблем е што Американците ни креираат (на сите на Балкан) политики на помирување и соживот. Тие пробуваат да решат проблем што не го разбираат. И не можат да го разберат. Затоа толку невешто го решаваат.
Досега не си оставил впечаток дека си наивен, но ова дефитинивно ти е наивен светоглед... Освен ако мислеше конкретно само на тој еден Амер.
Пакс Американа не е случајно Пакс. Им се дешаваат грешки, ама континуирано ништо не прават невешто во политиката. Овде демек континуирано се „невешти“ во решавањето на македонските проблеми, но реалноста е дека овде работите се токму такви какви им одговараат на нив. Слаба држава водена од однапред купени политичари, и држена во заложништво од нивните сатрапи кои од опинци сега се покондурени и не може влада да се состави без нив. Тоа со специјален непишан американски декрет, според кој се регулира кој со кој може да прави мнозинство.