Ќе го оставам ова овде:
Видеото е од пред две години.
		
		
	 
Во Западен брег нема Хамас ниту па пукаат ракети кон Тел Авив, па таму редовна појава е насилството над палестинците, живеат како во концентрациони логори.
Вака или така целта е една, палестинците да бидат истребени, во смисол да постанат безгласна буква, да бидат еврејски робови.
На крај и џамијата Ал Акса ќе биде уништена.
Инаку тука се спрема големо крвопролевање или пак заплашување на тие околу Израел доколку се обидат да спречат масакар во Газа.
После Сад и британците ќе пратат воени бродови во Израел како и ќе пуштаат дронови за шпиунажа околу Израел, Германија и понуди на Израел оружје.
Хамас се заканува или блефира (секако блефира) дека израелците ќе доживеат пекол ако влезат во Газа, им спремаат изненадување.
Израел продолжува со бомбардирање, досега пуштиле 6000 бомби над Газа, претежно се убиваат цивили што е логично кога рамниш цел блок згради.
За тие што не знаат, Хамас како кртови имаат копано низ цела Газа има стотина километри подземни тунели кои што се заштитени со бетон и се во длабочина до 30 метри под земја, внатре имаат цели бункери и простории каде се кријат они како и оружјето, така да рамнењето згради нема да ги погоди членовите на Хамас туку само цивилното население.
Претпоставувам кога ќе влезат израелците ќе има многу т.н.тунел бомби кои што веќе се употребуваат во Сирија.
Меѓутоа Хамас се осудени да изгубат, нема досега таква мала воена формација без подршка од воздух што можела да истрае на модерна, добро обучена и вооружена армија како што е Израел.
Имавме примери во Сирија во близина на Дамаск, исто укопани и фанатични борци, кои беа поразени од Асад.
Имавме Азов во Мариупол Украина кои исто така искусни и фанатични борци укопани во Азовстал, меѓутоа на крај беа поразени.
Иста судбина ги чека Хамас.