Леле не ми се дискутира на ваков начин преку релативизација. Немам ниту време ниту желба за тоа. Нема да ти реплицирам повеќе.
Преку дискусиите сакам да научам нешто и генерално сакам моите ставови и мислења да бидат базирани на историски факти и аргументи, а не на перење мозоци, пропаганда и пристрасност.
Палестинскиот народ има право да се бори за своите права и за своја држава, на регион кој што години наназад бил нивна теритотија, но тоа не треба да биде на таков суров и бездушен начин преку варваство, екстремизам и убивање цивили, жени, деца....без разлика што последните 75 години живеат како во гето, под постојано ембарго и без ниту малку хумани услови за живот.
И Евреите имаат право да сакаат да си основаат своја држава, но не на веќе окупирана земја. Башка последните години моќта беше на страната на Евреите и не направија ништо за да ја поправат ситуацијата. Напротив преку нехуманиот третман на Палестинците дополнително ја влошуваа низ годините.