Западот се ангажираше full-on во Украина. Им дадоа све. Си ги изгриндаа арсеналите во Украина. Нормално е, да се обидат нешто некои кои не можеле ништо до сега да напраат, баш ради спремноста и капацитетот на Западот, кој по почетокот на војната во Украина изгуби и доста политичка моќ (се зближија КСА и Иран, јуани наместо долари, несолидарност на поголемиот дел од светот во антируското поведение и тн. и тн), покрај тоа што ги испразни арсеналите.
Тие што сакаат сега нешто да се обидат, не мора и да покушаваат озбиљно, може пробинг, сега за сега. Не мора толку да се брза. Војната во Украина ќе трае. А Тоа значи дека ќе треба да трае и ангажманот, штедриот дотур, од Запад кон Зеленски. Иначе како?
Пробинг беше Тајван. Еве субсахарска Африка полека менува страна и други примери.
Во овој случај, нападот на Хамаз е добро изведен, но сам по себе нема никаква цел, освен ако не предвидува поголем конфликт со вклучување на повеќе страни. Сите тие напади завчера не беа тактички оправдани, без цел (на карта) беа. Целта беше да предизвикаат хаос, згрозување. Намерно снимаа злосторства. Израел да одговори флагрантно, како што се очекува и после да ради тоа да се вмешаат трети страни. Хезболах прво. Иран го бутка Хезболах и дури и не мора да се вклучи дирекно. Може само да го помага најотворено, како што Украина е помагана од Западот, како што субсахарска Африка е помагана од Русија и Кина и сл. Што ќе биде? Ќе го нападнат Иран? Сега, дур трае војната во Украина?
Може и Израел да одговори преекстремно, дури и за него, па Иран да се вмеша појако.
Да не беше војната во Украина сите овие други конфликти ќе изгледаа поинаку.
Пишував веќе дека ваква голема војна како украинската го потресува светскиот поредок, бидејќи главниот гарант на тој поредок е влезен јако со своите капацитети, а тие не се бесконечни. Им се трошат и политичките и материјалните капацитети. Не можат сега така лесно да изиграваат светски полицаец. Се создава вакуум, што е плодно тло за нови конфликти, поточно стари нерешени конфликти да се одмрзнат и све тоа иде како систем на споени садови. Така беше и пред Втора Светска војна. Втора Светска Војна не започнала на први септември 39-та, него после одлучиле тоа да биде датумот. Никој не знае кога почнала. Некои викаат после полско-советската војна од 1920.