Логично е за најпријатно греење/ладење, а и за помали стресови на машината, идеално би било на почетокот климата да употребува променлива сила но зависно од разликата меѓу постоечката и бараната температура, како и зависно од надворешната. На пр. ако собната Т е 20 а зададената 22, да почне да работи со 6-700 W, ако пак собната Т е 15 а зададената 22 значи разлика 7 (при иста надворешна во двата случаи), тогаш да почне со максималната која ја може па да спушта како се загрева, се до минималната, но не до минимална која ја може туку до минималната потребна да ја одржува зададената Т. Следствено, кај лошо изолирани или преголеми (според капацитетот на климата) простори не би била битна минималната модулација, џабе ќе има можност за спуштање до 150W ако загубите за таков простор се од 600W па нагоре. И обратно, ако некој друг простор има мали загуби и доволни се 150W за одржување при некоја повисока надворешна Т, тогаш ќе дојде до израз минималната модулација која климата може да ја оствари.
Според ова што го измерил #vlatko251 се чини ниту Грее ниту ЛН-от не започнуваат идеално, првиот започнува со макс. сила а вториот со малку прениска за да доволно брзо ја постигне бараната Т. Зарем толку е тешко да се направи добар алгоритам кој ќе спои вредности од два сензори и ќе даде оптимум?!