Здраво
Заинтересиран сум за купување на стан, како и сите и мене ме интересира цената која се движи од 1250 до 2000 евра. До пред 2-3 години имаше застој на готови станови(дали поради промена на власт дали некој мораториум, не навлегувам во тоа, но факт е дека имаше застој на понуда на нови стнаови), но последнио месец гледам дека има еден куп згради - комплекси ( со по многу станови) кој се завршени или се при крај, такви се: Diamond Of Skopje, ГТЦ Паркинг, Порта Сериум, Урабан Гарден, 4 степени Голден Арт, Џефахир 4-та кула, Жикол - Мерцедес, Corner Residnece, Cosmos, Skopje River Side, Skopje River 1,2,3,4. East Gate Living и може некој други во Кисела вода и Горче. Сите овие се Комплекси од Згарди со по околу 300 до 1000 станови.
Кога идам да прашам ми покажуват еден куп станови значи има на продажба, прашањата за кои сакам да се размилува се следниве:
Дали цената која ја кажат при пазарање има простор за драстично намалување (20-25%)? пример ако е станот 1250 да го намалат до 1050 или 1100 или се стрикни на цените?
Дали во наредните месеци се очекува намалување нацената на становите, или барем вракање како на пред 2 3 години,пример тој стан да што е 1250 да биде 1050 и слично, Бидејки релано наредните месеци излегуваат страно многу понуди за нови станови во Гази баба или Аердром?
Јас од една страна мислам дека ке има намалување на цената на станови, но од друга срана има голема инфлација 15 до 25 проценти на годишно ниво. Така да стан што пред 4 години бил 1000 евра сега е 1300 евра, но може да кажеме дека сега 1300 евра се помалку од 1000 евра пред 4 години. Така да парите се само хартија и цифри кој користат за визуелна сатисхвакција дека работник има зголемување на плата а тие се сепак помалку вредни или исто вредни. Така да мислам ке стагнира цената или ке се намали до 50е/м2.