Брзи он лајн кредити (Forza, mCash и тн.)

Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
Не знам и јас што прават битно на другарката неколку месеци и претеа со тужби (никому ништо), се јавуваа кај неа на работа *(никому ништо), на порта и отидоа (ништо пак) и на крај повторно ги вртеше со месеци и не си наплатија, веќе не ја ни прашував пошто глупо беше.

Инаку, има денгубари, ќе влези некаде на работа... ќе изнакрени кредити по тие за брзи кредити и после ќе напушти работа. Од кај ти извршител ќе наплати кога нема ни плата на трансакциска, ни имот на негово име? Треба некогаш да се чека да легнат кај него на трансакциска пари за да евентуално некој наплати.
Мислам дека токму поради такви глупости и ваљда можда има уште некоја дупка која ја знаат и користат многу од тие што коцкаат се заглавуваат со вакви брзи кредити. Некогаш ако треба да врати се надева дека ќе го врати само основниот долг, а претходно ќе ги „сврти“ парите.

Зачарани круг.
Брз кредит е многу подобра опција од лихвар затоа што вториот може слободно да ти дојде дома, да ти собере се што е вредно и да на крај да те здроби од ќотек.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.088
Поени од реакции
11.515
Брз кредит е многу подобра опција од лихвар затоа што вториот може слободно да ти дојде дома, да ти собере се што е вредно и да на крај да те здроби од ќотек.
И тие „работат“ на принцип на застрашување повеќе одошто дека нешто ќе ти направи, но дефинитивно подобра опција е кредитот него со зеленаши човек да си фати работа.

Бар кај нас вград секој од нив си има по некоја екипа наркомани кои одат и млатат по потреба, а тој како манекен ќе ти се рашетава по цел ден по кафичи и ќе ломоти по телефони или ќе ти пушта ишарети по луѓе.

Имаше на еден му ѕвонат на фиксен пошто на мобилен не крева (ова уште порано кога беа активни фиксните) се јавува жената му.
Кај е маж ти?
Ама вака така... не знам јас во подрум сум била.

Види, надвор сум вкола, непријатно ми е да ти влезам дома пошто можеби навистина си сама и да не ви правам циркузи пред децата.
Толку пари борџи господинот, подобро утре препишете го спратот од куќата за да не ви ја земаме цела, каматата и онака ќе си расти.

И отиде спратот следниот ден.

Повеќето е стравот лозјето го чува, но голем дел од таквите кои заглавиле со кредити или кај зеленаши не се за жалење бидејќи свесно го правеле тоа за да задоволат некој свој порок. Штета за фамилиите кои страдаат од последиците на таквиот живот.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
Во последно време најголеми корисници на овие кредити се пензионери. Заради годините оваа група луѓе не добива кредити од банките и затоа одат кај овие фирми. Ова ми го има кажано човек чија жена работи во една од овие фирми.
 
Член од
6 април 2018
Мислења
112
Поени од реакции
97
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.088
Поени од реакции
11.515
Остави ја пропагандата, ете кај нас и „патриотот“ љуБчо има фирма за брзи кредити па никому ништо. Колку знам и некои спортисти имаат... така да, како и за се' останато (казина, кладилници и сл.) се гледа каде има брз кеш и профит, никој нема да гледа алтруистички на работите. Бизнис на прво место.
 
Член од
21 септември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Dobar den. Jas zemav kredit 7500MKD od Tigo pred 3 meseci. Plativ edna rata(1350MKD). Dve ne sum platil. I denes mi stigna opomena za tuzba od strana na TIGO i deka dolzam 16450MKD da vratam u rok od 5 dena. I pri toa koga vrtev vo TIGO devojkata pocna da mi preti deka nema da mozam da zemam kredit nikade naredni 3 godini i deka kje mi dosle na vrata doma. A jas imam 19 godini i ne sum vraboten nigde. A gi zemav parite da doniram vo humanitarni svrhi. Moze li nekoj da mi pojasni sto znaci ova so tuzbata. I dali e realno da plakjam 100% kamata na zemanite 7500MKD? I toa plus pisuva da doplatam 450 denari za trosokot na izrabotka na pismena opomena. cccc
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576

Каматите се огромни, дали е нормално или не не може никој да ти каже додека не го види договорот што си го потпишал.
Келнери се бараат на секој чекор, со 2 недели работа ќе ги вратиш парите и памет за друг пат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.904
Поени од реакции
42.604
речи им на твоите да ти платат и никад више не се будали со овие работи
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.541
Поени од реакции
87.700
Добро де, го читате ли вие тоа парче хартија што ви го даваат за да го потпишете? Или мислите ви се само во парите?

Стварно не разбирам кога ќе пишете "е зошто толкава камата?", јас сум 100% сигурен дека тоа ви е се пишано во договорот што го склучувате...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom