Брз кредит е многу подобра опција од лихвар затоа што вториот може слободно да ти дојде дома, да ти собере се што е вредно и да на крај да те здроби од ќотек.
И тие „работат“ на принцип на застрашување повеќе одошто дека нешто ќе ти направи, но дефинитивно подобра опција е кредитот него со зеленаши човек да си фати работа.
Бар кај нас вград секој од нив си има по некоја екипа наркомани кои одат и млатат по потреба, а тој како манекен ќе ти се рашетава по цел ден по кафичи и ќе ломоти по телефони или ќе ти пушта ишарети по луѓе.
Имаше на еден му ѕвонат на фиксен пошто на мобилен не крева (ова уште порано кога беа активни фиксните) се јавува жената му.
Кај е маж ти?
Ама вака така... не знам јас во подрум сум била.
Види, надвор сум вкола, непријатно ми е да ти влезам дома пошто можеби навистина си сама и да не ви правам циркузи пред децата.
Толку пари борџи господинот, подобро утре препишете го спратот од куќата за да не ви ја земаме цела, каматата и онака ќе си расти.
И отиде спратот следниот ден.
Повеќето е стравот лозјето го чува, но голем дел од таквите кои заглавиле со кредити или кај зеленаши не се за жалење бидејќи свесно го правеле тоа за да задоволат некој свој порок. Штета за фамилиите кои страдаат од последиците на таквиот живот.