Немам искуство со овие легални лихвари а не планирам ни да имам затоа се извинувам ако моево прашање звучи глупаво ама нели е поедноставно доверителот - во овој случај фирмата за брзи кредити да ги даде на извршител отколку да им доаѓаат пред врата?
Не знам и јас што прават битно на другарката неколку месеци и претеа со тужби (никому ништо), се јавуваа кај неа на работа *(никому ништо), на порта и отидоа (ништо пак) и на крај повторно ги вртеше со месеци и не си наплатија, веќе не ја ни прашував пошто глупо беше.
Инаку, има денгубари, ќе влези некаде на работа... ќе изнакрени кредити по тие за брзи кредити и после ќе напушти работа. Од кај ти извршител ќе наплати кога нема ни плата на трансакциска, ни имот на негово име? Треба некогаш да се чека да легнат кај него на трансакциска пари за да евентуално некој наплати.
Мислам дека токму поради такви глупости и ваљда можда има уште некоја дупка која ја знаат и користат многу од тие што коцкаат се заглавуваат со вакви брзи кредити. Некогаш ако треба да врати се надева дека ќе го врати само основниот долг, а претходно ќе ги „сврти“ парите.
Зачарани круг.