Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Околу 50 допири со топка имавме во противнички 16ник. Ако фрлиме уште еден тренер во вода на пола пат и стартуваме од нула со истиот тим, апсолутно ништо не добиваме.

Ни треба завршница. Но одлучивме дека финансиски не ни се исплаќа да се носи Кејн за 100м на 30 години. Епа фудбал се игра на голови, не на пари.

Не е до Кејн. И Кејн да игра наместо Хојлунд се би било исто. Нема игра едноставно, нема проток во завршната третина. Нема уфрлање позади одбараната од крилните играчи и бековите, нема квалитетни центаршутеви.

Сето тоа е задача на тренерот да го одработи.
 
Де бе како тоа изненадени од резултатите, кога викав може најлоша сезона ќе излезе, тука викаавте и за титула ќе сме се бореле, кога зборев за компјутерот се исмејувавте, како сега тренерот отказ?
Ако сте реални ова отказ не треба да биде оти од тие засилувања 3-4 се што он ги сакаше другите беа од што мораше, и тоа е тоа.
Па добро бре зашо се фура титули муабети кога у 2024 година имаш главни играчи Бруно и Фернандез, само ние и Тотенхем сме такви уште друг никој, значи не разбирам Далот ја влече 60м топката доаѓа до Бруно му ја дава се укочува а овај па со тие непрецизни дијагонали преку тасета веќе.
Што би било Реал да зависи од Валверде само или Сити од Де Браине или Баерн од Сане и ред други, сите се тие фудбалери каква е оваа разлика за три дена? Не сфаќам зошто така се форсира Бруно и Рашфорд па се преку нив.
 
Околу 50 допири со топка имавме во противнички 16ник. Ако фрлиме уште еден тренер во вода на пола пат и стартуваме од нула со истиот тим, апсолутно ништо не добиваме. Не е тренерот крив што нема кој да даде гол.

Ни треба завршница. Но одлучивме дека финансиски не ни се исплаќа да се носи Кејн за 100м на 30 години. Епа фудбал се игра на голови, не на пари.
Нас не водат банкари и сметководители, што очекуваш фудбалско во нив.
 
Тоа е минус на играчите не на менаџерот.
А зошто уопште се ставивме у ситуација да зависиме од форма на 2 играчи?
Затоа што менаџерот очигледно не знае да постави напад, затоа. Не гледам друго обајснување. На Пеп му се повреди главниот организатор на играта, нанижаа 6 победи по ред без него.

И ако го видам џуџето Пелистри уште еднаш во прва постава, се да му ебам на Тен Хаг. Како мало дете загинато меѓу возрасни играчи е. Па и Амад ќе се врател. Џам ќе свитка уште едно џуџе.
 
Затоа што менаџерот очигледно не знае да постави напад, затоа. Не гледам друго обајснување. На Пеп му се повреди главниот организатор на играта, нанижаа 6 победи по ред без него.
Дај му ги овие играчи што играа денес во напад на било ког нема никаква промена во резултат да има.
 
Не е до Кејн. И Кејн да игра наместо Хојлунд се би било исто. Нема игра едноставно, нема проток во завршната третина. Нема уфрлање позади одбараната од крилните играчи и бековите, нема квалитетни центаршутеви.

Сето тоа е задача на тренерот да го одработи.
Да ама Кејн е далеку покомплетен и поискусен играч од Хојлунд. Кејн знае да излезе, да прими топка, да пушти пас, Хојлунд е далеку од лош фудбалер но е далеку и од завршен продукт. А на нас ни фали баш класа шпиц за вакви утакмици. Андерсен денеска не му даде да земе воздух добри 75 минути.

Околу уфрлувањата, лев бек моментално не ни имаме. Претходно Регилон ни беше најопсен играч во офанзива. А Далот имаше неколку опасни влегувања, па и креираше супер шанса за Маунт.

Крилата ни се тие, Пелистри секоја чест за борбеноста ама едноставно не знае да завшри напад. Рашфорд исто изгледа како да се наоѓа во тунел без светло и убаво што се реши конечно да го извади малку.
 
Дај му ги овие играчи што играа денес во напад на било ког нема никаква промена во резултат да има.

Тоа е апсолутно неточно. Не велам дека ќе играат како Сити, но со друг менаџер сето ова поинаку ќе изгледа. Види го Тотенхем каков проток на топка има. Подобар тим има Тотенхем од Јунјтед?
 
Околу 50 допири со топка имавме во противнички 16ник. Ако фрлиме уште еден тренер во вода на пола пат и стартуваме од нула со истиот тим, апсолутно ништо не добиваме. Не е тренерот крив што нема кој да даде гол.

Ни треба завршница. Но одлучивме дека финансиски не ни се исплаќа да се носи Кејн за 100м на 30 години. Епа фудбал се игра на голови, не на пари.
Пост на место, престариот Кејн беше полош избор од младиот Хојлунд .
Едниот ти гарантира голови и асистенции другиот престапна сезона и огромен потенцијал.
 
Без душа, без идеја делуваме. Се на сила некако играме. Факт е дека лево сме осакатени без поддршка од лев бек, десно сме осакатени без десно крило ама пак не ми е јасно што се случува со тимот.

Рашфорд е непрепознатлив и ја гуши левата страна според мене во моментов. Што му се случува и него не знам.

На крај ќе испадни дека Ханибал е х факторот во моментов.

Би го оставил Тен Хаг сезонава. На многу маки е и со повреди и со проблематични индивидуалци, ама мислам дека ако нанижи уште една серија лоши резултати ќе се најде во лоша позиција.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Би го оставил Тен Хаг сезонава. На многу маки е и со повреди и со проблематични индивидуалци, ама мислам дека ако нанижи уште една серија лоши резултати ќе се најде во лоша позиција.

Треба да чекаме резултати полоши од ова? За 3 победи од 7 натпревари бркаат тренери во тимови како Астон Вила или Вест Хем, не во Манчестер Јунајтед.
 
Не сум за да се брка Тен Хаг во никој случај, и јас сум за да се остави да ја заврши сезоната.

Е сега ќе кажам уште една работа и воопшто не е субјективно ( иако ми беше fav manager post Fergi) туку тоа е фактичка состојба, ама за неколку кикса во серија на почеток на 19/20 и 20/21 сезона на Оле на кур му се качуваше цел интернет вклулувајќи го и форумот.
Кога ќе ги споредиме резултатите од сезоните откако не е тука, неговите киксови (вклучувајќи го и оној против Ливерпул) не делуваат воопшто страшно. Тие полседни 2-3 месеци делуваат и подобро од ова што се случува сега, вклулувајќи ги и тие уште два дебакли од Ливерпул 4-0 и 7-0 како и од Сити 4-1 и 6-3.

Нека си ги чукнат тиквите сите до еден што прават оти ова на ништо не личи. Чемпионшип екипа изгледа поорганизирано на терен од нас.
 
Толку е од Тех Хаг, кај и да е ќе лета. Ќе му пресудат умрениците на терен. Премногу насобрани крлежи у екипа, играчи кои само сакаат да си го ладат и да земаат јаки плати за тоа, па кога тренерот ќе проба да наметне дисциплина, ќе бара огромна работа или нема да му бидеш во тим, автоматски селдува ова што го гледаме. Вечење по терен, незалагање, неизвршување на задачите. Згора на тоа, Тен Хаг делува ко да не знае веќе што да направи. Мегваер го става да го спасува, играч што до пред месец дена не му беше во план воопшто. Што да се каже за капитенот и Рашфорд. Каква мизерија прикажуваат, поготово вториот, а треба да се носители во тимот, главни играчи. Од друга страна, до сега, новиве трансфери немаат ништо покажано, зошто се донесени. Ни еден нема никаков импакт во играта, ни еден не е апгрејт на тоа што го игравме лани, за сега. Играта е преспора, играчите не можат да погодат прецизен пас на 3 метри. Апсолутно сум за тоа да го задржат по секоја цена тренерот, а да се избркаат од прв до последен играч, почнувајќи од ѕвездата Рашфорд, до сите алглиски крлежи. Дур не се сменат газдите на клубот, овие куртони од играчи ќе си го ладат и ќе мењаат тренери кога ќе им прдне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom