Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Абе какви судии 7 гола имаат дадено во 7 кола. И сами не знаат како 9 бода освоија и со Нотингем и Барнли како тепаа , требаше да изгубат и од Волфс првото коло. Максимум 4 бода, а имаат 9, без ниедно дерби изиграно

Брентфорд и Галатасарај максимум, да не го дочека дербито со Сити гревов ќе извади некое килаво нерешено ќе збори ви вр гуд он д пиц
 
Никако не шутираат од дистанца само се кружи, со кружење гол не се дава..
 
Жал ми е што мора да напишам, но мислам дека е време да се размислува за заминување на Тен Хаг. 4 порази во 7 кола, никаква игра на поставена одбрана не знае да смисли. И при тоа играчите сакаат да играат, не е дека не се трудат или го бојкотираат. 9-10 фудбалери си купи по свој избор, нема никаков алиби. Ни Глејзери ни мејзери, време е да си ги пакува куферите.
 
без ниедно дерби изиграно
Арсенал и Тоенхем?
Автоматски споено мислење:

Жал ми е што мора да напишам, но мислам дека е време да се размислува за заминување на Тен Хаг. 4 порази во 7 кола, никаква игра на поставена одбрана не знае да смисли. И при тоа играчите сакаат да играат, не е дека не се трудат или го бојкотираат. 9-10 фудбалери си купи по свој избор, нема никаков алиби. Ни Глејзери ни мејзери, време е да си ги пакува куферите.
Да али и некои играчи треба со него да се изритаат од клубот, грешка не некои поголем дел.
 
Тотално ги испушти конците и Тен Хаг. Капак на се му е инаетењето со Санчо. Лани кога го набрка Роналдо му одеа во прилог и резултатите, ја имаше поддршката и од фан базата. Сега не е тоа случај.
 
Играчи се бркаат кога не се трудат. Еве кој играч денес не се трудеше? Се убија од трчање. Никаква игра нема, никаков концепт. Не ми е јасно што прават Маунт и Бруно заедно, ако веќе сакаше да ги игра, можеше Бруно да оди на крило наместо мртвиот Пелистри.

Врска нема Тен Хаг реално. Ако одиграат Касемиро или Рашфорд во врвна форма, Јунајтед ќе победи, ако не ништо. Така секој знае да биде тренер.
 
Бркањето на Роналдо беше здрав разум, неговото носење беше невидена глупост.
 
Околу 50 допири со топка имавме во противнички 16ник. Ако фрлиме уште еден тренер во вода на пола пат и стартуваме од нула со истиот тим, апсолутно ништо не добиваме. Не е тренерот крив што нема кој да даде гол.

Ни треба завршница. Но одлучивме дека финансиски не ни се исплаќа да се носи Кејн за 100м на 30 години. Епа фудбал се игра на голови, не на пари.
 
Играчи се бркаат кога не се трудат. Еве кој играч денес не се трудеше? Се убија од трчање. Никаква игра нема, никаков концепт. Не ми е јасно што прават Маунт и Бруно заедно, ако веќе сакаше да ги игра, можеше Бруно да оди на крило наместо мртвиот Пелистри.

Врска нема Тен Хаг реално. Ако одиграат Касемиро или Рашфорд во врвна форма, Јунајтед ќе победи, ако не ништо. Така секој знае да биде тренер.
Тоа е минус на играчите не на менаџерот.
А зошто уопште се ставивме у ситуација да зависиме од форма на 2 играчи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom