Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Има три решенија на Демир Хисар со кои се прифаќаат приговорите на должниците изјавени против заклучоците на извршителите со кои се огласиле за ненадлежни. Ги има во одлуки на судовите. Ке пробам да ги прикачам.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m
Zdravo... dali moze da se izvadi odjava od promena od zivealiste vo mk.... Ali ne licno po sto licnosta e vo stranstvo....dali ima sansi taka da zavrsam rabota po sto uste ovoj dokument mi fali da ne mi propadni se a nemozam da se vrakam nazad...
 
Пријави/одјави се во мк амбасада, од таму ќе ти го издадат документот/одјавата.
 
Не е кај нас туку во близина, ама мислам проблем е и кај нас, имаше другар стан во Топанско поле даден под кирија, ни плаќаа ништо ,ни си одеа, МВР му кажуваа таму е надлежна само ДУИ, некако куртули го продаде поефтино на некој албанец а тој ги избрка кирајѓите...
https://telma.com.mk/2023/09/01/akt...qRuOSChrWnZUwmawpqhnct5QiNdKT6Lg1FOPXGUOq8dMY
 
Имот кој се води идеална половина на мене и брат ми а другата половина на вујко ми.

Е сега, сакаме да се знае која половина е од кој. Договорени сме како и што, и куќата со дворот кој дел за нас кој за него исто и неколку ниви...

Сега мора тоа да го "подели" проватен катастар?
Колку од прилика кошта тоа да биде на посебен имотен лист тоа то ние договорено за нас а другото за него?
Вредниста на имотот е мала, стара распадната куќа во село и неколку декари ниви...

Бидејќи знаеме што за кого, дали може само со договор? Пример куќата интолку м2 за нас, дворот помошмите објекти и толку м2 за него...
 
Законски не може се' во една физичка делба да се заврши, значи може со спогодба за физичка делба кај нотар да се подели куќата со дворот со точно на кој кому колку припаѓа (под претпоставка дека куќата и дворот се на градежно земјиште, и дека куќата не лежи на две градежни парцели, затоа што тогаш ќе може да се подели куќата, а врз дворот ќе останете сосопственици на ист имотен лист, а за куќата секој од вас ќе може да извади одделен имот лист со упишан како сопственик), во секој случај за поделба на куќата треба елаборат од градежен инжинер, а за дворот елаборат од геометар.
За нивите може да се вклучат во спогодбата за физичка делба само ако се со статус на градежно земјиште, инаку ако се земјоделско земјиште тогаш само ако се над 2 хектари, и за ова ќе ви бараат елаборат од геометар.
Спогодбата за физичка делба се изработува врз основа на елаборатите и се заверува од адвокат, понатаму нотарот ја солемнизира и ја спроведува во Катастар.
 
1.Дали може да ја тужам EVN пошто не сакаат да ми пуштат струја во куќа која ја наследивме од мојот покоен чичко,наводно имал долг од 42 иљади денари ама тие заборавиле да го тужат во законски пропишаниот рок од една година и сега делото е застарено,а сепак не уценуваат и не ни пуштаат струја додека не им платиме
2.Дали може да тужам Јавно претпријатие за превисоки и нереални сметки за потрошена вода?
 
Теоретски може да се тужи да се бара да се утврди дека не постои правото односно побарувањето на доверителот, и вие како наследници кои сте дале позитивна наследничка изјава имате правен интерес за водење на ваков вид граѓанска постапка затоа што не сте должни законски да ги отплаќате застарените долгови на оставителот.

Континуирано се залагам ова што е теоретски да стане пракса затоа што реално во пракса овој вид на деклараторни тужби судот ги одбива како неосновано од причина што застарување на право се истакнува со приговор од страна на тужениот, кој претходно како тужител не може да бара однапред утврдување на застареност на право (побарување на доверителот), кое искрено за мене е вон разум и вон логика, Законот за облигационите односи вели дека за застареноста не се внимава по службена должност туку по приговор, но ако го имаме предвид Законот за парнична постапка таму во делот за деклараторни тужби е наведено дека со истите се утврдува постоење или непостоење на право или вистинитост или невистинитост на содржина на исправа, кое значи дека законите се толкуваат не стрикно туку опширно во интерес на граѓаните, а тоа значи ако може застареност да се бара со приговор по веќе поведена постапка, законски не постои пречка истото тоа право да се бара да се утврди однапред за кое е задолжително да постои правен интерес на тужителот (должникот) како кумулативен услов.

Ако ти се пробува среќата пиши ми во порака можеби ќе успееме да создадеме нова правна пракса за која верувам ќе помогне не на стотици туку на илјадници граѓани со вакви слични проблеми. :)
 
Слушнав дека Основен суд Куманово одлучил мериторно за застарувањето на извршувањето и дека извршувањето застарува после 10 години. Да не го има некој решението на судов или да знае бројче на предметот за да видиме како е образложението?
 
Zdravo bev na sud pred 4 meseci sudijata mi kaza presudata ke mi stigne po posta i eve 4 meseci ne e stignata kako moze da ja doznaam presudata?
 
Теоретски може да се тужи да се бара да се утврди дека не постои правото односно побарувањето на доверителот, и вие како наследници кои сте дале позитивна наследничка изјава имате правен интерес за водење на ваков вид граѓанска постапка затоа што не сте должни законски да ги отплаќате застарените долгови на оставителот.

Континуирано се залагам ова што е теоретски да стане пракса затоа што реално во пракса овој вид на деклараторни тужби судот ги одбива како неосновано од причина што застарување на право се истакнува со приговор од страна на тужениот, кој претходно како тужител не може да бара однапред утврдување на застареност на право (побарување на доверителот), кое искрено за мене е вон разум и вон логика, Законот за облигационите односи вели дека за застареноста не се внимава по службена должност туку по приговор, но ако го имаме предвид Законот за парнична постапка таму во делот за деклараторни тужби е наведено дека со истите се утврдува постоење или непостоење на право или вистинитост или невистинитост на содржина на исправа, кое значи дека законите се толкуваат не стрикно туку опширно во интерес на граѓаните, а тоа значи ако може застареност да се бара со приговор по веќе поведена постапка, законски не постои пречка истото тоа право да се бара да се утврди однапред за кое е задолжително да постои правен интерес на тужителот (должникот) како кумулативен услов.

Ако ти се пробува среќата пиши ми во порака можеби ќе успееме да создадеме нова правна пракса за која верувам ќе помогне не на стотици туку на илјадници граѓани со вакви слични проблеми. :)
По твојот одговор заклучувам дека денешното право,судски систем и закони се чорба-каша направена намерно за да ги комплицира работите а убавината е во едноставноста,зарем не? :)
Друга работа,имам слушано муабети дека судовите работат во интерес на големите фирми каква што е EVN на пр. а контра граѓаните кои губат на апелација 95% од споровите против EVN,знам дека судовите се под власта а власта дели секоја година пола-пола од профитот со ебените австријци,така да може да се склопи сложувалката ама народот ме чуди што не се буни за овие неправилности
 
Дали може документ што е заверен на нотар, да се направи копија и копијата повторно да се завери на нотар? (Во прилог нормално да се даде копијата веќе заверена на нотар)
 
Така е, точно е тоа што си го слушнал, за жал тоа е реалноста.
Автоматски споено мислење:

Дали може документ што е заверен на нотар, да се направи копија и копијата повторно да се завери на нотар? (Во прилог нормално да се даде копијата веќе заверена на нотар)

Да може.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom