Јас не разбирам што всушност игра Манчестер, и кој е системот на Тен Хаг. Убеден сум дека под Оле Јунајтед играше подобар фудбал, иако целата тренерска вештина на Оле беше како на Цане Цаурот и неговото легендарно, абе изиграјте нешто.
Пес да му еби мајката на оној кој го измисли изнесувањето на топката низ пас од својата половина. Кога ќе го видам Онана како ја гуши топката, ми се повраќа. Ова што го игра Тен Хаг е во чиста спротивност на фудбалот што Јунајтед го направи еден од најголемите клубови на светот, а тоа беше брз директен, самоуверен фудбал.
Ова е по системот видела жабата дека се поковува коњот, и таа ја кренала ногата. Не мора сите да бидат wannabe Пеп, одвратно е. не мора сите да го играат досадниот фудбал на посед, бескрајни додавања и на проценти.