- Член од
- 14 ноември 2013
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 22.769
ВСУ треба да дојде до тие позиции првин, они се горе-доле на самиот почеток, изгубија сериозен број на луѓе и опрема а летната сезона завршува наскоро така да сметам дека ова сценарио има многу ниска шанса да стане реалност - но и покрај тоа да речеме напредуваат Украинците; треба 24/7 да гранатираат со артилерија, проектили и авијација (ако им остана нешто способно за вакви работи). Кај Херсон Русите, како што и ти кажа, имаа само две места (две тесни грла) кои беа очигледна мета низ кои мораше секојдневно да поминува "логистичкиот воз" и нивен прекин значи целосен прекин на логистиката додека во Запорожје има цела мрежа од автопати, регионални, споредни и селски/земјени патишта, дури може и нови да се направат и нивен погодок би значел турање нов асфалт и враќање во фунција за неколку часа а во меѓувреме пренасочување на возилата низ десетина други патишта.Почитувам мислење, ама не мислам дека имаш добра аналогија. Засилувањата во Бахмут не беа логистички конвои, беа оклопни транспортери, па и тие беа уништувани многу често. Нема да засилуваат еден половичен град, ќе вршат логистика за неколку области наеднаш. Како во Керсон што не беа доволни два моста, огромниот Антоновски мост беше автопат, не селски пат како нивата во Бахмут. Ама волуменот е различен.
Има и еден друг момент, Русите ретко кога покажаа прецизност во артилерија, во спротивно украинците поддржани од запад директно и индиректно секој ден гаѓаат по нешто. Исклучок се Ланцет дроновите, ама тоа не ја олеснува работата.
Разузнавачки и набљудувачки украинците се во предност, барем така изгледа на терен.
Размисли зошто толку интензивно се гаѓаат цели во Крим.
Ја избркаа морнарицата.
Гаѓаат депоа со гориво и муниција.
Гаѓаат ПВО
Гаѓаат бази, аеродроми, логистички чворови и.............. Командни центри
Наполеон рекол:"Аматерите зборуваат за тактика, а професионалците за логистика"
Русија и сега има мака со логистика, со поголеми загуби ќе мора да надомести повеќе материјали и опрема, што дополнително ја обременува логистиката. Морето ќе запре да биде опција за логистика без морнарица, патиштата и пругите ќе станат отсечени (постот погоре). Логистиката е многу комплексна машина, а таа машина ја контролираат штабови, Командни центри, ко тој вчера што го дигнаа во воздух. Луѓето и нивната експертиза се неповратни.
Понатаму, Западот не може да произведе доволно муниција колку што и треба на Украина, во текот на целата војна сите страни се согласни дека Русите неколкупати повеќе користат артилерија за разлика од Украинците, според ЕУ Русите трошат помеѓу 20000 до 40000 а Украина троши помеѓу 4000 до 7000 муцинија дневно, САД месечно произведуваат 14000, Германците изненадувачки за сега не ги даваат Taurus, Storm Shadow се броени и тешко се заменуваат, украинските Точка се во вечните ловишта. Што попрво ќе прави ВСУ, ќе ги гаѓа стотиците руски камиони/возови што ќе транзитираат низ Запорожје, ќе се бранат во Харковската Област, ќе се обидат да направат нешто околу Артјемовск каде што самиот Зеленски рече дека ќе го заземат градот до крајот на 2023 година или ќе се бранат од некоја потенцијална руска офанзива кај Киев или што ти знам (не верувам дека ќе има руска офанзива, до крајот на годинава барем)?
Исто така, РФ може да ги снабдува тие региони и преку Азовското Море врз кое имаат 100% контрола и никаква закана од Украина освен ете проектили кои можеби ќе ги погодат и тоа ако се во пристаниште.
Ова е моето мислење но ќе видиме, ВСУ првин треба да стигне до овие позиции.
Последно уредено: