Не може и Хакан и Мики да се надвор. Еден од нив мора да стартува. Не може Аслани да ти е стартер од нигде никаде. Не знам ни јас зошто го чуваат, и летото велев дека тој шанса не добива и подобро би било да го пратат на позајмица некаде. Нема воопшто да се наигра затоа што и кога ќе му дадат шанса ништо не покажува.
Епа добро тогаш муабетите за ширина у состав и ротирање паѓаат у вода при првата потреба за такво нешто. Ако Инзаги нема доверба у Аслани не требаше да го откупат воопшто, вака испаѓа сме тенки на позицијата на Хакан со оглед на тоа што ќе експериментира со Миктаријан таму кој според сите нас овде требаше да биде резерва на Фратези а дечкото е бетон првотимец.
Значи Аслани е аут уште од сам старт на сезоната пошто Инзаги нема доверба у него против супер јаките Реал Сосиедат. Сенси не е пријавен за ЛШ а и тој е аут со оглед на физичката спремност и повредите негови. Така да пак остануваме со 4 играчи за 3 позиции у средина.

Класен не го ни знае, така да тој очекувам да добие шанса негде околу Нова година.
Не викам ја секоја утакмица да вади нова постава, ама ако Х играч не може да игра ондак нека игра неговата замена, а не да измислуваш друг играч на таа позиција а тој играч до сеа ти ги игра сите минути без престан и има 35 години. Ќе цркне и он, што праиме тогаш? Пак Барела ќе се срами на таа позиција или тогаш ќе биде фрлен у огин Аслани и ќе го прегориме овде.
Пак ќе повторам, Аслани не ни имал простор да покаже дали нешто знае или не кога влага на решени утакмици и игра по 10 минути а покрива позиција за која треба време да се наметнеш. Што ќе праи заден везен плејмејкер на 3-0 у 80та минута, освен да подава лево десно доека пројде времето.
Кога стартувал па да покаже што знае? Башка не е ни толку лош, има фудбал у него, само не игра.