MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
некогаш се случува гласот да доцни една секунда но ептен ретко со рестар се решава проблемот
Менував и HDMI ама пак исто, потоа пробував да ги исклучувам од струја телевизорот пак исто а кога го извадив од телевизорот приклучокот кабелот што е за во струја се поправи сликата.

Често се случувало деновиве сам од себе да се рестартира ресиверот. Во дневна сеуште ми е ресиверот тој од првите сив малечок Media Reciver 100 што пишува на него.
 
Пријави го дека ти е расипан и ќе ти дадат нов
 
Discovery Science Europe и DTX Europe се гасат од 2024 година на 1 јануари. Така да после 3 месеци остануваме без тие две Discovery канали.

Не би било лошо тогаш да понудат нешто друго со превод на македонски јазик.
 
Ќе ги зе

Ќе престанат со емитување во Лиѕванија и Словакија.
Автоматски споено мислење:

Телеком Црна Гора од пред некој ден почнаа со рекламирање ново Magenta TV исто ко МаксТв само преку Android Box со тоа што ќе почна со мењавање на старите а кај нас уште ништо не праат.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Во Македонија го подготвуваат теренот за Магента ТВ за крајот на 2023 или најдоцна почетокот на 2024 година.

Го влечкаат цела година, првично го планираа за март 2023, па за септември 2023, но секако дека технички неподготвени не можат да ја пуштат новата Android IPTV платформа во употреба.

За обожавателите на рачното снимање на ТВ содржини, ќе треба да ги отворат паричниците, новата Магента ТВ ќе дозволува максимум 20 (ДВАЕСЕТ) часови снимени содржини, а за повеќе ќе мора да се доплаќа, бидејќи нема повеќе да даваат рисивери со хард диск, туку сите снимени ТВ содржини ќе се чуваат на Магента IPTV платформата, а за секој телевизор ќе го даваат на користење кристално истиот Android IPTV рисивер без хард диск. Исклучок секако ќе бидат ТВ каналите за кои и сега чуваат една или две недели снимени во ТВ-тека, но тие кои сакаат трајно да зачуваат некоја снимка ќе мораат да резервираат простор од тие слободни 20 часови за снимени содржини, а ако сакаат да чуваат повеќе од 20 часови снимени содржини ќе мора секој месец да си доплаќаат за тој простор.

Можеби во некои пакети ќе даваат повеќе од 20 часови снимени содржини, не сум им до толку запознаен со продажбата.

И да знаете дека за тие кои ќе се префрлат на Магента ТВ нема враќање назад на MaxTV, планот им е да ја исклучат MaxTV платформата откако и последниот MaxTV корисник ќе се префрли на Магента ТВ.

Вистинскиот циркус допрва ќе започне со новите корисници кои ќе ставаат Магента ТВ во нови или реновирани куќи или станови, а во кои нема мрежни кабли. За разлика од сегашните MaxTV рисивери кои поддржуваат само жично мрежно поврзување преку мрежен кабел, Магента ТВ рисиверот поддржува и жично мрежно поврзување со мрежен кабел, и безжично мрежно поврзување преку Wi-Fi, а повеќето нови корисници кои се имаат прошетано низ Европа или северна Америка кога ќе го слушнат зборот кабел/кабли веднаш почнуваат да мудруваат и да филозофираат "цел свет премина на безжична комуникација, само ние тука уште ќе се маткаме со каблишта".

Е па сега ќе можат да си играат безжична телевизија по дома, а искуството со IPTV има покажано и докажано дека не е најстабилна врската преку Wi-Fi бидејќи IPTV не е исто што и Јутуб, Фејсбук или Инстаграм, бидејќи аудио и видео содржината цело време се емитува преку директен пренос, односно не е однапред зачувана аудио/видео снимка, поради што одвреме навреме ќе сецка сликата или звукот, или и двете.

Затоа кога некој реновира и ме прашува дали да пушта мрежни кабли, секогаш му велам да пушта минимум два мрежни кабли до секоја просторија за да биде на раат, да не се жали после зошто му е слаба безжичната Wi-Fi мрежа, бидејќи кабел си е кабел и никогаш нема да биде целосно заменет од безжична мрежна врска, до некаде можеби ќе биде заменет, на пример во најблиските простории до безжичниот рутер, но нема целосно и насекаде да биде заменет.
 
Последно уредено:

Јас ќе ви напоменам дека оваа Магента BOX телевизија засега може да се овозможи на оптика, а нема да може воопшто на 4г/ADSL. На VDSL ќе истестираар од Македонски телеком, па доколку можат да овозможат преку телефонски жици со VDSL ќе можат да следат и корисниците на VDSL.
Важно е да се напомене дека Magenta Box работи со Android оперативен систем и можност да користите google play services.
За брзо време не очекувајте дека ќе ги префрлат сите Max TV корисници на Magenta Box, тоа би се случило за едно 10+ години додека се воведе оптика до секој дел на државата, а исто и во останатите земји каде оперира Дојче телеком.
 
Штета би било доколку не се убрза со оптиката и потоа сите не префрлаат на таа Magenta TV. Фер би било доколку воведат Magenta TV да им прават на сите замена на ресиверите, да не чекаат кога ќе истече договор па потоа да им нудат Magenta TV.

Мене ме интересира дали со Magenta TV ако биде се како што планираат да се понуди малку поголем битрејт или како и да е да има подобра слика HD?
 
Ова ќе биде еден долг мачен процес кој претпоставувам ќе важи само за нови корисници и тие што ќе обноват договор. Нема теорија да ги заменат кај сите етапно.
 
Зависи дали ќе им успее тестирањето за кај оние без оптика да може да го нудат а да нема сецкање и други проблеми.

Исто доколку ова се понуди треба и апликацијата да ја менуваат MaxTV GO да оди во историјата а на негово место да биде Magenta TV.

Не знам како стојат работите во Црна Гора. Колку од населенитео во државата е таму со оптички интернет?
 
Приметувам сега има некои пречки на телевизијата, на околу 20тина секунди сецне малку 2-3сек па продолжува и така во круг на сите канали. Дали кај сите е вака или е некој локален проблем.
 
Сите канали сецкаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom