Знам дека имаат Андроид ресивери со инсталирана апликација MaxTV каде што се тв каналите и дека може додатно да се инсталира плус апликации од Play Store.
Но пак дизајнот на апликацијата МaxTV и на оние ресивери што не се Android е некако основен во дизајн.
Пример други компании телеком оператори кој нудат и телевизија имаат доста поинтересни дизајни на мени и друго.
Ете во Србија SBB пример имаат ресивери со Android и они имаат исто апликација каде што им се тв каналите сместени за гледање. Има доста модерен дизајн, за секоја телевизија лого од тв каналот, детски профил, повеќе содржини во видеотеката и др.
Исто кај нас А1 има поинтересен интерфејс дизајн на менито.
Поентата ми е дека треба да се прати модерното време. Дизајн привлечен за корисниците, повеќе додатни содржини за да ги задржат корисниците. Јас сум секогаш покрај понуда тв канали да ми биде се убаво привлечно на око во дизајн.