Македонски пејачи со еден-два хита и крај

  • Креатор на темата Креатор на темата denibas77
  • Време на започнување Време на започнување
Јака тема... Ме фати носталгија за МС. :)

На МС излезе на времето еден спот со еден дечко кај што си ја лапа девојката цело време додека трае спотот. На Кале мислам дека беше сниман. Како се викаше, ич не ми текнува....
 
Јака тема... Ме фати носталгија за МС. :)

На МС излезе на времето еден спот со еден дечко кај што си ја лапа девојката цело време додека трае спотот. На Кале мислам дека беше сниман. Како се викаше, ич не ми текнува....
Мислам дека беше Васил Гарванлиев - Бакнувај ме. Инаку типов кога беше мал ја испеа „Марионка“ и беше ултра популарен. Кога порасна студираше во Бугарија и му текнало да сними песна и спот, ама нешто не му испадна успешен обидот :)
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 11:00 ---
Тања Царовска воопшто не е one hit пејачка... на пример, има илјада проекти на филмска музика (на пример, Троја, Мајки.... да, да, на http://www.youtube.com/watch?v=5uTpKBqLE0I), како и нов соло албум.... Не мешајте баби и жаби, ако некој не е познат во Македонија, не значи дека не направил кариера во странство... или ако не слушате доволно добра музика :P (Тања има нов соло албум.... добро, релативно нов: http://www.youtube.com/watch?v=eGK7yHU6CyQ&feature=related
Јеп, цела тема го вртиме тој муабет :) Прочитај по првите страни :)
 
Не трескај зелени, Манев има уште минимум 3 добри песни

Знам дека сакаш да испадниш интересен, ама не испадна, само покажа колку малку ти работи мозокот.

Трајче Манев со негови 3-4 песни заслужува да биде спомнат во темава. Си се потрудил со јутјуб, но негова најпозната и прва асоцијација за него е „Осамен“. А ти друг пат ко ќе сакаш да тресиш зелени земи цитирај некој кој спомнал пејач кој има повеќе од албум, неколку хитови или сеуште е актуелен.
 
Ми текна кога го видов тоа „кратка пантомима“ :) Ја ради Бани Мањани гледав МС. Само не знам кај виде плави очи. :) У секој случај, добра песна.

Повелете:
Најјаката песна!
 
Еххх Васко... штета што се посвети само на својата професија туристички водич...

И беше водич на сестра ми кога беше на екскурзија во Италија. После и покажав видео-две од типов и она само кажа WTF?!
 
Надица Богевска, девојката излезе со толкав ентузијазам и остана само на 2-3 песни :cenzura:.
 




Исто така имаше и една група мислам дека се викаше 3Д и мислам дека Дани од Антена беше член, ама не сум сигурна.
 
Да ја воскреснеме темава бидејќи има што да се зборува... :cool:





Рената е навистина прекрасна пејачка и личност бидејќи и лично ја знам но криво ми е што некако не и оди со пробивањето кај нас... некако ќе се вртат песните една - две недели и после тоа е тоа... а девојката има навистина талент.
 
Да ја живнеме темава малку :)

Знае ли некој каде се добар дел од пејачиве?
Снежана Џеповска, Елена Цветкоска, Јелкица, Надица...? Имаше доста популарни на времето, штета што не продолжија понатаму.
 
Ви текнува на типов
исто и на овие
Ми текнува на забите на типот , а Даскал имаше некој хит за време на Врчак ерата
Автоматски споено мислење:

Јака тема... Ме фати носталгија за МС. :)

На МС излезе на времето еден спот со еден дечко кај што си ја лапа девојката цело време додека трае спотот. На Кале мислам дека беше сниман. Како се викаше, ич не ми текнува....
Иначе ова е Тино Кајшаров исцелителот, на Youtube најдов извадил бг верзија, македонската ја нема
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom