Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Заслужен и реален пораз.
Класи се во прашање, да сме реални и покрај то шо имавме некои потајни надежи.
Далеку сме ептен од тој квалитет шо ти треба за да победваш јаки екипи во ЛШ/

Денес Загреб- Кил.
Иста приказна ко ние вчера,за 10 минути ја решија Швабите утакмицата.
Така се игра ко си појјак, излегваш, прајш разлика и чекаш сам да се распадни противникот и да ти дава топки в раце, после е лесно да се игра.
Нормално, ако знајш да ја напрајш разликата.
Тука се делат екипите, екипи со јаки индивидуалци и екипи ко нас, шо неаме лидер шо ќе повлечи ко ќе треба и шо се распаѓа на прва посериозна разлика на противникот.
Далеку сме сите екипи од екс СФРЈ од тој ЛШ квалитет, да не се лажиме, имаме уште многу фурни леб да јадиме.
ЛШ е друг левел.
Загреб со 4 милиони евра буџет
Единствено Цеље работи плански, со млади играчи и со по некој странец, секоја сезона се солидни, треба да научиме некоја финта од нив.

Околу утакмицата вчера.
Без Магнус Ред ни ја дупнаја глата.
21 одбрана на Бергерут, ни ја спушти ролетната и толку беше приказната.
Не можи бе со такви аматерски удари од чисти зицери, голман 2 метра, со такво искуство, цел гол го покрива ти со полу-лоб квази удари сакаш гол да клајш.
Не ја бива така работата и нема да помини, нема да помини ниту со Алкалоид, камоли со Бергерут.
То ти е тој СУВ КВАЛИТЕТ- Сагосен-Јоханесен во напад, ги игра скоро цел меч. стабилна игра дури да пукни нашата зона и прај вишоци на крило.
Се изнаиграа крилата, тренинг.
Џабе се изјавите на Јовиќ, НЕ СМЕ ЗАСЛУЖИЛЕ ТОЛКАВ ПОРАЗ.
Пораз е пораз, дали е 1 или 21 разлика, исто е, немаш никаков ќар на крај, ако се "пофалиш дека си изгубил со само 5 разлика".
Поразот не е толку страшен, оти е реален и очекуван, не е срамота да изгубиш од екипа шо е костур на норвешката репка, шо е во последните 6,7 години во ТОП 5 репки во светот.

То шо треба да не загрижва е шо немаме игра, немаме континуитет, немаме препознатливост на терен.
Шо појќе од 2 сезони на домашен терен не можиме да имаме некој ќар, од атмосфера и слично.
Ние дома сме бетер од гости.
Не е толку слаба екипата колку шо не се користи нејзиниот потенцијал ко шо треба.

На 30 секунди ги менват бекојте, пикерите, не се знај ни кој останва, ни кој треба да излези.
Таман влегол играчот, излегва, го заборават на клупа, па после незагреан, ела пак играј, ко замина утакмицата низ брдо, не оди така.
Каша попара поставата, едно време на терен на бек ни беа Танкосен-Тајник и Патровиќ.:masa:
Го играт Тајник на 5ка, и то истурен, еден куп испаѓања имаше, после се отвораа кратери во одбрана и лесни проигрувања до крила.
Павле го игра во одбрана, едноставно свеста му ја зедоа на детето, не уништија и на пикер, ( се изнаигра Гулерут) и со пасој до крило од та страна.
Не можи да чекаш да имаш одбрана со вакви формации и избор на играчи, или играј го само напад, а во одбрана пуштај некој друг, Василев или било кој.
Како партали не фрлаа во дуелите, посебно ко се работи за нападите на Петровиќ, дури смешно беше да се гледа која разлика во физикус беа тие дуели, без та физичка сила не можиш ти во напад да си успешен.
Еден Горан Јоханасен свеста му ја зеде вчера, ами ко ќе ни дојдат Винчек, Дувњак и компанија на 27.09, голот нема да го видиме.
Колку сакаш имај желба за напад, едноставно не оди, без та физичка сила, без салам скочност, без удари надвор од 9 нема шо да чекаме од бек.
Цехте го прегореа, не можеше да диши појќе. :D, а уште не е почната сезоната.:popce:
Борзаш го чува на клупа, а единствен е од оваа екипа покрај Кисум, шо моментално можи да дај нешто надвор од 9
Сери најслаб во одбрана, не само вчера, како брз воз го поминваја, не е спремен уште чоеко, џабе го форсират.
Држи место за странец, а неаме засега ќар, дури да влези, дури да се постави сме примиле гол, дури да излези ојде пола напад.
Ваљда за недела ќе го имат то во предвид, ако нејќат пак Камиказата да му ја земи свеста.

Друга работа, со измените одбрана-напад, ептен неорганизирано.
Вчера Нилсен во второ, демек треба да оди на измена, тој оди во напад, се мести на 6 метри, тогаш му текнува дека треба да оди на измена.:vozbud:
Ојдоа 20 секунди за џабе, дури да влези играчот во напад.
Или по примен гол, ја фрлат топката голманите, го промашва пикерот шо е на центар, никој не оди по топката, седат.
После се чудеше рајата оти кревале судиите пасивен, не ќе те чека некој да ја земиш топката, или да напрајш измена.
Нема во Европа толеранција, да те чека некој, или одиш во напад или ти ја земат топката, не се овие Кркачев-Колевски.

Единствена позитивна работа, покрај паркингот и шминкањето на салата е атмосферата вчера, чиста 10ка.
И покрај то шо ни ја дупнаја глата Викинзите.
Ниеден ексцес, ни едно ливче на терен, скандирање и слично. :bravobe:
Губиме 9 разлика, а в сала, 20 минути по утакмици атмосфера ко да сме победиле.

П.С.

Сеа да се спремиме за викендот, ( Борко да ни кара од трибина:vozbud:, во стајлинг- Хавајка и јадранка:kuracc: ), од овај меч многу работи ќе зависат за натамошниот тек во лигата..
Ако изгубат ( а појќе од реална е оваа опција ), реално и нужно ќе биди, односно по секоја логика треба да следи реакција на радикални промени, не само во тренерскиот стожер :masa: туку и кај играчите, оти и дете шо прв пат гледа ракомет можи да запримети дека добар дел од играчите не го дават ни 50 % од то шо треба, или шо се очекува(ше) да го прикажат.
 
Последно уредено:
Јас лично недела сакам да изгубиме , оти ако тепаме ќе се створи лажна слика и ќе се пролонгира смената за 2-3 недели или макс 2 месеци.
 
За Недела и дефинитивно има забрана ? А баш ќе беше интересно од Кавадарци да се пренеси забавата во Скопје
Болна работа е ова уште не почнато првенството клаваат забрана оти алкалоид нема навивачи и сега ако не се побунат Пелистер и 1961 ќе ни го земат редот Мукаетов и Лазаров па така ќе остани до крај ,колку да си знаете вие воајерите од управата после да не плачите оти вака ,оти така било !
 
Od 1961 pobaraa zabrana za gostinski navivaci.
 
Nitu edna institucija vo ova mizerna drzava nema kapacitet da go sprovedi to nesto a ke bese ludila
 
Ако е само една утакмица се трпи но ако е цело првенство тогаш наебавме или не дај боже во плејофот тогаш сакале ,неќеле ќе мора да пазарат уште играчи оти не знам кај можи овие во гости да победат

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Nitu edna institucija vo ova mizerna drzava nema kapacitet da go sprovedi to nesto a ke bese ludila
Има институции и тоа како ко можеше комити како бели мечки да ги донесат во Битола батер од прецедателот да имаат обезбедување или оние татарите шо беа дојдени во Битола на отворањето од нивниот клуб тогаш е мајтап да се организира нешто за во Скопје и Јане Сандански ко секој месец има некој политичар или било кој да оди во посета на "метрополата" исто ги пуштија тие на левски кој се не беше на арената однесен и прошетан низ град па за нас два три автобуси е мачкина кашлица да не однесат и вратат само е оправдање дека не можат туку дека не сакаат оти вака му одговара но се надевам дека ќе му се врати со исто како тие нас ко била забраната од 1961 и паѓа во вода дека комити сакаат судир и поштуваат кодекс дека не превзеле ништо ние да одиме кај нив

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Краток осврт на дебито на Пелистер во овој нов елитен формат на ЛШ (последно кога играше Пелистер поинаку функционираше ЛШ).

Надвор од теренот: Добра атмосфера, малку од малку заличи и салата и амбиентот на начин на кој што треба сето тоа да изгледа. Нормално додека нема соодветна сала, лимитирани се можностите, но изгледа доста подобро се на се земено во однос на минатото. И организациските, маркетиншките се на се би рекол институционалните работи околу спортот се нешто што треба да се развие и да се учи и тука се гледа дефинитивно напредок сезонава, кој ќе треба и натаму да се унапредува и усовршува.

На теренот: Сосема реален и очекуван пораз. Колштад е многу сериозна екипа, без разлика што се дебитанти во ЛШ бидејќи се нов проект. Екипа која сигурно има желби да атакува на фајнл 4, иако дотаму тешко ќе оди, голема е конкуренцијата. Плус беа и супер мотивирани, забораваме дека и нив им е ова деби, плус заради финансиските проблеми имаа причина плус да им докажат на своите спонзори дека ова е проект во кој вреди да се инвестира. Знаев дека вака ќе оди натпреварот, па неодамна на СП игравме со Норвешка на СП и не растурија со 12 разлика, што очекувавте овде, во Колштад реално игра првата постава на норвежаните, главната оска (Сагосен-Јоханесен-Ред-Гулеруд-Бергеруд), а на крило со скандинавците знаеме дека не е и битно сите екипи имаат јаки крила. Сагосен не растури, мотивиран беше, ми се чини 55 минути изигра (толку јас не памтам кога последно играл), се одеше преку него, растеретен од бундеслигата, сега сигурно пак ќе атакува да биде најдобар играч на светот. Малку кога излезе одма намаливме, па мораа да го вратат.

Од друга страна, кај нашиот тим, се согласувам дека има голем и хаос и нејаснотија која ја направи стручниот штаб, што нема јасна хиерархја во тимот, не си ја знаат улогата како што треба играчите. Јовиќ и Шундовски се корисни за македонското првенство со сите негови спезифики, но не се за ова ниво (иако за мене има смисла да се во организацијта на клубот - Јовиќ во 2ката, Шундовски во некоја покоориндаторска улога на млади категории), но до некаде не е ни во нив проблемот. Нивото на играчите едноставно е за Лига Европа, а не за Лига на шампиони. Во ЛШ настапуваат најдобрите играчи во светот. Кој од нив игра во Пелистер?

Рано е да коментирам за Бранче, ќе видиме како ќе ја тера работата, генерално повеќе логика имаше скаутингот на играчи оваа сезона во однос на минатата, но пак останува фактот дека генералната стратегија е утната. Дали е можна друга стратегија не знам, можеби не е возможно за Пелистер во моментот да донесе повисока класа на играч, но во таква ситуација носиш млади играчи кои имаат шанса да експлодираат, а би се нафатиле за да имаат шанса да играат во ЛШ. Инаку моделот за Пелистер (па и за било која македонска екипа) тукушто ни го покажа Колштад - носиш една јака постава (4-5 играчи од светска класа), во случајот кај Колштад и тие се локални но не мора, може да се и странци, останатите, втората постава треба да е домашна/локална.

Вака, составот што го имаме е само квантитет но не и квалитет (за ЛШ стандарди, за домашно првенство јас сум многу пооптимист, мислам дека суперкупот не е некое мерило). Затоа и се мачи стручниот штаб да состави екипа со идентитет - кога имаш еден куп играчи со сличен квалитет, како да ги склопиш и селектираш, како да изградиш систем што соодветствува на нивните слаби и јаки страни е многу тешко.

И на крај за очекувањата, секаков бод, па и близок натпревар што ќе ја напума атмосферата е успех за Пелистер. Да се очекува дека ќе им парираме на гигнатите со овој состав е невозможно (а како за беља 6 од тие 9-10 екипи кои ќе конкурираат за фајнл 4 се во нашата група - гледам има доста потценување на форумот за Алборг, Колштад и особено за Пик Сегед - не знам дали не сте гледале ЛШ изминатите години или што е работата, но ова се многу мнооогу сериозни екипи, особено Пик Сегед, не ми е јасно како го ставивте во кош со Загреб и сл.). Пелистер, Загреб и Целје се најслабите екипи во ЛШ (пред се затоа сакаат да ги исфрлат балканците од ЛШ полека полека, Динамо Букурешт ќе го заземи нашето или словенечкото место во иднина...). До некаде од овогодинашните екипи може да се игра со Порто и Висла Плоцк, евентуално ГОГ Гудме. И толку. Другите се далеку далеку понапред. Од нив само Загреб ни е во групата, така што таму ни е шансата за бодови, а и со Загреб ќе бидеме аутсајдери (Европа на Пелистер гледа како на најслаба екипа во ЛШ оваа сезона).

Како и да е, што е тука е, треба да се ужива во натпреварувањето, прашање е дали пак ќе има ЛШ во Битола за брзо, треба да им се даде реална шанса на македонските деца во ЛШ (а не сите комплет да ги испратат на трибина уште на дебито) и генерално со позитивна атмосфера да се тера сезоната. Нема потреба од само хејт. Ако треба измени во стручен штаб и слично, нека има (макар што за ЛШ веќе е веројатно касно, поарно за идната сезона да се размислува), конструктивна критика со објаснување е ок, ама од пцуење по форуми ќар нема. Во меѓувреме неколку тактички работи мора да решат:
- Борзаш е комплетно невклопен во екипата, и засега разочарување, но е единствен бек кој има капацитет за ЛШ ракомет и во интерес на екипата е да најдат начин да му ја кренат формата и да го вклопат.
- Мора да ја решат ротацијата на пикер/дефанзивец и да ја усовршат уиграноста на оваа тема. Не е јасно дали треба да игра Василев или Хансен засега, не е јасно дали да влегуваат Сери/Стевановиќ или не, и ако да кој од нив... Опциите, 3 играчи по позиција што ги бараа тренерите има донесоа само хаос наместо помош.
- Ќе мора да смислат како да го играат Петар Атанасијевиќ, бидејќи Тајник иако не е којзнае што е есенцијален како плејмејкер за да излегледа нападот на нешто, а главно ќе мора да го кријат во одбрана. За да се вклучат повеќе крилата мора повеќе напад на зона и додавање, што со Борзаш/Кисум/Цехте постава е тешко изводливо. Знам дека пробаа да немаат измени на почетокот со Колштад заради нивната транзиција, ама тука го изгубија натпреварот, после тоа колку толку се парираше во играта, но веќе беше касно.

Едноставно идентитет му треба на екипата, а ЛШ брзо оди, нема време од 6-7 месеци колку што лани им требаше да го најдат идентитетот.
 
Она што го очекував од Пелистер дури и полошо прашање е и дали ќе успеат да победат некоја кога веќе Колстад се покажа како велесила а за мене Колстад е само еден просечен учесник во Лш кој немат ни до 1/4 финале да дотуркат. Премија би била и победа над Загреб а све е последица на многу лошата селекција на играчи кај шо наместо да се надградува Пелистер оди во спротивен правец.
 
Се се сложвам ама сега касно е , доволни беа 4 играчи повисока класа другото имаме наши за надополнување .

Јас лично мислам треба да го напрат Борзаш лидер , а место тоа тие го убиват. Ако некој можи да крени играч е тренер , ама и тој можи лесно да го уништи.

Не знам кој концепт го имале замислено ама напраја чорба од квантитет, јас не гледам како сега можат да средат екипата и да дојсат и нов тренер , едино да земат среден и десен , и све вишок што е да се префрли во 2-ка.
Ама кој би донеле на полната сезона и дали можи појма немам .

Како и да е мора да се одлучат кој е прва постава и да играт по 40-45 минути тие играчи , а не на секој 5-6 минути прат чорба во составот. Мада мислам дека овие вака го имат замислено ракометот и нема да се сменат .
 
Se probvashe nekni dosega nevideno za mene vo vtoroto poluvreme sekoj napad razlicen igrac, eden napad kisum eden tankosen eden napad borsaz eden napad tajnik plus stevanovic, pavle petrovic isto, cehte beshe vekje pri kraj so snaga, znaci strucniot stab pokaza nepoznavanje na igracite ne znaeshe kako, nemashe razraboteno koncept se beshe ebivetar kako od mars padnati, jas znam deka i najdobro da izigravme pak ke go jadevme kurot od ovie ama ova beshe bolka za oko, nesredenosta najmnogu boli, chitam brane se meshal imalo nezadovostvo, valjda citate picka mu mater sramota e sednati na klupa samo da brcite bez nikakov koncept sredete si gi funkcite, ova trenesko duo to mu beshe plafonot so titulata ls e za niv druga planeta.
Dvesta igraci imate doneseno vo dvete ekipi kolku pari spickavte eden asolen ne se pogodi ni trener ni igrac, ne doizveavme atmosfera da naprajme, igrata ja vleci atmosferata so ova mrtvilo i pocetok na sezona e rezil, lani vi pomina debaklot vo evropa nezapazen izlazano so titulata, godinava ako ne rokni vardar dvapati vo deset dena ke bidi rezil..
to e pelister nie go sakame odime v sala imeto ne boli ama ova sho go gleame e ochobol i sramota
 
Се се сложвам ама сега касно е , доволни беа 4 играчи повисока класа другото имаме наши за надополнување .

Јас лично мислам треба да го напрат Борзаш лидер , а место тоа тие го убиват. Ако некој можи да крени играч е тренер , ама и тој можи лесно да го уништи.

Не знам кој концепт го имале замислено ама напраја чорба од квантитет, јас не гледам како сега можат да средат екипата и да дојсат и нов тренер , едино да земат среден и десен , и све вишок што е да се префрли во 2-ка.
Ама кој би донеле на полната сезона и дали можи појма немам .

Како и да е мора да се одлучат кој е прва постава и да играт по 40-45 минути тие играчи , а не на секој 5-6 минути прат чорба во составот. Мада мислам дека овие вака го имат замислено ракометот и нема да се сменат .

Не е толку проблем според мене минутажата (иако факт е дека како играч, за да добиеш осет на играта, мора да поиграш, во 2-3 минути не можеш да бидеш ефективен). Ако имаш поширок ростер на играчи можеш да смислиш побрзо темпо на игра, со брзи замени, да се искористи константната свежина. Можеш ефективно да ротираш меѓу натпревари. Проблем е што заради квантитетот натрупан на екипа која нема веќе воспоставен идентитет, многу е тешко сега да развиеш систем кој правилно ги користи играчите. На еден му одговара едно, на друг друго, а сите наеднаш доаѓаат во една нова ситуација.

Касно е сега за вакви team-building дебати реално. Да не се навраќам што се имам пишано со години на таа тема - water under the bridge е се тоа сега (завршена приказна). Треба да гледаат колку може попристојно да изгледаат сезонава, со постојниот тим. Да се фокусираат на освојување на титулата и на градење на играчи за во иднина. И во меѓувреме да се почнат напори за да се донеси "ѕвезда" или потенцијална ѕвезда за во идната сезона. Големите играчи се договараат на зима, некои дури и една сезона однапред (ова е всушност многу глупаво, ама за жал така функционира ракометот).
 
Пропуштија на пријателските летото , значи мораше да се изгради идентитет и стил на игра и да се стави јасно до знаење кој се први палки во екипата.

Вака на секој 5-6 минути ротира , некој кикснал два напади на клупа одма друг , не можи така , едно да ротиташ за свежина друго е во никој немат доверба два кикса на клупа .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom