Македонска берза

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
@Dar_Mak Фала ти !!! Честам пиво за овие информации :ајнапиво:
Ја кога би бил подолго време на берзата, би советувал да купуваат од она што имам јас, поголем влез на пари,зголемување на цената :))
КМБ зедов нешто ситно, ја меркам Окта, но истата многу скокна за неколку дена, па после раст обично следува нели пад, но секако не е правило :) Фала уште еднаш
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
ОКТА според мене ќе има раст, и ќе биде copy past na КМБ (Адора и Ф.Е.) во однос на дивидендна политика,, каде агресивен малцински акционер ќе инсистира на се поголема дивидиенда од година на година... А верувам знаете кој е најголемиот малцински акционер во ОКТА...
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
34
Поени од реакции
61
@Blerim а размислување во случај со Окта? На моментална цена?
Dobro ti kaza @Dar_Mak sakas da ti nacrtime sto da kupis:D:D. Do dusa i ne sakam da bidam jas toj sto bi te nasocil kon nekoja akcija da ja kupis, a toa na krajot da bide utnata investicija. Generalno zboruvam, ako pominat ustavnite izmeni, bilo sto od MBI10 da imas gore dolu e ok. Ako ne pominuvaat, i zlatna akcija da imas, smetam deka ke padne. Sekoj so svoja glava sto se vika. Od momentot koga navedov sto mislam za Okta pa se do vcera, akcijata ima ripnato za 500den, taka da 500 denari si vo minus:). No toa ne znaci deka ne moze da padne.
Tvoi pari, ti si znaes. Kako sto odat rabotite vo drzavata gledano od denesna perspektiva, odime kon izolacija. Ama ako se smenat, poniski ceni od sega za akciite ne smetam deka ke ima. Ti si znaes- sto cuvstvuvas, taka pravi.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Менаџирање на нечие портфолио и финансиски совети ви се недопрен пазар во мкд. Едно чудо народ има со кеш во банка, а не знаат како работи берзата, ниту пак имаат време за анализа, а уште помалку некој им ја рекламира.
Не знам која е регулативата за ваков тип на компанија, но ме е лошо да размислите вие што сте со финансиска позадина.
 

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
Dobro ti kaza @Dar_Mak sakas da ti nacrtime sto da kupis:D:D. Do dusa i ne sakam da bidam jas toj sto bi te nasocil kon nekoja akcija da ja kupis, a toa na krajot da bide utnata investicija. Generalno zboruvam, ako pominat ustavnite izmeni, bilo sto od MBI10 da imas gore dolu e ok. Ako ne pominuvaat, i zlatna akcija da imas, smetam deka ke padne. Sekoj so svoja glava sto se vika. Od momentot koga navedov sto mislam za Okta pa se do vcera, akcijata ima ripnato za 500den, taka da 500 denari si vo minus:). No toa ne znaci deka ne moze da padne.
Tvoi pari, ti si znaes. Kako sto odat rabotite vo drzavata gledano od denesna perspektiva, odime kon izolacija. Ama ako se smenat, poniski ceni od sega za akciite ne smetam deka ke ima. Ti si znaes- sto cuvstvuvas, taka pravi.
О Блерим, :) ако некој се одлучил да инвестира. Истиот треба да е свесен за ризикот кој го превзема и за добивката доколку се елиминира ризикот. Е сега како што напоменав, ја да имам купено Окта, и мислам дека ке расне уште, ако ме прашаш ке ти кажам “окта пријателе” и јас ке имам плус ако влезат нови пари и расне а и ти. Така да, @Lester Freamon даде добра да не кажам одлична идеја за бизнис како консалтинг, кај нас фали финансиска писменост и генерално влада не верување ..
 
Член од
8 декември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
2
Би било добро ако може, некој кој следи глобални економски трендови и инвестирање, да даде мислење, како инфлацијата делува на цената на акциите? Бидејќи цената на акциите од МБИ10 е иста како и пред година-две (некои и повеќе), што значи дека реално паднале над 30% Дали очекувате како и сите цени, и цениве на акциите да претрпат поголеми промени?
 
Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
@Dar_Mak Фала ти !!! Честам пиво за овие информации :ајнапиво:
Ја кога би бил подолго време на берзата, би советувал да купуваат од она што имам јас, поголем влез на пари,зголемување на цената :))
КМБ зедов нешто ситно, ја меркам Окта, но истата многу скокна за неколку дена, па после раст обично следува нели пад, но секако не е правило :) Фала уште еднаш
Пиво прифаќам, ама ако имам некоја акција во моментот, не значи дека ќе ја имам и утре, а да боцкам други да купуваат, тоа не правам, едноставно работам по инстинкт. По некоја случајност еве +10% на Окта од вчера, па откачив добар дел од неа и имам остварено солидни над 25% добивка. Може уште ќе расте, но порано играв алчно и неразумно, сега гледам да правам поразумни и посигурни чекори.

Секако, добро правило е да не се откачува во целост златната кокошка, а таа кокошка може да биде која било акција во одреден период. Кога веќе сте се стекнале со таква кокошка, советувам да продадете некое јајце за повисока цена, но и да оставите нешто за понатаму, освен ако сте уверени дека е достигнат врвот, па следува пад.
 
Член од
20 декември 2021
Мислења
204
Поени од реакции
232
Би било добро ако може, некој кој следи глобални економски трендови и инвестирање, да даде мислење, како инфлацијата делува на цената на акциите? Бидејќи цената на акциите од МБИ10 е иста како и пред година-две (некои и повеќе), што значи дека реално паднале над 30% Дали очекувате како и сите цени, и цениве на акциите да претрпат поголеми промени?
Za 30% dobivka i poveke podobro e da se zafatis so trgovija na grav,piperki,lubenici ili ovci da cuvas.Ako imas akcii od stopanska i od granit ili imas nesto vlozeno na tri godini so 3,5 % kamata sigurno ja imas seteno inflacijava i so povisoki procenti.Zaboravas deka KMB od 7000 dojde na 13000 ili TNB od 17000 na 27000 ili UNI od 2800 na 5200, se so vreme i trpenie si ima svoj redosled.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Би било добро ако може, некој кој следи глобални економски трендови и инвестирање, да даде мислење, како инфлацијата делува на цената на акциите? Бидејќи цената на акциите од МБИ10 е иста како и пред година-две (некои и повеќе), што значи дека реално паднале над 30% Дали очекувате како и сите цени, и цениве на акциите да претрпат поголеми промени?
Нема правило кога станува збор за раст на акциите/индексот во однос на инфлацијата. Има периоди кога акциите растат кога имаш висока инфлација и обратно. Во маркетот и економијата се може да се случи. Прашањето за тебе е што ти е целта со твојот капитал.
Гледаш брзо да направиш пари или гледаш долгорочно да ти бидат инвестирани негде за да не ја загубиш куповната моќ?

Долгорочно со buy and hold ризикот од загуба се намалува колку подолго ја држиш инвестицијата, се додека компанијата што ја имаш или цел индекс ако си го купил го зголемува профитот.
1693987526129.png
 
Член од
8 декември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
2
Za 30% dobivka i poveke podobro e da se zafatis so trgovija na grav,piperki,lubenici ili ovci da cuvas.Ako imas akcii od stopanska i od granit ili imas nesto vlozeno na tri godini so 3,5 % kamata sigurno ja imas seteno inflacijava i so povisoki procenti.Zaboravas deka KMB od 7000 dojde na 13000 ili TNB od 17000 na 27000 ili UNI od 2800 na 5200, se so vreme i trpenie si ima svoj redosled.
Ama bash nishto ne si me razbral.
Btw, nemora piperki i grav da prodavas za 30% dobivka, ama sekoj kako znae taka.
Uzivaj, pozdrav!
 
Член од
19 мај 2022
Мислења
5
Поени од реакции
55
Во контекст на раздвижувањето на акцијата на Окта деновиве, потсетување на анализата на акцијата од Мај '22.

Здраво колеги инвеститори,

Подолго време го читам форумот, па решив да удрам "сефте" и да придонесам на дискусијата со една длабинска анализа на акцијата на ОКТА. Моментално е мојата најголема позиција на МСЕ.
Компанијата детално ја следам подолго време и во анализата се обидов да ги опфатам сите побитни аспекти како контекстот, позитивните и негативните фактори, валуацијата, развојниот потенцијал итн. Затоа анализата испадна малку подолга, но се надевам доволно интересна.

Целата анализа е тука (се надевам не е проблем што е на англиски - сакав евентуално да биде разбирлива и за инвеститори надвор од Македонија).
https://balkansinvesting.blogspot.com/2022/05/okta-skopje-investment-deep-dive.html

Се обидов процесот на валуација да го објаснам подетално за да можат и помалку искусните инвеститори да ја следат анализата.
За поискусните инвеститори, би било одлично да споделиме мислења ако некој има конструктивни коментари околу самата инвестициска теза и заклучоците.

Накратко, мислам дека акцијата на оваа цена нема позначаен downside ризик - пред се затоа што нема долгови, има повеќе кеш на сметка од моменталната цена на акцијата, негативните ефекти од дополнителни акцизи од Царината се прокнижени во резултатите за 2020 и 2021 и се веќе рефлектирани во цената. Веројатноста ценета на нафтата позначајно да се намали во следниот период е значително намалена поради ситуацијата во Украина/Русија.
Секако ова не значи дека на краток рок цената на акцијата воопшто не може да се намали, особено кога корекцијата од светските берзи ќе се ефектуира и кај нас, но генерално на оваа цена акцијата нуди висок margin of safety.

Од друга страна, во следниот период на акцијата позитивно може да влијаат неколку фактори
  • Постојат конкретни информации дека нафтоводот Солун Скопје може конечно да биде отворен оваа година (нафтената криза е уште еден катализатор за ова побрзо да се случи)
  • Окта има рекордна добивка во 2021 и нова рекордна добивка во Q1 2022, со одлични изгледи за целата 2022 и понатаму.
  • Европа ќе биде во продолжена енергетска криза со зголемени цени на енергенсите во наредните години (ова е важно од аспект на потенцијалните идни инвестиции со обновлива енергија од страна на Окта).

Акцијата е ниско ликвидна и со ниска дивиденда и според мене тоа е една од главните причини што е потценета. Но за стрпливи и долгорочни индивидуални инвеститори, мислам дека Окта моментално нуди еден од најдобрите односи на upside vs downside на МСЕ.

Однапред фала за коментарите,

ps. "Shoutout" до колегата Dekis за неговиот инпут во анализата, како одличен познавач на акцијата на Окта :)

Она што е ново, е што во меѓувреме дивидендата е двојно зголемена, а пеналите кон царината се платени, без можност за нови пенали. Арбитражата во спорот со Хеленик заврши со пресуда во Ноември '22, а веднаш после тоа Хеленик поднесе барање за добивање на дозвола за пуштање на продуктоводот Солун-Скопје во употреба.

Инаку еве што вика Хеленик во Годишниот финански извештај за '22, на страна 200

Within 2022 the Company has obtained the meters specifications and has submitted to the relevant authorities the required documentation to obtain all the necessary licenses for the operation of the pipeline. Within Q1 2023 the hydrotesting and in-line inspection of the pipeline is expected to be completed. However, further administrative processes need to be completed, the timing of which is uncertain. Nevertheless, based on the recent positive developments of the aforementioned application approval, Management consider that the asset could become operational by Q4 2023.

https://www.helleniqenergy.gr/sites/default/files/2023-03/2022_AFR_EN_03.03.2023.pdf

Со оглeд на тоа дека Q4 е за неколку недели, можно е раздвижувањето на цената да е поврзано со евентуалното пуштање на продуктоводот (кој се сеќава на првата дивиденда на СБ, ќе му текне).

Друга причина би била тоа дека некој ја сфатил вредноста на акцијата на Окта и фактот дека заклучно со Q2 2023 има 2.781 милиони ден кеш на сметка, или 3.310 ден по акција, без никакви долгови, со 95% од вкупните складишни капацитети на нафта и деривати во МК, со нафтовод од Солун што им излегува во двор и со потенцијал за годишен профит од 600-900 ден по акција. Но со оглед на тоа дека ова не ништо ново, мислам дека оваа причина е помалку веројатна (тоа би значело дека MSE одеднаш станала ефикасна берза каде што фундаментите нешто значат, а за тоа нема баш многу докази).

Како и да е, претпоставувам дека наскоро ќе дознаеме.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
342
Поени од реакции
333
Кај и да е ќе се јави и овој со приФатната група за привилегирани, високо начитани и специјални инвеститори да даде свое видување и каење зошто не лапнал и тој малку од целава ситуација. За другите, прогнозирам забавен раст, па забрзан пад за дотичниов економско-правен субјекат.
 

LP1519

ЧастиОбраз
Член од
2 февруари 2012
Мислења
405
Поени од реакции
298
Што се дешава со Окта другариии :pijani: @Blerim добро иде торбата :)
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Ќе го барате вие Сајд Хаслер :)

Уше имате можност да влезете у екипа кај нас!

Good Luck here ;)

242792-bidete-shturec.jpg

#The last time you gonna see a bad guy like this again :kruna:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom