Здраво колеги инвеститори,
Подолго време го читам форумот, па решив да удрам "сефте" и да придонесам на дискусијата со една длабинска анализа на акцијата на ОКТА. Моментално е мојата најголема позиција на МСЕ.
Компанијата детално ја следам подолго време и во анализата се обидов да ги опфатам сите побитни аспекти како контекстот, позитивните и негативните фактори, валуацијата, развојниот потенцијал итн. Затоа анализата испадна малку подолга, но се надевам доволно интересна.
Целата анализа е тука (се надевам не е проблем што е на англиски - сакав евентуално да биде разбирлива и за инвеститори надвор од Македонија).
https://balkansinvesting.blogspot.com/2022/05/okta-skopje-investment-deep-dive.html
Се обидов процесот на валуација да го објаснам подетално за да можат и помалку искусните инвеститори да ја следат анализата.
За поискусните инвеститори, би било одлично да споделиме мислења ако некој има конструктивни коментари околу самата инвестициска теза и заклучоците.
Накратко, мислам дека акцијата на оваа цена нема позначаен downside ризик - пред се затоа што нема долгови, има повеќе кеш на сметка од моменталната цена на акцијата, негативните ефекти од дополнителни акцизи од Царината се прокнижени во резултатите за 2020 и 2021 и се веќе рефлектирани во цената. Веројатноста ценета на нафтата позначајно да се намали во следниот период е значително намалена поради ситуацијата во Украина/Русија.
Секако ова не значи дека на краток рок цената на акцијата воопшто не може да се намали, особено кога корекцијата од светските берзи ќе се ефектуира и кај нас, но генерално на оваа цена акцијата нуди висок margin of safety.
Од друга страна, во следниот период на акцијата позитивно може да влијаат неколку фактори
- Постојат конкретни информации дека нафтоводот Солун Скопје може конечно да биде отворен оваа година (нафтената криза е уште еден катализатор за ова побрзо да се случи)
- Окта има рекордна добивка во 2021 и нова рекордна добивка во Q1 2022, со одлични изгледи за целата 2022 и понатаму.
- Европа ќе биде во продолжена енергетска криза со зголемени цени на енергенсите во наредните години (ова е важно од аспект на потенцијалните идни инвестиции со обновлива енергија од страна на Окта).
Акцијата е ниско ликвидна и со ниска дивиденда и според мене тоа е една од главните причини што е потценета. Но за стрпливи и долгорочни индивидуални инвеститори, мислам дека Окта моментално нуди еден од најдобрите односи на upside vs downside на МСЕ.
Однапред фала за коментарите,
ps. "Shoutout" до колегата Dekis за неговиот инпут во анализата, како одличен познавач на акцијата на Окта