Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Јас мислам дека Медисон е класична 10ка. И Маунт е додуша, бар по вокација. Ама не се сеќавам некогаш да играл на 8мица Медисон и не сум сигурен зошто владее ова мислење кај дел од нашите фанови. Според мене уште повеќе ќе се гушеа со Бруно.

Да го земавме него, а Маунт да играше во Тотенхем, сега ќе беше обратен муабетот.

Никој не ги зема во обзир притисокот и фактот што едниот си игра на позицијата која му лежи, а другиот се прилагодува на нешто ново.

Неповрзано со твојот пост, ама искрено не ми се допаѓа ни тоа што цела фан база му се сипа на Маунт уште непочнат. Дечкото има две официјални утакмици изиграно, а ние самите го прогласуваме за флоп. Исто има и група на фанови што едвај чека било каква грешка на Онана за да ја искритикува одлуката на менаџерот да го замене Де Геа со него.

Што е следно, да очекуваме 30 гола од Хојлунд уште сезонава? Треба малку кочница и поддршка на тие што доаѓаат во нова средина.

Нека ви текне Грилиш како почна во Сити и какви муабети се вртеа и за него. За на крај наредната година да биде во групата клучни играчи што го предводеа тимот до тројна круна.
Сите ги разбирам да ти кажам право, сите веќе подолго време исчекуваме позначителен трофеј, илити да бркнеме во медот или пак да сме блиску до врвот, искрено потрошивме еден тон пари и сите ги фаќа фрустрација со 6то место или 4то, или 8 или на што, луѓето често се споредуваат со некои помали клубови кои успешно завршуваат високо, повисоко од нас, не победуваат ни демонстрираат игра ,не потценуваат може е најправилен збор, а има секакви луѓе со различни ставови Јунајтед има 1милијарда фанови, секој со различни очекувања ама никој не очекува помалку од борба за титула, оној кој не очекува такво нешто или е дигнал раце или е пасивен навивач што не го интересира фудбал.
Сега сите зборат над 1 милијарда сме потрошиле, а кога ќе се направи математиката тродупло плаќаме просеци, голем дел од одговорноста е на играчите ама е и до управата.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
933
Поени од реакции
2.298
Алонсо :misticen:
Автоматски споено мислење:


Баш ме интересира дали ќе испадне нешто точно од сите овие глупости што се вртат вчера и денес, од Кукурења, Алонсо до трампа на позајмици Скот за Гравенберх.
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2023
Мислења
933
Поени од реакции
2.298
Ќе биде забавно следните 3 дена, еден куп шпекулации се вртат последните неколку дена. Овој Хојбјерг не е лоша опција, можеби и подобра од Амрабат за кој станува јасно дека повеќе беше прашина од другата страна отколку што имало итнерес од Јунајтед. Ќе видиме и со лев бек што ќе направат и за таму еден куп имиња се свртија уште Даниел Роуз го заборавија да го спомнат.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
BREAKING!

Manchester United are considering a surprise move for Tottenham Hotspur midfielder Pierre-Emile Hojbjerg. @JBurtTelegraph
Ова и не е лоша опција, ликот е работник на средината. Ќе имаме 3 Данци, ме бендисува тоа (y)
 
Член од
13 август 2023
Мислења
933
Поени од реакции
2.298
Ова и не е лоша опција, ликот е работник на средината. Ќе имаме 3 Данци, ме бендисува тоа (y)
Па добро, кога би го ставил на вага со Фред јас би го избрал овој вториот, доста поенергичен и поподвижен. На крај ќе испадне дека го пуштија Фред за да донесат полош играч и од него.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.387
Поени од реакции
9.591
Со чворот само ќе ослабнеме, очигледно е дека гледаат да приштедат пари заради потребата за лев бек. А и на таа позиција гледа пробуваат со најефтиното решение да пројдат.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
933
Поени од реакции
2.298
Се откажавте од Амрабат?
Според последните информации никогаш не бил на врвот на листата Амрабат, испаѓа дека повеќе било форсирано од страна на агентите и слично. Како и да е, Јунајтед не знаат каде удираат во последно, така да никој не би можел да даде поконкретна информација.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.387
Поени од реакции
9.591
Списокот се зголемува како се ближи крајот на трансфер периодот, наместо да е обратно.

На крај ништо чудно и Верати да дојде :LOL:
Боље и он него просекот од кокошките, со него не правиме апгрејт ни за Скот.
Автоматски споено мислење:

Очекувајте уште 5 до утре напладне. :pos:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom