Атлетика - Генерална дискусија

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.297
Поени од реакции
5.282
Гледам нема тема за атлетика, се што било отварано до сега било за светските првенства, ама последниве години ни за тоа не се отварало тема. Затоа ќе отворам тема каде што ќе се дискутира за се во врска со атлетиката, па можеби на некој ќе му текне да пише нешто ако види дека има тема. Можеби паднат е интересот воопшто за атлетика, можеби највеќе поради фактот што во голем број дисциплини се постигнати такви резултати што тешко веќе некој да ги бутне, ама тоа не значи дека нема возбудувања.

Вчера заврши светското во атлетика во Будимпешта, можеби и некој од вас и бил зошто со летовите визаер ене каде е. Планирав и предходно да отворам тема, ама од немање време светското заврши. Ќе ги издвојам само најинтересните работи што се случија на ова светско првенство.

Светски рекорд само еден и тоа во дисциплината мешана штафета, реално ова е млада дисциплина па рекорди и се очекуваат. Штафетата на Америка постави нов рекорд ама мора да се напомене дека до самиот финиш Холандија беше прва но Фемке Бол падна пред самата линија.

Фемке Бол, од трагичарка во првиот ден ј до најголем херој на последниот ден. Најпрвин освои злато на 400м со пречки па послем и донесе злато на Холандија на женската штафета на 400метри и тоа во каков финиш. Мераци е да гледаш како еден куп црнкињи со отворена уста гледаат како оваа млада дама ги поминува како од шала.


Холандија бележи огромен напредок во трчањето, од Дафне Шефер кога се појави пред неколку години до сега Фемке Бол. Очигледно инвестираат многу на тоа поле, слично како и Норвешка каде неочекувано почнаа да им собираат медали на Кенија и Етиопија.

Арманд Дуплантис, небесниот човек. Тоа што беше Болт, Исинбајева, Железни во минтатото тоа е он сега. Поставува резултати што другите натрпеварувачи не му се ни до колена. Го поседува рекордот во скок со стап со 6.21cm на отворено и 6.22cm на затворено. Сега проба на 6.23cm ама за несреќа не успеа. Видете ги само овие резултати, видете само кај се другите најголеми скокови. Освен Бубка, другите сите се под 14cm од него, Букба скокнал 6.14cm и тоа до пред Дуплантис да се појави важеше за нешто недостижно.

Untitled.png





















На кратките стази Ноа Лајлс од УСА е вториот послем Болт кој успеал да освои злато и на 100м и на 200м. Кај женските најбрза на 100m беше младата американката Шакари Ричардсон и таа се смета за надеж дека може да го сруши рекордот на Фло од 80ти, времето е пред нејзе. На 200м најбрза беше Шерика Џексон и тоа со второ најбрзо бреме на сите времиња 21.41 за само 7 стотинки поспора од Фло. Реално рекордот на Фло виси и можно е на наредни олимписки да падне.

Арденалинот беше на високо и на женскиот три скок (Ројас), фрлање кладиво (Таусага) и на машкиот скок во далечина (Тентоглу). Сите најдобри резултати беа постигнати во последниот обид.

Што да се очекува кога се прашање светските рекорди во блиска иднина? Нормално Дуплантис и скок со стап, женските 100м и 200м, машкото фрлање ѓуле и машките 100м и 400м со пречки. Во другите дисциплини за сега времињата и конкуренцијата е слаба.

Иначе што правел оној Железни, 98м во фрлање копје, оние јадниците вчера ги гледам не можат 90м да префлат а не па да го загрозат овој.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.749
Поени од реакции
4.998
400m со пречки мажи , зверот и за мене најдобриот атлетичар и светски рекроден во последниве години Карлстен Вархолм , само таа трка за чекав на Тв и скоковите во далечина, за друго чат-пат ако фатев нешто...


И Србинката Ивана Вулета во скок во далечина беше убаво да се види како шампионка


Северџанија не припаѓа во светот на атлетика , светски шампшиони во штафети со тендери и инфлација и пренос на мтв 3 со шит слика без ХД на а фул ХД на шпонската мтв2 со шпонски коментатор
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.297
Поени од реакции
5.282
Северџанија не припаѓа во светот на атлетика , светски шампшиони во штафети со тендери и инфлација и пренос на мтв 3 со шит слика без ХД на а фул ХД на шпонската мтв2 со шпонски коментатор
Не знам зошто воопшто купуваат права кога воопшто маркетинг не му прават на тоа. Демек некој што не прати ќе земе ќе пушти Мтв3 да провери што има.
2023 и уште не користат социјални мрежи, да стави нешто спонзоред да се врти дека ќе има прнос некаков на Мтв3 или пак по други медиуми. Катастрофа се, уште тераат како пред независноста.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.749
Поени од реакции
4.998
Не знам зошто воопшто купуваат права кога воопшто маркетинг не му прават на тоа. Демек некој што не прати ќе земе ќе пушти Мтв3 да провери што има.
2023 и уште не користат социјални мрежи, да стави нешто спонзоред да се врти дека ќе има прнос некаков на Мтв3 или пак по други медиуми. Катастрофа се, уште тераат како пред независноста.
Среќа на арена спорт можеше у ХД да се глеа , на А1 мтв3 нема ХД канал и сликата е као од нокиа мобилен камера пред 20 години , а на шпонската цело време идеше у ХД а шпон е последен сурат на земаја шо би глеал или би бил заинтересиран за атлетика.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.836
Поени од реакции
6.838
Јас немам слушнато воопшто некаква активност околу било какви атлетски дисицплини да се одржува кај нас. Барем да ја искористеа некако таа атлетската патека на стадионот во Скопје. Кај немаме фудбал, барем со други спортови да живнеше стадионот. Прекрасен беше стадионот во Будимпешта и околината деновиве. Голема штета и срам е за една европска држава толку ниско да котира во скоро сите спортови во 21 век, а демек сме кандидат за ЕУ. Абе се отепаа од крадење, да вложеа барем нешто во спортот, најголем промотор е за една земја во меѓународни рамки.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.121
Поени од реакции
13.206
Јас немам слушнато воопшто некаква активност околу било какви атлетски дисицплини да се одржува кај нас. Барем да ја искористеа некако таа атлетската патека на стадионот во Скопје. Кај немаме фудбал, барем со други спортови да живнеше стадионот. Прекрасен беше стадионот во Будимпешта и околината деновиве. Голема штета и срам е за една европска држава толку ниско да котира во скоро сите спортови во 21 век, а демек сме кандидат за ЕУ. Абе се отепаа од крадење, да вложеа барем нешто во спортот, најголем промотор е за една земја во меѓународни рамки.
Се оддржува, ама исто како да не се оддржува, секоја дисциплина има од 3-10 пријавени, малку е подобро од времето од пред 10 години кога не можеа да се соберат 2ца натпреварувачи за да се оддржи трка, но сепак е крајно лоша ситуацијата. Среќа има мали дечиња што трчаат шпринтови, па пополнуваат групи за да има некоков џагор кога има купови и првенства на стадион, иначе без нив повеќе народ се собира сообраќајка кога има некаде на улица отколку на трките на стадион на кој се решава кој ќе е државен првак за некоја дисциплина. Искрено не е една работа да се посочи прболем, да речеш ќе се смени и се ќе е добро, ништо не функционира во државата и атлетиката е само уште едно нешто во низата работи што не функционираат и тоа фрлена некаде на маргините, ни во топ100 приоритети на просечен политичар, а и на просечно Македонче.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.297
Поени од реакции
5.282
Дуплантис со нов рекорд, 6.23, кај му е крајот на човекот.


Нов рекорд на женските 5000м, етиопијката Гудаф Чегаи.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.297
Поени од реакции
5.282
Падна рекордот на Стефка Костадинова во скок во вис, стар 36год.
Јарослава Махучик - Украина 2.10 е новиот рекорд.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom