- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.313
- Поени од реакции
- 5.339
Гледам нема тема за атлетика, се што било отварано до сега било за светските првенства, ама последниве години ни за тоа не се отварало тема. Затоа ќе отворам тема каде што ќе се дискутира за се во врска со атлетиката, па можеби на некој ќе му текне да пише нешто ако види дека има тема. Можеби паднат е интересот воопшто за атлетика, можеби највеќе поради фактот што во голем број дисциплини се постигнати такви резултати што тешко веќе некој да ги бутне, ама тоа не значи дека нема возбудувања.
Вчера заврши светското во атлетика во Будимпешта, можеби и некој од вас и бил зошто со летовите визаер ене каде е. Планирав и предходно да отворам тема, ама од немање време светското заврши. Ќе ги издвојам само најинтересните работи што се случија на ова светско првенство.
Светски рекорд само еден и тоа во дисциплината мешана штафета, реално ова е млада дисциплина па рекорди и се очекуваат. Штафетата на Америка постави нов рекорд ама мора да се напомене дека до самиот финиш Холандија беше прва но Фемке Бол падна пред самата линија.
Фемке Бол, од трагичарка во првиот ден ј до најголем херој на последниот ден. Најпрвин освои злато на 400м со пречки па послем и донесе злато на Холандија на женската штафета на 400метри и тоа во каков финиш. Мераци е да гледаш како еден куп црнкињи со отворена уста гледаат како оваа млада дама ги поминува како од шала.
Холандија бележи огромен напредок во трчањето, од Дафне Шефер кога се појави пред неколку години до сега Фемке Бол. Очигледно инвестираат многу на тоа поле, слично како и Норвешка каде неочекувано почнаа да им собираат медали на Кенија и Етиопија.
Арманд Дуплантис, небесниот човек. Тоа што беше Болт, Исинбајева, Железни во минтатото тоа е он сега. Поставува резултати што другите натрпеварувачи не му се ни до колена. Го поседува рекордот во скок со стап со 6.21cm на отворено и 6.22cm на затворено. Сега проба на 6.23cm ама за несреќа не успеа. Видете ги само овие резултати, видете само кај се другите најголеми скокови. Освен Бубка, другите сите се под 14cm од него, Букба скокнал 6.14cm и тоа до пред Дуплантис да се појави важеше за нешто недостижно.
На кратките стази Ноа Лајлс од УСА е вториот послем Болт кој успеал да освои злато и на 100м и на 200м. Кај женските најбрза на 100m беше младата американката Шакари Ричардсон и таа се смета за надеж дека може да го сруши рекордот на Фло од 80ти, времето е пред нејзе. На 200м најбрза беше Шерика Џексон и тоа со второ најбрзо бреме на сите времиња 21.41 за само 7 стотинки поспора од Фло. Реално рекордот на Фло виси и можно е на наредни олимписки да падне.
Арденалинот беше на високо и на женскиот три скок (Ројас), фрлање кладиво (Таусага) и на машкиот скок во далечина (Тентоглу). Сите најдобри резултати беа постигнати во последниот обид.
Што да се очекува кога се прашање светските рекорди во блиска иднина? Нормално Дуплантис и скок со стап, женските 100м и 200м, машкото фрлање ѓуле и машките 100м и 400м со пречки. Во другите дисциплини за сега времињата и конкуренцијата е слаба.
Иначе што правел оној Железни, 98м во фрлање копје, оние јадниците вчера ги гледам не можат 90м да префлат а не па да го загрозат овој.