Немам намера да се вовлекувам во расправијата,само ме заинтригира постов.
Кажи ми ти мене....како си успеал да го разбереш анрахизмот , а тврдиш дека такво ниво на свест не постои.
или можеби постои....а тоа си ти.
Ме интересира како човекот успеал да си создаде идеја за постоење на тркало,помножено со 4,врз кое може да се стави голем рамен камен,каменот да се врзе за волот,на каменот да се стават убиените диви прасиња,потоа да се удри по грбот на волот со прачка за овој да тргне,патем носејќи ја новосоздадената направа за после-лов до селото.

Остварливото ги влече своите корени кај имагинацијата.Одтаму и почнува идејата,се развива како таква,се создава фабула,на чие остварување потоа се работи.
Значи,да го појаснам мојот арогантен колега

)):Не е дека таквата свест не постои,туку не постои во онаа рамка која се бара...не постои како колективна свест за да може да го исполни критериумот на "државно (не)уредување."
И кажи како некогаш , било кога , ќе постои општество во кое нема да се јават конфликти , за кои ќе има потреба од некој посилен да ги решава (тоа што денес владите го прават, покрај милион други работи).
Пак тука колективната свест влегува во игра.
Јас имам една поголема дилема.Анархизмот како таков бара целосно усогласување на целото општество во однос на одредени непроменливи принципи на тоа такво општество.Order in Disorder,Harmony in Chaos.Тие апории се озаконети метафорично и како такви бараат консензус од сите живи луѓе кои би биле субјекти на таквото општество.
А јасно е дека карактерно-идеолошко-духовната нескладност на луѓето е факт.Како таков мора и да се задржи,бидејќи не смее идеолошката индивидуалност и индивидуалноста во постапувањето да се става во втор план во име на некоја недоделкана идеологија.
Што ако некој човек или повеќе луѓе кои живеат во тоа општество сакаат ред,власт,парламент,претседател,полиција,војска,граници?Со самото прострујување на таа идеја се руши поентата на утопистичкиот анархизам(не овој кој го познаваме како обичен Хаос).
Тоталитаризмот е поблага форма на идеал од Анархизмот.Изгледа чудно,но самата слобода на мислата во Анархизмот,потцртана од повисоката свест која налага општо добро,побргу се закопува од оние револуционерни мисли кои срушиле многу тоталитарни режими.
Каде е свеста и слободата во свет во кој нема конфликти?Па макар и фиктивна,таа слобода,егото,желбата за успех и доминација над другите мораат да се задржат.
Не сме ние мравки.
Анархијата не е идеал.
Деградирање е.
Што ако некогаш контролата на некој природен ресурс одлучува за животите на луѓето.Кој ќе биде мужот да се откаже од сопствениот живот во името на другите (зарем таа напредна свест и совест , ќе има нишки на камиказа)...Поентата е што конфликтите се неизбежни.И треба некој што е во контрола на системот да ги решава, затоа што ќе се распадне целиот систем.тоа е тоа , каратко и јасно , не е се до свеста , често природните ресурси се извор на конфликти.
Фактички пример е Ирак.
Конфликтите мора да постојат за да човекот се челичи.За да стекне искуства и стане посилен,за да наметне конфликт и преку него се докаже.
Конфликтната природа ни е во сржта.Така човекот стигнал до овој степен на технолошка и духовна еволуција.
Да не беа Монголците,Кина немаше да има потреба да го гради Кинескиот Ѕид,кој потоа стана светско чудо.
Да не беа Германците,Советскиот Сојуз немаше со таква светлосна брзина да стане Суперсила и идеолошко Торнадо.
Да не беше Совестскиот Сојуз,Америка немаше да брза со својата вселенска програма.
Да не беше Израел опкружен со непријатели,немаше да мора да користи Спартански режим врз секое дете со познатата "Оваа земја е твоја.Оваа земја е Света.Ти и припаѓаш нејзе.Ако мора,ќе и служиш.Ако мора,ќе умреш за нејзе."
Конфликтите ги имало и мора да ги има,колку и да колатералната штета се човечките животи и судбини.Глобално гледано,конфликтот е исплатлив.Дури и со дисфункционален орган за регулирање кој наводно треба конфликтот да го минимизира.
Тапа е ова анархијава....дури од самиот почеток , се базира на филозофирање на нешто што се нарекува....shta bi bilo kad bi bilo,( да имаше баба муда ќе беше дедо )
"Shta bi bilo kad bi bilo" е всушност здраво размислување и многу често во филозофијата како таква.
Ама да баталиме лажни утопизми.Да размислуваме што би било кога би имале пари,како да дојдеме до нив,што да направиме со нив,па како преку тоа да добиеме уште пари,па да размислуваме како потоа со нив...па и тоа да го направиме.
Man should not be a hippie pussy.
Man must contemplate
Economy.
Толку.