Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не знам како можеа волку неспремни да влезат сезонава. Играа 7 утакмици за 1 месец плус две затворени и пак ко издишани балони се.

Sent from my 2109119DG using Tapatalk
 
Некој го спомна Барли преходно, али Барли игра доминантен фудбал за разлика од нас.
Имаме грст играчи кои треба да се ослободиме пред дс почнеме да доминираме со тимовите.
 
Последно уредено:
Нема потреба од шокови што сме изгубиле од Барнли. Обично у вакви утакмици играат младинци, со по некоја резерва од прв тим.
 
Нема потреба од шокови што сме изгубиле од Барнли. Обично у вакви утакмици играат младинци, со по некоја резерва од прв тим.

Морав :D

1692908288651.png
 
По Маунт веројатно и Шо повреден. Фром бед ту ворст.
По одличниот трансфер пазар во јули, август сме заспани. Ниту си заминуваат Хари и компанија ниту се носат нови играчи. Капак се двете лоши изданија и еве сега повреди на првотимците.
Имаат уште една недела да поправат впечаток.
 
Никаква енергија на терен против Вулвс. Умрени цело второ полувреме со Тотенхем. Две мускулни повреди уште во месец август.

Очигледно отишле во Америка да се прошетаат.
 
,,Сјаен" почеток на сезоната, барем да не си киниме нервите уште со време.
Автоматски споено мислење:

По Маунт веројатно и Шо повреден. Фром бед ту ворст.
По одличниот трансфер пазар во јули, август сме заспани. Ниту си заминуваат Хари и компанија ниту се носат нови играчи. Капак се двете лоши изданија и еве сега повреди на првотимците.
Имаат уште една недела да поправат впечаток.
Еве излезе и на официјалната. Неколку недели ќе е аут. Далот на лев бек ќе го гледаме сега.
 
Manchester United's Luke Shaw is expected to miss an extended period after picking up a muscular injury, per David Ornstein
 
Бајаги негативна енергија околу клубот на почетокот на сезоната. Трансфер периодот тргна одлично, за да она што требаше да биде шлаг на тортата, да биде фекален декор.

Во клубот сеуште се Баји, Ван Де Бек, Мегваер, Хендерсон. Играчи на кои не смета никој жив. За сметка на мртвациве, не може да се донесат играчи кои би помогнале на првиот состав.

Продажбата на клубот стои во место, Гринвуд аут. Не спукаа повреди... тренерот не може да му најде позиција на Маунт.

Fun times.
 
Кога ќе видам кој се уште е тука и какви изданија прикажуваат тие што играат, ме фаќа жал што го продадовме Фред.
 
Играчот не е крив ако не сака да си оди криви се тие што одлучиле такви договори да им дадат, зошто би отишол Мегваер у Вест Хем (не го сакам кај нас) ама зошто? За помала плата ли? И јас би седел на клупа ако се работи за мене и тоа за милиони, можеби лани можел подобар клуб да најде, премногу јавни преговори премногу хејт, као никој не го сака нека си оди, а се работи за професионален фудбалер, нуб ама искешираа 80м и толкава плата што значи дека се поголеми нубови и од него, сега што излегува ај плс оди си и играј у Вест Хем за помала плата јас друг некој да купам, со тие глупи договори самите ја скроија судбината и оваа ситуација во клубот.
Јас не знам како тоа добро сме почнале летово, луѓе ако не кликне фудбалерот уште првите две недели џабе му наоѓате оправдувања да се вклопил требало време бла бла, Маунт нема да го биде барем за позицијата што требаше да биде, таму до Касемиро се поставува прашањето зошто е донесен? Да ги труплираме флоповите претпоставувам.
Касемиро останува незаменет, недпволно поддржан и ако остане вака очекувам неколку црвени и неколку повреди од него и веројатно преселба у Саудиска барем така се надевам оти многу се труди а излегува будала шо игра со дебили покрај него.
Незнам дали само јас мислам така ама и се изгубила хемијата помеѓу играчите некако делуваат нервозно, немоќно, за разлика од тука некои оптимисти јас не сум оптимист за оваа сезона, а ако ги промени Тен Хаг и дојде до некое си 3-4место јас лично ќе бидам презадоволен.
 
Абе се од ова е точно, ама паѓање у несвес пошто младинците надополнети од Еванс, Дони, Мек Томинеј, изгубиле од Барнли, е смешно. Или па тука ептен се преценува младинската школа на Јунајтед, а пред месец дена истиве изгубија пријателска од факинг Врексам. Од овие што играле, еден ако има иднина во клубов ќе биде добро.
Ја цело време зборам дека управава што го водо клибот е најнеспособната. Не можеле да продадат играч. Па кога воопшто можеле? Кој ќе им го кипи Баи? Треба некој да е будала за овој 10 фунти да плати. Цело време е повреден, ама тука пола фан клуб беше за да му се продужел договор, да не си идел без пари. Кој ќе даде 35-40 милиони за Мек Томинеј? Едина игра што му одговара е некоја копачка средина, а сите гледаат у ПЛ да не играат така, одвен Шон Дајџ. Клуб надвор од ПЛ можат само да сонуваат дека би им понудил више од 15-20 милиони евра. Главоњата со таа плата никој нема да го купи. Скоро сум сигирен дека истиот проблем ќе биде и со Маунт за некоја година. Нема пари за трансфери, мораат да продадат прво нешто, бар такви информации пуштаат по медиуми, а има доста дупки за пополнување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom