Одлична констатација. Ја лани на мои 30 години, коа лупнав со колено дирек на ивица од цементна скала, па коа ми се преметна нога како Зоро да го потпишувам, и со цела моја 140+ килажа си наседнав нога и петица ми заврши во шупак, нит менискус нит лигаменти скинав, тоа се да ти било резултат на мојата физичка спремност. Тоа што сум играл модерни танци на мои 7 години, тоа што сум јадел 3/4 леб со еурокрем секое сабајле до мои тинејџерски години, тоа што лупам канцелариска работа последниве 6 години и напраив таков физикус што планирам ѕвонар да станам како хоби, тоа што лупам свинско/плескавици за ручек секој ден цел мој живот ме напраи во таква физичка подготвеност, мислиш апекс предатор сум станал. Ама ела објасни им на спортистиве...
.