Кај Петковски цела сезона се приметува дека формата му е во надолна линија, што е лош знак за играч во тие години. Го спомнав пред некое време во темата за Алкалоид дека ќе му биде голема грешка на Кире ако остане со него како прв избор на десно крило цела сезона и мислам дека баш ти и
@Vardarecc бевте со контра став дека бил најталентиран наш играч и дека морал да биде прв избор на таа позиција во Алкалоид. Лани на натпревари во наша лига имаше статистика 0/8, 1/6... со Вардар кога играа душа ми доаѓаше на место кога ќе се отвореше позиција за негов шут уште пред да го упати ударот зошто знаев дека ќе промаши, прелесно му ги читаа шутевите Томовски и Борко. Сезонава мислам дека уште поочигледно ќе биде тоа со нивните настапи во Европа. Може и очекувано е да паѓа затоа што сепак природно он е десен бек, на крило го однесоа само затоа што е преслаб физички. Транзиција крило-бек е полесна ама транзиција бек-крило не знам колку има успешни примери во ракометот.
Тука имам исто замерка за Раде, што на првенствово, кога сме веќе во ситуација да сме без десен бек, не се обиде ниту еднаш да игра со него на таа позиција и Белистојаноски на крило (или барем не начекав ниту една таква ситуација дур ги гледав).