10тина играчи се материјал за сениори, се надевам дека поголемиот дел ќе дојдат на то ниво. Ме радува шо играта ни се базира на систем а не на индивидуалци.
Ќе видиме тоа. Јас па баш и не сум голем оптимист од сениорска перспектива. Има доста интересни деца, реално скоро цел состав е солиден и полн со интелигентни и борбени ракометари, имаат иднина во ракометот, ама до кое ниво може да стигнат ќе видиме. Се надевам дека на толку опции барем неколку ќе го пробијат ѕидот - кој тешко е да се прогнозира моментално. Пред се ова е за 2004-2005 генерација (пак ќе кажам, најголеми таленти долгорочно мислам дека се пионерите во тимот Митев и Ристевски). Децава се веќе 19 години. На 19 години, изминатите години веќе некои се изборија шанса за настап во сениорите (Марко Митев, браќата Атанасијевиќ, Серафимов, Стојковиќ...). Да, факт е дека тогаш беше полесно заради дупката од генерации која ја пополнувавме, ама реално од овие сегашниве ниту еден не ми изгледа спремен ни за поширок список (од 20тина, за теоретскиот од 35 апсолутно може) во моментот, можеби идното лето.
Тоа што е апсолутно за пофалба е работата на Раде Стојановиќ во селекцијата. За ростерот имаше доста критики, но ете се покажува дека имал визија човекот за што му треба. Буквално го вади максимумот од талентот што му е на располагање. Дефанзивно толку организирана и креативна наша младинска или кадетска репрезентација, слободно можам да кажам никогаш сме немале. Ни приближно. 3-3, 5-1, 6-0 зони (таа 3-3 некогаш личеше и на 3-2-1), често менување, без да се изгубат децата - тоа е навистина добро подготвена екипа - во репрезентација е исклучително тешко секоја чест. Данска направи 16 грешки вкупно на првите 3 натправари (најмалку на цело првенство), а на мечот со Македонија, само на него направија 15 - скоро сите заради одбраната на нашите. Таква машинерија каква што се Данците ретко е исфрлена од ритам толку многу (да не грешевме ние самите, и да имавме многу подобар голмански ден, ќе имаат драстично помал број на постигнати голови Данците од тоа што им е вообичаено). Офанзивно остава доволно слобода, за да може течен да е нападот, иако реално и многу технички грешки се направија во овие 5 досега одиграни натпревари.
Генерално, ме интригира потенцијалната игра во два правци на пикерите: Карасманакис и Ристевски. Има материјал за сериозен ракомет во нив, мора да продолжат да работат квалитетно. Белистојановски е веќе доста добро крило, го надигра Петковски убедливо на ова првенство, според мене згреши Пелистер што го донесе Радивојевиќ, поарно ќе беше да го фрлат во оган во првиот тим малиот. Калајџиоски и Шулески се интересни, од поодамна ми имаат фатено око, ама реалноста е дека немаат некоја висина, па прашање е како ќе се снајдат во сениори. Треба многу снага, максимизирање на екплозивноста и едноставно вадење на максимум на секој милиметар од физикусот што го имаат. Имаат шанси, но реалноста е дека нив ќе им биде потешко (може лесно да се види низ што минуваат Серафимов, Митев, Димитриоски - играчи со слични проблеми од минатите генерации). Позитивно е што во денешниот ракомет е полесно да се успее со помала градба во однос на пред 10тина години, така што тука им е шансата. Димковски и Димевски ми се мистерија. Играат надвор од позиција, ама па и не знам на која позиција, можат да стигнат до сениорска препрезентација. Едниот е несекојдневен универзалец, кој стварно не знам како ќе се развива, другиот искрено и не ми фатил порано никогаш око, ама игра солидно првенство и можеби може да ги прескокне во развојот некои од другите (ако точно му ги избројале, 10 украдени топки има дечкото досега, тоа не е за потценнување).
Со среќа натаму, не чека тежок противник за пласман во топ 10, Унгарија, која тукушто ремизираше со Хрватска (а неочекувано изгуби од Португалија и место за медал ќе се брои за 9 место. Со Унгарија игравме на гости 2 пријателски пред неколку месеци - 2 порази, првиот висок, вториот тесен. Победливи се, но тешко ќе оди, секако ќе бидат тие фаворити....