Соопштение до јавноста
Почитувани Паткари, сограѓани, љубители на спортот и искрени поддржувачи на нашата светост Ф.К Караорман.
Веќе подолго време во нас тлее незадоволство кое мораше вака и на ваков начин да биде изразено.
На 100 годишнината од формирањето на клубот, истиот е доведен до раб на пропаст иако ни беше ветувано дека клубот е стабилен.
Од сето тоа добивме клуб кој не може да си плати котизација за втора лига и клуб кој неможе ни достојно да го прослави своето 100 годишно постоење.
Уште се појавија и сомнителни преземања на клубот, со уште посомнителни спонзори ,чии намери воопшто не се чесни и коректни према нашиот Карчо.
Поради овие причини навивачката група Паткари Струга реши да апстинира од бодрење на клубот од почетокот на првенството.
Одлуката останува на сила се до моментот на транспарентно примопредавање на клубот и увид на нас навивачите во долгогодишните планови и намери на новото или старото раководство и спонзорите!
Со почит:
ПАТКАРИ СТРУГА 1989
Прегледај го приврзокот 387175